Според мене не е покачена толку многу за да правиш некои дополнителни испитувања. Можеш по некој месец да направиш нова крвна слика и да видиш дали има некоја промена.
Здраво,дали некој се соочил со слична крвна слика? Направена е поради краткотрајна температура,докторите викаат добра е. Мене многу ми се мисла зголемените неутрофили,а намалени лимфоцити,иначе се работи за 3 годишно дете. Секако ќе повторам за некој ден ама до тогаш не сум мирна
Според мене ова е за блага вироза, бидејќи лимфоцитите се минимално намалени. И ЦРП е покачено, што укажува на воспаление, ама е минимално покачено. Како што ќе одминува настинката, крвната слика би требало да се врати во нормала.
Дали ова што е покачено, покажува нешто за вирус или настинка? Бидејки не се многу покачени. Не знам дали игра улога тоа што за два дена треба да добијам.
Ти благодарам на одговорот. Малку да е нешто покачено, одма мисли А веќе ми е срам да одам кај матичниот, затоа што не знам која по ред крвна слика ми е ова…ама анксиозноста си го прави своето.
Немој, одлична крвна слика имаш, јас со мн слабо железо и хемпглобин сум, лани и јас правев како тебе по 5 крвни слики во месец, може и повеќе, немој зошто немаш потреба, гледај насочи се на себеси, на хоби, на шетање, прошетки, и сл. Само така ќе почнеш да ја надминуваш анксиозноста.
Здраво, дали може некој да ми помогне да ги разберам резултатите, во позицијата кај еузонофили и седимент на урина.
Здраво, Ако може некој да ми помогне со читање на резултатите. Ја исчитав цела тема и кај никого не најдов слични резултати, т.е висок рез на леукоцити и лимфоцити, и намален на моноцоти Пред две недели имав болки во грлото и увото, примав антибиотик 7 дена. Денес направена крвната слика, а еве сега почна да ме гребе грлото. Дали може резултативе да укажуваат на нешто пострашно? Имам пострауматско и health anxiety по смртта на близок член на семејство од рак. Ви благодарам однапред за разбирањето и за оговорите
@Dzoka овие вредности не ти се страшни, ептен се на граница, не е ништо алармантно, можеби пак имаш или си имала некоја инфекција. Обрни внимание на холестеролот кој е покачен и како да го намалиш. Не се плаши ниту гуглај дијагнози, само лошо си правиш така, туку консултирај се со матичен доктор.
Убаво ти пишала членката погоре, ова не се вооошто лоши резултати, леукоцитите знаат и до 15 да се нормални, така да може и од настинката да се 10. Обрни внимание на високипт холестерол, промена на исхрана обавезно.
Покачена седиментација, кај мене 22, референтна вредност <12, што може да укажува? Сите останати вредности вклучувајќи холестерол, железо, леукоцити, гранулоцити, хемоглобинот итн одлични. Ќерка и маж со вирус, ништо чудно да фаќам и јас, ама немам јас време за анализа на симптоми. Секако ќе се консултирам со матичен и ќе правиме и екстра испитување ако е потребно.
Може да е и од расипам заб покачена седиментацијата, или брзо да си имала настинка, бактерија или сл. Не е страшно, ама види сепак со матичен.
Здраво некој да не знае да ми прочита Многу се загрижив, се работи за 7месечно бебе, поткашлува 3 4 денови ама не цело време туку после спиење изгледа му се слева па така се задишува од што го иритира. Ќе го носам на педијатар за некое време ама додека чекам да стане од спиење ..
Всушност пред некоја недела имав болка во грлото и во увото, меѓутоа најмногу се загрижив пошо забележав потечена лимфна жлезда на врат која се осеќа само на допир е и колку кикиритка. Кога направив крвна слика и видов леукоцити и лимфоцити покачени одма на најлошото помислив.
Не се секирај, добри ти се и леукоцити и лимфоцити не е ништо страшно, за жлездата би требало да е од инфекцијата и да се изгуби за некое време
Здраво, денес правев крвна и урино анализа, во крвта ми е зголемена вредноста на лимфоцити 25, железо 38.8, а во урината е леукоцити ++++. Дали знае некој за ова додека да отидам утре кај матичната втора смена е? Поздрав