Женска, црп 93.7 е бактерија? Се останато освен железо 4ка е добро. Лимфоцити пониски малку и гранулоцити малку повисоки. 2 до 3 под и над границата се.
Ova za mene li se odnesuva nisto ne te razbrav ...gledam normalni se limfocitite kaj mene u granica na normala se zatoa ne te razbrav
Железо дефицитарна анемија. Слаб хемоглобин, слаб хематокрит, празни еритроцити железо 2ка. Покачените тромбоцити се поради анемијата. Промена на исхрана храна богата со железо да се зема. Поради тоа што пациентот има многу слаба крвна слика мора да се зема терапија за железо заедно со витамин ц минимум 3 месеци без прекин. Обавезна консултација со матичен лекар.
Фана, извини ќе се вмешам оти прочитав за тромбоцитите и железото, а јас секако барам одговори и мислења. На што се должат ниски тромбоцити кои движат од 120-140, а притоа железото, хемоглобинот се супер?
Не би требало ништо страшно. Привремено е или нон стоп е такА? Ако си имала вирус некој, па кога ќе оздравува телото тие се намалуваат. Ако си имала циклус во време на боцкање може да се намалени исто така. Од лекови може.
Нон стоп е така. Во бременост значително паднаа под 90, хематолог кажа дека е гестациска тромбоцитопенија и дека по пораѓај ќе се нормализираат. Ама моево нормално и 2 години по пораѓај е пак испод долна граница. Матична не ми изреагирала на таа бројка 120-140, ама ме плаши следна бременост како би била па затоа малку истражувам на темава, дали и какви дополнителни анализи да правам..
Искрено не би знаела во која насока да се движиш следно, ама едно знам, дека да беше сериозно досега ќе се покажело.
Уробилиноген 17, а Реф. Вредности 3.4. Билирубин нег. Што е ова Уробилиноген? Личноста е 75 години, пие доста лекови, сите други вредности се во нормала, само Уробилиноген покачен.
Уробилиногенот потекнува од билирубинот. Цревните бактерии создаваат уробилиноген, црниот дроб го рециклира и половина се исфрла преку бубрезите. Е сега ако црниот дроб не го рециклирал добро уробилиногенот, или има распаѓање на многу повеќе крвни зрнца од што може дробот да постигне или има апсорпција на некоја поголема модринка може да даде покачен уробилиноген. Ако црниот дроб е добар, нема некоја анемија, нема некој проблем во билијарното стебло не би требало да е некој проблем . Ова според мене, не сум доктор, матичниот што вели ?
Деновиве ќе оди на матичен со резултатот, ова е од испитувањата денес, се загрижив, па решив да прашам прво овде за да се намирам. Благодарам за одговорот.