1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Англосаксонци - ЕУ скептицизам - Ретро

Дискусија во 'Политика и настани' започната од tinan, 21 јануари 2012.

  1. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    АНГЛОСАКСОНЦИ ПРВ ДЕЛ

    Нивната култура.
    Нема Цркви, нема водоводи, нема виа игнација, нема пишан збор, нема живопис.
    Два вертикални камена и еден хоризонтален одозгора. Тоа се вика Стоун Хенџ. Капацитетот е толку. Од каде излезе само Шекспир? Стварно не ми е јасно? (според некои теории има еврејско потекло).

    Нивната нација.
    По освојувањето на Бритања, кога Римјаните ги затресле дрвата, од нив попагале Англосаксонците. Дали ваквото насилно прерипување на чекор во еволуцијата е причината за екстремната агресивност на ова племе.
    Трагите на Римската империја тука и таму се неспоредливи. Од што доаѓа толкавата резистентност кон култура?

    Нивната религија.
    Паганска. Да не е прогласено христијанството за званична религија во римското царство (со декрет) и ден денес Ќе беа пагани. Кои се последиците од тоа кај просечниот англосаксонец?
    Согледување на проблемот од аспект на Римски император:
    Ако сакаш (со овие колку толку) да вледееш, наметни им религија. Не по пат на апостолство или култура и писменост како Што е случај со нас, него со сила.
    Е сила е нешто што овие брзо го учат. Градиш колонијална (Британска) империја кога имаш супериорна поморска флота. Со равни или приближно равни на себе, тргуваш, а останатите ги експлоатираш и им праќаш мисионери за да ги убедат колку таа експлоатација е убава и дека на тој начин се прима култура (нивната, се разбира).
    Поука: Родителите, злоупотребувачи на сопствените деца, и самите биле злоупотребувани од родителите.
    Што со оние што веЌе го примиле христијанството. На нив ќе им пратиме мисонери, но ќе им продаваме демократија. (опиши им го парламентот од времето на магна карта)
    Да не заборавиме. Владетелот (монархот) е и црковен лидер кај Англосаксонците. Политика, религија или воена сила е работа на избор на монархот.
    Какви траги оставило христијанството кај Англосаксонците може да се согледа од начинот на ширење на христијанството кај нив, односно од начинот на кој тоа било спакувано за да биде прифатено. Прифатено или во некоја рака може да се каже толерирано, но не и вкоренето, вдуховено.
    Ние, Римјаните ви ја даваме библијата. Бидејќи незнаете и несакате да се описмените, (факт е дека со латинскиот биле скарани) толкувањето ќе ви го дадеме ние. Точно е дека го разапнавме спасителот на крст, но него го предадоа Евреите. Не фарисеите, не ние, туку Евреите. Заборавајки да нагласат дека и Исус бил Евреин, неговите апостоли исто така, а во крајна линија и оние кои го следеле биле Евреи. Меѓу првите христијани (од Павле) се и Евреите.
    Кога на овој начин се пакува, се пропагира религија, нормална последица кај подпросечен интелект, по пат на упростување да се извлече погрешен заклучок. Треба да ги мрзиме Евреите, а не Римјаните.
    Римјаните си отидоа, но омразата остана.

    Наравоучение:
    Антисемитизмот влече корени од начинот на кој е ширено христијанството. Намерно не го употребувам терминот прифаќање затоа што за тоа во конкретниов случај не станува збор. Само подсети се каде се најголемите погроми на Евреите.(Шпанија, Германија...).
    Ова може да ги осветли и мотивите на Британската влада за формирањето на Еврејската држава:
    Дајте им парче пустина. Ќе идат таму и нема веќе да ни сметаат. Една проста равенка. Во Израел сега живеат околу 6 милиони Евреи. Во концентрациони логори или на друг начин, Хитлер убил 6 милиони Евреи. Разликата е само во методот. За нивните мотиви просуди сам.
    Тоа што кај нас нема антисемитизам, ако на овој начин се гледаат работите и не е толку чудно. (Позади случајот со скрнавењето на еврејските гробишта во Битола се локални скинхедси. Ах пак тие англосаксонци и нивните субкултури).


    АНГЛОСАКСОНЦИ ВТОР ДЕЛ

    Нивната историја.
    Поради недостаток на писменост, се темели на усни преданија. Крал Артур, нешто како наш Крали Марко.

    Конфликти.
    Постојани. Кога технологијата не овозможувала патувања на поголеми далечини, се тепале меѓу себе. На тој начин се одржува борбениот дух за вековите што следуваат.

    Крстоносни војни.
    Пилот проект за светска доминација.
    Причина. За да имаме малку мир дома, најекстремните кавгаџии прати ги кај друг да му го загорчат животот. Зачини го тоа со верски фанатизам и имаш крсоносна војна пар екселанс.
    За новопечен христијанин, нормално е дека центарот на светот би бил Ерусалим.
    И нормално, што со него кога Ќе го освојиш. Па ќе го запалиш, се разбира.
    Историјата почнува со нив. Да не се родел Христос ни ден денес не би го броеле времето, не би имале календар.

    Темен среден век.
    Ако на нив им бил темен, аналогно на тоа, темен бил за целиот свет. Како во тоа време да немало и други култури.

    Чумата во европа.
    По крстоносните војни доаѓа чумата. И ден денес не е точно познато што е чумата. Се смета за искоренета.Најлогичното објаснување (кое повторно е од англосаксонски извори) е дека појавата на чумата е последица на настанување на големи центри како последица на зголемена трговија (градови) без урбанизација т.е без водовод и канализација. (бре, ништо не научија од Римјатните) и следствено на тоа – незамислива нехигиена. Нехигиената како логичка причина за чумата и можам да ја прифатам.
    Историски факти кои не се од англосаксонски извори. Еврејските заедници во Европа од тоа време не биле покосени од чума. Тоа го објаснуваат со фактот Што евреите од тоа време се бањале еднаш неделно, за Шабат, а христијаните еднаш годишно, за Велигден. (Цел Лувр нема ниту едно купатло, ниту кенеф, по наШки).
    Што ако теоријата за нехигиена не е точна? И денеска има делови од светот со огромна нехигиена и наезда од глувци, а сепак нема чума.
    Што ако чумата е порака од свевишниот? Зошто баш во тој историски контекст? Зошто по крстоносните војни? Да небила таа, дали би имало нови походи на Ерусалим?
    Кога можело потоп, зашто да не и биолошка војна дирекно од творецот. Избраниот народ не бил зафатен, а другите добиле неколку векови за мирен просперитет.

    Последица од чумата.
    По големиот помор во Европа како последица од чумата има цели царства во кои нема ниту еден писмен.
    Работите треба да се гледаат од друга страна. Не дека чумата е причина за неписменоста, туку чумата ја искоренила и онака слабата писменост.

    Богомилите.
    Единствен извор на писменост во тоа време се богомилите. По нивниот прогон, преку Сицилија стигнуваат во западна Европа каде го шират своето учење и се единствениот извор на писменост. Тие се нишката благодарејќи на која Европа добива втора шанса за описменување. Да небиле тие можеби европејците не би ни знаеле дека ги погодила чумата. Не би имало кој тоа да го запише. Можеби темниот среден век би им бил ептен темен. (морам да најдам и да прочитам нешто повеЌе за богомилите. Темата е интересна).

    Нивното обединување.
    Никогаш по пат на продуховување, описменување, култура. Секогаш со меч.

    Нивниот парламент (хаус оф комонс)
    Позицијата е лево, опозицијата е делсно, спикерот е челно. Меѓу позицијата и опозицијата е простор за мечување каде Што со меч биле градени политичките компромиси. При реновирањето на собранието не е водена сметка за овој факт. Во сегашните услови, ваква организација на парламентот би била многу практична.


    Пишувано за врема на војната, нема врска со денешниот натпревар. Колку да се знае.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јасна ми е историјава на Англосаксонците, што, како, зошто.Зарем ЕУ се состои само од англосаксонци? За време на која војна е напишано? Начинот на владеење нема врска со сегашниов, мислам многу понапред е отидено и со сосем други начини.Не разбирам што и која е темата тука???
     
    На daylight и antilla им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ни мене не ми е јасно што е темата. За хигиената не се согласувам дека не била фактор при епидемиите,
    Ги спомна богомилите, нив ги ценам мошне многу, токму тие учеле дека Бог не им испраќа на луѓето неволји туку тие самите себе преку приклонување на богот на злото(ѓаволот). Европа а особено балканот не се свесни колку многу ќе беше поубав, подобар и помирен животот да ова прахристијанско движење не беше сотирано од страна на православната но и католичката црква која во соработка со тогашните власти ги убиваше и протеруваше - но тие се друга тема и веројатно за друг за друг форум.

    А денешните британци ми се многу интересни но понекогаш и смешни. Имаа многу харизматични политичари, но на секое царство или друштвено уредување порано или подоцна му доаѓа крајот, еден ден - порано или подоцна тоа ќе биде и со англо-саксонското, но и со другите. Сè што човекот создал а не е божествено е минливо(тоа го знаеле и спомнатите богомили)
    Се надевам до тогаш ќе стигнам да ја изнашетам долж и попреку Британија како турист а после мене, може потоп :D

    Rule Britania:
    http://www.youtube.com/watch?v=1XPHL4Q86t4
     
  4. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    А од каде пак сега главна причина за евроскептицизам треба да бидат Англичаните?
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Имаат традиција уште од крајот на 80`те. Еве ја тогашната британска премиерка Маргарет Тачер, позната по прекарот челичната Лејди што велела(и предвидела):

    овде зборува за еврото:

    http://www.youtube.com/watch?v=vZZf7cLhPG8

    овде за мега-државата ЕУ која според нејзе е чиста утопија:

    http://www.youtube.com/watch?v=QoTXV-lySw0
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Фала за видеата, досега не сум ги сретнала.
    Ама друг ми беше муабетот и се однесуваше на воведот во темата. Каква врска има нивната пред-државна историја со современиот евро-скептицизам, мислам дека се разбираме. Поголемиот дел од она што е напишано и онака се само навреди кои немаат основа а уште помалку поврзаност со ова денес. Изгледа се нацистички изјави од Втората светска војна, така да нема што да се споредува.

    И ова некаде да го споменам, едно време (а и се уште во одредена мера) им се восхитувам на Aнгличаните заради нивната итра политика по која се познати историски.