Анатомски/ортопедски влошки за чевли

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ванилала, 13 јануари 2018.

  1. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    5.229
    Пол:
    Женски
    Дали имате користено некогаш? Од кои сте најзадоволни, кои би ги препорачале? Од каде сте ги купиле? Дали чувствувате некоја промена во нозете или сепак мислите дека се џабе фрлени пари?
    Како да се намали болката во нозете од предолго стоење?
    Верувам дека темава ќе биде од корист со цел подобро здравје.
     
  2. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    242
    Јас имам болки во стапалата , цел ден сум на нозе. Се мислам дали да ги купам шол гел актив влошките:?:
    Девојки споделете искуства ако ги имате користено.
    201.jpg
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17.886
    Допаѓања:
    150.573
    Пол:
    Женски
    Ако имаш работа со стоење, најтопла препорака од мене ти се Скечерс патики или балетанки со мемори пена. Вредат за парите. Јас откако ги имам, се преродив, болки во нозете/петиците немам, исто и половината не ме боли како пред нив после работа.
    А за влошките на Шол, мм ги зеде, ама работата му е повеќе со седење. Тој ги зеде заради тоа што има рамни табани и не може да носи чевли без влошки. Тој вака е задоволен, ама не нешто воодушевен. За работа со стоење не знам како би се покажале.
     
    На Inhume и joy1 им се допаѓа ова.