Pokacen pdw nisto strasno ke se simne vo normala znacitelna nekoja virusna infekcija dali ste bili bolni pred nekoe vreme
Женски ве молам мислење? Имам грип некој, ужасно го поминувам. Матичната мисли ради тоа ми се ниски некои параметри (освен хемоглобинот, за кој ми даде терапија)
Osven hemoglobinot, site ti se na dolna granica, ne se nesto preniski. Skroz verojatno e da e od gripot a moze i kovid koj isto gi namaluvase leukocitite. Bi bilo dobro koga ke ozdravis da ja povtoris.
Феминки некоја да има искуство со покачено црп во бременост ? 22 ми е пред 2 недели ме болеше грло ама сега сум добра. Има ли место за паника ? Заб не ме боли друго сум се ок Фала ви за одговорите
Не знам кај да прашам, па овде. Што значи + кај протеини и леукоцити во мокрача? Породена сум пред скоро 3 месеци, а на последната контрола во 9ти месец се беше негативно.
Протеини во мокача (доколку реално се присутни) укажува на проблем со бубрегот и пропуштање на протеини кои во нормални услови не треба да ги има. Но ова многу зависи од лаборантот и квалитетот на лабораторијата , повторете ја анализата во друга референтна лабораторија. Претпоставувам дека тој + е само траги а не вистинско присуство на протеини но некои лаборатории го пишуваат како плус. Седиментација ретко е толку висока без други параметри на акутна фаза и крвната слика да се нормални. Каде ја имате правено анализата, во некои лаборатории се отчитува рачно додека на клиника имаме апарат кој ја отчитува прецизно седиментацијата и можноста за човечка грешка е сведена на минимум. Препорачливо е да ја повторите анализата во друга лабораторија.
Сопругот има накачено железо (43) и протеини и леукоцити во урина. Многу ми е чудно бидејќи минатата недела баш донираше крв, па ме чуди железово. Исто така беше и на интернист дента пред донирањето, правеше ехо на сите органи, бубрезите му беа супер на ехото. Аст, алт, креатинин се е нормално. Седиментација 2. Не знам каде да се обратиме и дали има простор за паника? Матичниот доктор не се замара реално никогаш со резултати. Дали можеби интернистот да го консултираме?
Станува збор за 3 можни состојби (од кои 1 е релативно ретка) 1. Циркардијален ритам , дали железото е боцкано наутро на гладно? 2. Грешка при земање на крв , доколку лаборантот/мед.лице кое зема крв не ја земе правилно крвта и постои хемолиза (распаѓање) на еритроцитите вредностите на железото се невалидни бидејќи дава нереален резултат често 2-3 па и некогаш 10 пати повисока вредност од реалната. 3. Проблем со метаболизмот на железо (многу ретко и најверојатно не е ова) Совет да ја повторите анализата во друга лабораторија.
фала многу ќе ја повториме, ни рекоа пред се заради протеините во урина, немаат смисла кога ги поврзуваат со останатите параметри кои му се добри. За железото ништо посебно не ни кажаа, само рекоа да продолжи да си донира крв неколку пати годишно.
Пред некој ден прашав за висока седиментација. Еве денес пак. Ако имате искуство со нешто вакво секако ке одиме на лекар
На крвната слика исто има покачување на вкупниот број на леукоцитите поточно на неутрофилите. Направете ЦРП , доколку и тоа е високо ова оди во прилог на некаква бактериска инфекција. Консултирајте се со лекар.