ASAT 50,3 ALAT 98,0 Резултативе се на мажот ми. Матичната ни рече дека се покачени од премногу лекарства. Последниве 3 месеци постојано е со терапија со антибиотици. Можно ли е да се од тоа покачени или да си одиме во понеделник на ехо? Ме фати паника читајќи по интернетов.
колку што знам јас се во граница на нормала. види леукоцитите дали ти се над 10? rdw ili pdw? види точно
RDW - Red Blood Cells (еритроцити/црвени крвни зрнца) Провери поради која причина ти се намалени еритроцитите, да не имаш некоја анемија. Ако си ја правела анализата кратко време откако ти завршила менструацијата, значи се е во ред, се случува да фали малку железо или Еr да се намалени.
Ако мора да продолжи со лекарствата уште подолго време, појдете и на ехо, да се води редовна контрола на срцето.
И леукоцитите ти се во поголемо количество, а тоа со епителот значи дека имаш покрупни парчиња кожа во урината. Заедно ++ епителни клетки со 8-9 Le се сретнуваат после некаква настинка, може и пообилна менструација независно од бројот на леукоцитите. Како и да е, не е ништо сериозно, покрупниот епител е честа појава кај женски.
ima nekoj sto ima poim za pokaceni trigleciridi, 2 godini veke mi se pokaceni od 3 do 6 mi variraat, nekoe care ?
Омега 3 земај, би требало да помогнат. Незаситените масни киселини помагаат во нмалување на триглицеридите и холестеролот. RDW не се еритроцити, RBC се еритроцити. Ова е некоја друга вредност, некој сооднос на крвните елементи со плазмата, ама не се сеќавам што точно беше. Матичниот лекар не ги протолкува резултатите @anaja1 ?
Да не ти е низок хемоглобинот? На брат ми му беше над граница и MCV му беше повисоко, нешто е поврзано со односот на хемоглобинот и хематокритот. Исто и другите две се поврзани со хемоглобинот.
Низок ми е 113, а црвени имам 5,46, а бели 7,0. Така ми е еве 2,3години а матичната ништо не ми дава, ми вика само природно, сум имала црвени ама слаби биле со железо, не сум била за да земам железо, а серумското ми беше последно 11,9
Ovie parametri se vo vrska so goleminata na crvenite krvni kletki i kolicinata na hemoglobinot vo niv. Nivnite niski vrednosti indiciraat anemicnost @elenaeli22 . Obidi se so aronija na prirodna baza da ja ojacas krvta. Sekoj den po 10-15 zrnca.
@elenaeli22 е па од тоа ти се пониски, а во ред е природно да се одржува ако ти е на граница ама тебе хемоглобинот ти е под граница, инсистирај да пиеш нешто. И црвените ти се на граница колку што знам.
Супер ти е крвта тогаш, во тој период се случуваат секакви промени, тебе крвната слика едвај може да се каже дека ти варира. Повеќе на притисокот обрни внимание, сеа ќе почне да ти се менува.
Во право си, избрзав, не ги запазив кратенките, едно глеам друго читам Ова беше за волуменот на еритроцитите или дијаметарот, нешто околу големината. Сепак нивната намаленост има врска со анемија. За тоа @anaja1 д-р треба да те прати на понатамошни испитувања ако смета дека е проблем. Види како стоиш со витаминот В12 и железото, тие имаат улога во големината на еритроцитите.