Железото ти е прениско, консултирај се со матичен да видиш дали ќе ти прплрача со исхрана или може и некои суплементи да пиеш.
Не е опасно, мене ми се секогаш толку, ама се гледаат и други параметри. Од бактерии се покачуваат најчесто, не е за паника, има решение.
Никогаш сум немала проблем, на последниот систематски наработка пред 5 дена ми дојде резултат дека тромбоцитите ми се покачени а исто така и седиментацијата. Горна граница на тромбоцити пишува 400 ја има 413 а седиментацијата горна граница 120 ја имам 140. Има ли потреба од одење на лекар? Ве молам за мислење стварно никад сум немала покачени вредности на овие параметри.
Мислење за резултатов, посебно за глукозата, за седиментацијата, Т3 и холестеролот. Хипохашимото сум и првпат имам ваков резултат за шеќерот. На последно испитување ми беше 3.8, на ова е на горна граница. Секогаш се движел до 4.8 најмногу. Треба да правам дополнителни испитувања скриен шеќер пример и инсулинска резистенција или? Прашувам бидејќи консултирав двајца лекари и две различни мислења добив. Spoiler
Доколку ништо не си јадела 12 саати, и штом секогаш ти се движел до 4.8, мислам дека треба да направиш огтт. По препораки треба со глукоза од 5.6 да се прави огтт
Е како не. Во нормални граници и е нејзе. И 5.6 или 5.8 не е воопшто висок. Да беше 6 ка или над, па да се загрижиш ама вака не. Секогаш ми варира, добро, мене понизок од 4,5 не ми бил, иде и до 5.8, секогаш во овие граници се движи, над 5 најчесто. Не ми рекле дека гликемијата е висока. Безброј пати праам тромесечен, во нормала е. @DaisyDoo види тромесечен просек провери, не мораш одма ОГТТ.
@Mrs. right @Lavender4 Или било која друга што се разбира повеќе од мене. Во склоп на овој резултат ќе ги пишам и резултатите од урината, претходно ја заборавив. Кетониве не се добра комбинација со шеќерот? Spoiler pH (5,8-6,2) - 5,0 Специфична тежина (1,015-1,035) - 1,030 Протеини / Глукоза / Кетон. тела + + Уробилиноген / Билирубин / Крв (Er) / Нитрити / Леукоцити / Аскорбинска киселина / Седиментација /
@DaisyDoo Напрај, провери, баш да видиш како е. Да не си на некој режим на исхрана, кето на пример? И овие плусовите, што знам, можеби се трагови само и да не се значајни толку. За кетони да провериш има поверодостојни тестови. Вака во урина и за бактерии колку пати стоел плус и праиш уринокултура, не се детектирани.. И види, стварно таа гликемија воопшто не е за паники, нормална е, само ајде, викаш дека тебе понизок обично ти бил шеќерот. Цело време над 5 ми е, јас и терапија метформин пијам, никој не рекол ако се качи на 5,8 дека е висок. На ОГТТ ме пратија поради други видливи симптоми. И на тој тест гликемијата беше во ред но инсулинот превисок. Вајда и инсулин проверуваат со тој тест, заборавив како беше. Еднаш само иам праено ОГТТ, пред 5 години. А осеќаш нешто, глад, жед, непријатен здив, зачестено мокрење, замор? Spoiler @Lavender4 треба ли пак да се напраи овој тестов оптоварување со глукоза или доволно е тромесечниот? Тој на околу 6 месеци го проверувам и секогаш е нормален, и инсулинот на гладно. Уште со терапија сум. Поради ПЦОС ми се јави инсулинска резистенција, која еве откако сум почната со терапијава се регулира. Не ја укинуваат, а не знам зашто не, кога и доста поредовен циклус иам, тежината е релативно нормална и хормоните, освен некои од машките кои знаат малку да се покачат понекогаш.
@DaisyDoo јас имав исти вредности на крв и плус кетони во урина и испадна од дехидрираност дека е. ОГТТ ми беше со нормални вредности.
И јас сум со пцос, но немам инсулинска рез, но во пракса многу околу мене гледам штом има пцос веднаш даваат метформин бидејќи во многу случаи е присутна. На блиска другарка со инсулинска исто со пцос, исто пиеше метформин и после неколку години ослабе, се среди и огтт и беше супер и ѝ го укинаа, реверзибилна состојба е таа. Може да побараш да го повториш, штом викаш имаш подобрување на состојбата, поредовен циклус итн.
Да, одма ми дадоа, многу беше висок инсулинот и покачена тежина бајаги имав и други симптоми. Недобивање пола година и слично. Одма ослабев јас, за нецели два месеци 20 кила.. Не знам шо се дешаваше, никој не рекол дека волку и за краток период ќе изгуби толкава тежина. Многу интересно беше и вредностите се преполовија. На секоја наредна контрола инсулинот се понизок и понизок и остана сега околу 6, некад и помалку се движи. Ама на гладно, треба да се види и со оптеретувањето како ќе биде. Не го прекинуваат, стварно не разбирам зошто, нека се пие, безбеден бил, добар бил, неам гајле... Ко бонбони да се, а не метформин од 1000. И поише од 20 кг у минус сум од тогаш, не сум вратила таква тежина ко што имав. Вежбав, пазев на исхрана еден период. Језда се имав здебелувано низ годиниве но никако дебелина не беше, вишок неколку кила. Ми сметале па сум ги намалувала. Циклусот не дека најредовен е, не знам дали и може да се опраи скроз, не верувам. Моментално е редовен. Кај мене може и 6 месеци да добивам, ајде ќе закасни некој ден но добивам. Потоа да го снема 2 месеци или 3 па пак да се појави. И тогаш одма глеам машките хормони пак зезнати. Инсулинот не, од тогаш кога се среди да речам, се нема покачено.
Да, најважно е да се храниш правилно и да вежбаш или да имаш некаква физичка активност и да одржуваш нормална тежина. Може да предложиш да пробаш некој месец без метформин, па да пратите каква ќе биде состојбата со инсулинот и шеќерот..?
Можно да е од дехидрираност. Ти ги виде матичната резултатите? Исто и мене општиот матичен ми кажа од дехидрираност, дека јас слабо пијам вода. Ми кажа наместо вода чаеви без шеќер, ако можам Увин чај и Алвоген електролити.
Јас реално сум на многу лоша оскудна исхрана, со цел слабеење. Помалку во живот не сум се хранела. Посебно деновиве сум за никаде и за ќотек. Можда има врска и тоа. И ги покажав на матичната, не ми спомена ништо посебно нит околу кетоните нит околу шеќерот. Ме праша на диета си? Ѝ реков Да и толку. Воопшто не изгледаше загрижена, само ме посоветува да не се прегладнувам. А на кој друг начин се испитуваат кетони? Во бременост праев огтт, во ред беше. Пред 3 години негде инсулинска резистенција, ок беше. И јас сум со пцос инаку и некако ми се поклопуваат работи. Ги пратив резултатите на ендокринолог оти богами испаничив и дополнително блиска ме исплаши со муабетот дека ова е веќе дијабет, ендокринологот кажа дека шеќер под 10 не покажува на урина. Ја прашав да правам ли дополнителни испитувања, рече Не. Толку, доволно ми беше. Во иднина ќе испитам, не ми е проблем. @Lavender4 @kristina.k @Anyshka Фала женски за утеха и искуства. Чисто информативно консултирав ендокринолог.
Секако дека има врска. Ако си во кетоза, при кето диетата која е многу сиромашна со јаглехидрати, скоро ич не внесуваш, доаѓа до покачување на кетоните. Заради тоа реално и не се решив некад да се стаам на оваа диета. Што знам, колку добра толку и лоша ми делува. А, дека примамливо изгледа, тоа да, и убаво го топи вишок масти. Мораш балансирано и здраво да јадеш, гладување никако. Ќе ослабнеш ама знаеш дека и други проблеми може да се појават, така да не си играј. И преку крв се испитувало, со апаратче како за мерење шеќер во домашни услови. И преку урина со ленти. Ццц леле бе луѓево.. Уште и дијагноза ти поставила она, а нит знаат ни појма имаат.. Дијабетичарите да имаа ваква гликемија пресреќни ќе беа. Не верувам ништо да ти е, моментално ете покажало така, воопшто не е ни алармантно твоето, во граници е побогу..
Спортуваш нешто ? Иначе резултатот ти е ок. Шеќерот ти е ок. Ако е 2 бројки над граница е проблем. Ако си јадела вечерта или во последните 72 часа ако си внесила поголема количина хидрати обавезно ќе покажи благо покачен шеќер. Холестеролот ти е малце висок а можи да се покачи и од голема количина на хидрати и лоши масти,брза храна. Сето ова воопшто не е страшно. Намали малце со масти и сол пошто креатининот е благо покачен. Ако тренираш нешто и јадиш повеќе протеини тогаш е нормално.