Ниски лимфоцити високи гранулоцити другото е се добро.ми дадоа антибиотик? На што укажуваат овие резултати?некако мислам дека матичната дава антибиотик за се.два дена пред крвнава слика бев со ниска температура и болки во тело...
Ова често укажува на бактериска инфекција, поради тоа ти е даден антибиотикот. Многу отстапуваат вредностите или? И дали е црп во ред?
Консултирај се пак со матичната околу антибиотикот, не ти знам медицинска историја, ама можеби и не треба антибиотик, сепак послушај доктор како ќе каже.
Здраво. Многу сум загрижена за седиментацијата. Матичната ме откачи со, ќе провериме за месец. Инаку урината ми е многу бледа и кога пијам и не пијам вода последните 4 дена.
Низок ти е и хемоглобинот и МЦВ, што често знае да укажува на анемија, и седиментацијата може да е висока поради тоа, ама може и да се работи за воспалителен процес, па дури и од расипан заб се качува седиментацијата, ако немаш симптоми следи ја сд. Ама гледај подобри го хеноглобинот, со внес на железо во храна, па за некои си две недели провери седимент повторно, ќе видиш како ти е.
Крвна слика со упат е 28 денари секаде а ЦРП не оди со упат т.е матичен лекар не може да креира упат за ЦРП. На приватно е околу 300-350 денари зависно така да се на се околу 400 денари.
Zdravo na 5 dekemvri navecer go prekinaf antibioticot Augmentin ama sum seuste umorna Sila nemam sa nisto koga moze da napravam krvna slika
Здраво имам долгогодишен проблем со анемиа,на матичен лекар ми вика железото е слабо ама на последната анализа на крв железото е нормало,а хемоглобинот е низок цело време,чувствувам замор,губење здив,несоница,па ако имал некој сличен проблем ќе го молам за совет за некој добар доктор хематолог.
ќе си појдеш на хематологија, таму ќе ти направат анализи, веројатно ќе те препратат на ману за молекуларна дијагностика за бета таласемија. Мене на тоа ми личи.
Како што кажа членката погоре , оваа крвна слика не укажува на железо-дефицитна анемија туку најверојатно на блага форма на бета таласемија (beta thalassemia trait). Железото , трансферинот и TIBC ти се нормални. Доколку се работеше за железодефицитна анемија обично пропорционално на хемоглобинот и MCV, ќе беа намалени и еритроцитите а од биохемијата ќе имаше ниско серумско железо , низок феритин и високи вредности на TIBC (тотален капацитет за врзување на железо). Ова е честа генетска состојба која ја има доста каj значителен број од популацијата само не секогаш се открива и прави тегоби. На клиника за хематологија побарај некој хематолог таму е базата и сите хематолози се добри , нема некоја значајна разлика бидејќи сите се водат до протоколи за хематолошките состојби и заболувања.
Немој да се клукаш со суплементи на железо. Можеби не е проблемот внесот на железото. Појди на доктор, побарај дополнително испитување на железо во серум и феритин (залихи на железо) за да се види за каков тип на анемија станува збор. Докторите најчесто препишуваат суплементи со железо, оти ги мрзи да размислат, па за жал мора сами понекогаш да иницираме конкретни испитувања.
Фала ви на сите,во право си цело време само железо ми препишуваат,крвната слика иста,или се мрзи или не се стручни.
немаш дефицит на железо, барем не според овие резултати. Доколку имаш бега таласемија, дијаметарот на црвените крвни клетки им е помал и аналогно на тоа врзуваат помалку хемоглобин, па затоа хемоглобинот е низок. Затоа и MCV, MCH и MCHC се ниски.
Знае ли некоја да ми објасни и ова, матичната ми вика имам бактерија у желудникот , почна да ми пише терапија јас и реков не сакам , нема да ја пијам зш мене желудникот не ме боли нит ништо , ит ми смета месо, сирење благо, газирано кои ми ги забрани а јас ги јадам и не ми прават никаков проблем И тоа ме интересира ми провериле ли CRP ил само пари ми зедоа? коа ме пратија да проверат ми напиша 47 завпроверка а на резултатите има само 43 и со партиципација од фондот ми наплатија 2150 ден , јас мислам ме украдоа, на мајка ми пред тоа 200 ден и наплатија мене 2150? Инаку ова на сликата ме интересира за таа бактеријата и CRP