Не тренирам ништо веќе некој период. Активноста ми се сведува на 8 часа пред компјутер, на работа. Инаку, да. Периодов се обидувам да симнам некој кг и апсолутно нездраво и нередовно се хранам, во живот никогаш полошо. Башка што ден пред испитување крв имав стресна ситуација и веројатно тоа придонело. Ќе проследам пак за некоја недела, до тогаш ќе сум попаметна околу исхраната. Фала ти.
Дали може некој да ми каже дали се работи за некоја инфекција, гледам доста променети работи во уринава? Додека отидам кај матичнста ептен во мисла ми стои. Бремена 24 недела сум. Ви благодарам
Можеби е старо мислењето , но бидејќи ме засега ќе ве прашам. При какви состојби се намалени. Бидејќи ќерка ми константно има намалени вредности на МCV i MCH сега e 3 години . Другите вредности се во нормала како црвени крвни, бели, хемоглобин. Впрочем до сега овде докторите ништо не ми рекоа само послено во Македонија докторката ми рече да ги пратиме тие параметри кои инаку и се 74 и 24. Инаку се избезумив читајќи по интернет. Детето има доста светла кожа и се ми се гледа бледа се опседнав од кога ми кажаа.
Ast и alt се поврзани со работата на црниот дроб. Ако си пиела антибиотик во скоро време или парацетамол претходниот ден, може да се само моментално покачени. Ова се вредности над нормалата, ама не се некои страшни бројки. Мислам дека треба да ги провериш пак за 2-3 недели, ако се повторно високи, консултирај матичен, веројатно ќе те упати ехо на абдомен да направиш.
Фала ви на одговорите,не прашував за мене за блиска личност мие,сепак станува збор за замастување на црн дроб и препишана е соодветна терапија.
Дали е загрижувачко горна граница на реф вредност на железо30 а мене ми е 32,пред една година ми беше23?
Не, зошто да е загрижувачко? Мене ми е 32.4 последен резултат После резултатот намалив со внес на витамински суплементи, бидејќи редовно пиев б комплекс, АД3, Ц витамин и цинк. Малце намалив и какао. Ќе се регулира само, крв е
Ај да слушнам мислење и тука...Истава крвна слика ми е веке неколку пати на секој 3 месеци проверувам, никој не ја сфаќа сериозно ама мене не ми е нормално хемоглобинот нон стоп да е под граница...лимфоцити зголемени, а леукоцити намалени...седиментација исто е над граница, не знам дали се гледа најгоре...А во меѓувреме сум на сериозно строг режим со нутриционист со антиинфламаторна исхрана, заради тоа што се борам со ендометриоза. Ќе ми значи секое мислење
Можеби нешто не ти одговара кај исхранава, чим вака ти е паднат хемоглобинот. И железото не ти е сјајно. Ова со леукоцити и лимфоцити е обично кога има некој процес, воспаление пример. Чим и седиментација е покачена, направи и црп, ако и тоа е покачено, ќе ти дадат антибиотик. А хемоглобинов можеби е и од исхрансвс или пак има некој процес па го бутка и него.
Мислење околу густа крв?Сабајле бев за крвна слика и таа што ме боцкаше рече дека мн ми е густа крвна и богами ме исплаши
И јас исто на брис негативно,а на крв 1660 ми препишаа апчиња Оспен и за 10 дена ми паднаа на 960 стрептокока е сигурно и ми рекоа да падне под 800 и ќе ми ги вадат крајниците ми рече докторот лани прв пат ме закачи на крајниците и поминав тешко и сега после година ипол ме повтори повторно бактерија инфекција на левиот крајник и уште потешко се опоравам ,така да уште малку да ми паднат и на нож
Алкохол, мрсна пржена храна, пиење антибиотик. Јади поздрава храна, физичка активност...има и апчиња силимарин ако се покачи над граница