Да читам , нешто 8 а потоа негативно па ме буни , но немам симптоми ниеден што читав по нет А тоа црп нз дал проверувале не пишува колку е нормално
Па пишува, помалку од 10 треба да е, тебе ти е 2.5. Негативен е рефрентна вредност. Тебе ти е позитивно. Се појавил после 8 минути резултатот, што не значи дека е страшно.
PCT ми е 2.99 а вредностите се од 1.08-2.82. Докторката ми рече добри ми се резултатите ама мене ме копка кога видов дома. На интернет пишува нешто инфекции а јас немам пневмонии и такво нешто. Кој ѓавол ме тераше да гледам во листот Треба ли нешто да преземам анксиозноста во мене проработи, одамна не е била на сцена
Висок TSH а низок естроген обично е проблем со тироидната - хипо. Каде ја правеше крвата анализа на приватно или во државна?
Ензимите во црниот дроб ast -alt. Имаш мало замастување на џигерот али не е ништо опасно. Малку пазење на храна и ќе се среди. Еве пример моја крвна анализа направена од пред 4 дена. 6 години јадење само месо и Кока-Кола секој ден.
Класик бодибилдинг. Ама работата излезе од контрола. Наместо умерено внесување на храна премина во неодговорност јади легни и помалку тренинг. Движење скоро ич и крвната слика попара. Сакам да посочам дека исхраната е многу битна за крвната слика.
Исхрана и активност, многу битни за добра крвна слика. Си ветив дека барем еднаш годишно ќе правам крвна слика. И направив 2 годинава, шеќерот ми беше 4.8 и 4.9 на второто, нормални маснотии, иста вредност и на двете тестирања. Помалку газирано, грицки, сувомеснато и раат. Додуша не паметам кога последен пад сум јадела салама, колбаси, кога сум пиела газирано, има месеци, можеби и година. И гледам луѓето почнаа да земаат крвни слики, да не чекаат ред кај лекар, ги бараат резултатите на мејл, сами си ги читаат, бараат чат гпт да им анализира. Не може така. Мислат дека висок холестерол ќе се среди со некои мали промени во храна, а над одредена вредност, си требаат лекови. Исто слушнав глупости, човекот имал вишок железо над нормала па мисли дека му е од јадење салати.