Ај помош. Што е МHD, нормално е од 2 до 10, кај мене е 11.9, и гликозата нормално е до 6.11, кај мене е 5.51. Се мислам со резултатот од систематски да одам во фирма или нова крвна слика да направам не знам. Досега шеќерот ми бил 4.4 или 4.6 кога сум поверувала. Да не сум во преддијабет со ова?
Ако имаш јадено сношти доцна особено јаглехидрати или а си испитувала сабајлево, нормално да е повисок или периодов си била повеќе на јгх. Но не е страшно, 5.5 шеќер е сосема нормален. До 6.2 е толеранција.
Го почитував правилото да нема јадење по 16 часот, претходно пиев газирани, јадев благо. Туку тоа MHD што е, барав на гугл, вади некои дефиниции што не ги разбирам, тоа е покачено со 1.9. Ќе видам, може и ќе си направам нова анализа кај матичниот. Ова ми е од систематски.
Тоа MHD се вредности за црвените крвни зрцна, овај конкретно се однесува за густината на хемоглобинот. Матичните не ги ни гледаат толку. А шеќерот нормално е што тие толку пошто периодов си била на јаглехидрати доста, сокови, благо. Јас вежбач сум, и јадам ориз, а тој има висок гликемиски индекс. Пред оризот ми беше 4.7 со оризот 5.2 тој период. . Немаш шеќер ниту преддијабетна состојба, до 6.2 е границата.
Благодарам. Во фамилија никој нема шеќер, но нека помине малку време крв ќе проверам кај матичниот. Ова е од систематски. 8 дена чекавме резултати, екг правеа, едвај рекоа добро е, ги мрзеше да зборуваат, притисок мереа ништо скоро не ми рекоа, само чув 120, сега гледам во листата што ја пратиле во фирма, ни податок за екг, ни за притисок, и ај што требаше во затворени плика, да не ти гледа друг, ги донеле збирно. Не дека нешто кријам ама се гледа ги мрзело.
Здраво, едно прашање. Брат ми правеше крвна слика пред една недела и имаше покачени тромбоцити 440 и покачени леукоцити 11. Неколку години при секое испитување се или вака покачени или скоро на горна граница и двете. Матичниот лекар му кажа дека таква му е крвта дека не е сериозно но мене ме плаши а тој несака да прави подетални анализи. До сега немал никакви здравствени проблеми или да чуствува нешто. Супер си се чувствува и не осеќа ништо со што би бил загрижен. Ве молам за мислење
Тања дали се работи за дијабетес, предијабетес или акутно покачен шеќер во крвта не е доволна само една крвна слика на гладно. Ако претходно ти се движел околу 4 а сега оди накај 6 на гладно, можеби е акутно ама можеби укажува на инсулинска резистенција. Особено ако си склона кон јаглехидрати итн. На твое место би го повторила испитувањето за шеќер на гладно и обавезно hba1c. Пак ќе спомнам, можеби е акутно но ништо не те чини да ги направиш овие испитувања, многу е важно ако е навистина покачен генерално да си превземеш чекори со време. Поздрав.
Правев крвна слика денес,претходни симптоми што ги имав пред две три недели ми беа вртоглавица и голем умор кој не поминува и слабост,си помислив дека можеби сум анемична и земав помала доза железо со витамини,вртоглавицата ми помина и сега малку подобро се чувствувам но сепак секојдневно се чувствувам изморено,немам енергија.Гледам резултативе ми се добри освен белите крвни клетки,На што можат да укажуваат намалени леукоцити?
Ќе направам секако нова крвна слика. Ден пред земањето крв си јадев мрсна храна, благо, пиев газирано, иако по 18 часот почитував правило да не јадам и пијам. Инаку, навистина е битно човек барем еднаш годишно да си прави крвна слика. Денеска една стара сосетка отиде на лекар со големи отоци на нозете, имала затнати артерии. Претпоставувам со години можеби имала некој проблем што не покажувал симптоми, а од друга страна па и не можеш постојано само на лекар да висиш и крвни слики да правиш. Пред две години кај матичниот правев крвна слика, шеќерот беше 5. Порано ми мереле на оние акции низ град, кога те боцнуваат со апаратчето и ми рекоа нормален бил, 4.6. Значи пред 10 години бил толку, не знам дали со години вредноста се покачува.
Без разлика што си јадела претходниот ден, при здрав метаболизам брзо се обработува и глукозата. Е сега со годините при голем внес на јаглехидрати и оптоварување на панкреасот и особено ако нема некоја физичка активност доаѓа до инсулинска резистенција која што ако не се превземат мерки преминува во дијабетес понатака. Јас би ти препорачала да го направиш hba1c тестот и уште еднаш да ти видат на гладно. Тие крвни слики од систематски никогаш не ми биле некој репер, некогаш мислам и дека онака печатат без стварно да се испита. Мене ми се чини во денешно време секој трет има проблеми со метаболички процеси и инсулинска резистенција (а нема појма) затоа што таква е исхраната, се е полно шеќер. И во продукти што се сметаат за "солени" има шеќер, кај диетални продукти полно шеќер, нема каде не а наспроти тоа се помалку физичка активност.
Da Tanja se pokacuvaat vrednostite toa doaga so godinite pred 10 godini si bila 29 godini sega si 39 I ne lazi deka nemas 39 bidejkji imas pisano mislenje vo April 2012 godina deka imas 26 godini od togas do sega se pominati 13 godini znaci sega si 39 bev malku detectiv I otkriv ne treba da se sramis od godinite treba so gordost da si gji nosis.
Се испитав, ни дијабетес ни преддијабетес немам. Само паничам, но подобро е човек да спречи отколку да лечи или да не може да излечи.
Леукоцити во урина 75 кај дете ? Останата крвна слика уредна ? Симптоми температура што ја симнува не премногу висока. Според останатата крвна слика др се симнева дека може да е случајно испаднат таков резултат и да повториме за неколку дена. Премногу сум вознемирена
Можно е да е инфекција на уринарен тракт, убаво ви кажала др. почекајте па во вторник направете повторно урино култура, следете симптоми на детето до тогаш, можно е и неправилно да е земена урината, и да е инфекција има посебни антибиотици, не се секирај мајка.
Некој вирус е ова. Јас имав слични резултати. Добро е што си ги имала тие симптоми. Јас полошо поминав.
Kolku vreme vi traat stomacnite virusi ? Dvete deca se so virus vekje nekokku dena vo fazi povrakjanje pa temperatura i sega nekolku dena dijarea