Дечки во резултативе РСТ ми е 0.154 а нормални граници се 0.200 / 0.500.... Меѓу другото и протеини во урина и бактерии и песок .... Фала однапред
Што значи јака хемолиза? Штотуку ми ја утврдија, а обележана е како K-C. Ц реактивен протеин ми е покачен од претходно, 0,8 ми е сега. Зголемени леукоцити и намалени еритроцити. Совет?
Хемолиза е разградување на еритроцитите и е нормален процес во организмот, а може да биде премногу изразен од повеќе причини. Ако си немала претходно ваков проблем, можно е да е поради некои лекови. Ако црп ти е покачено без зголемен број на леукоцити, конкретно гранулоцити, укажува на присуство на вирус. А ако се покачени и леукоцити (гранулоцити), тогаш во организмот е присутна некоја бактериска инфекција. Од друга страна намалениот број еритроцити може да укажува на некој вид хемолитична анемија, доколку тоа трае подолго време. Добро е да се повторат испитувањата и се што е неопходно, подетално да се испита во консултација со специјалист хематолог.
И јас планирам да ги повторам, вчера дека ми се слоши вечерта морав на ургентен (токсико) затоа што прават и навечер лабараториски испитувања на биохемија и докторката малце така ми беше, кога ја прашав за хемолиза што е, ми одговари; распаѓање на крвта, немај гајле Ич немам гајле, саат време око склопив... Пак ќе ги повторам, ама овојпат кај лаборант што го знаеме, пошто ракава не можам да ја мрднам, многу лошо ме боцнаа. А во меѓувреме ќе пијам повеќе природни сокови, витамини. Фала ти многу!
Дали ќе може да ми каже некој што знае повеќе за железото? Бев на испитување за крвта и резултатите испаднаа супер, освен железото. Лани железето ми било 27, а сега ми е 4. Што е релативно мн намалено. Ми даде докторката да пијам два сирупа и ми вика да не се надевам дека одма ќе ми се накаачи железото. И од што би можело да се намали тукутака железото? А и
Што може да предизвика нагло пагање на железото? Секогаш сум имала над 20 дури и над референтни вредности, баш пред месец дена ми беше 26 а сега ми е 8. Хемоглобин и други параметри во граница на нормала.
Не знам која крвна група сум. Сум правела анализа на крв повеќе пати, но дали се прави посебна проверка за да се утврди крвна група?
Во анализата на крвта ми рече докторката дека 104 ми е хемоглобинот,ги слушнав препораките,во ред,ама си реков да прашам...не е загрижувачко нешто ова 104 така?
Низок ти е, знак за анемичност. Земај витамини, најдобро Б12 или преку исхрана ... месо, салати, посебно цвекло ... Да не се повторувам, знаеме која исхрана ја подобрува крвната слика.
devojki ako ima nekoj losa bolest primer rak dali ke se pokazi na krvta toa? mislam na sedimantacija pokacena ,leukociti pokaceni ?
Здраво, доколку има забрзана седиментација за четири пати од нормалното и има бактерии во урина исто тука пишува во урината 2-3 Ле и 1-2 еритроцити, а другото што е железо, хемоглобин,еритроцити, леукоцити, тромбоцити, холестерол и слично се е нормално во крвната слика. дали некој знае да ми каже дали има некаков посериозен проблем и зошто е забрзана седиментацијата а крвните зрнца се во нормала?
Kolkava ti e tocno sedimentacijata? Postojat mn pricini za nejzino pokacuvanje Od rasipan zab,reuma ,infekt do mn polosi dijagnozi.
Не е за мене туку за мојата мајка, седиментацијата пишува дека е 45 и пишува дека има бактерии во урина и таму кај урината пиши дека има леукоцити 2-3 а еритроцити 1-2. Можно е да и е покачена седиментацијата заради тоа што има бактерии во уринарниот тракт, ама не сум сигурна па си реков да прашам некој тука што повеќе знае и е поискусен во тие работи.
Па нејзинaта матична нели и ги кажа резултатите, да објасни што како е? Бидејки јас овој месец си проверував крв го однесов реузлтатот кај матичната и таа се во детал ми кажа дека се е ок.
Нека направи уринокултура да се исклучи бактериска инфекција. Ако нема, тогаш барајте друга причина. Џој ти кажала што се може да предизвика висока седиментација.
Направи и има бактерии во урината, ама плус и е покачена седиментацијата незнам од што, можеби поради тоа што има бактериска инфекија.