Прашање не само за женски туку и за машки: дали имате страв од мажи? Има луѓе кои се плашат од мажи, односно ги фаќа фобија. Најчести знаци на исплашените се трепет во гласот, ситно тресење, неповрзана гестикулација и слично. Страв или фобија, се плашат од мажи. Сакам да се развие дискусија во тој правец и, да се одгатне, што е тоа што им создава страв на луѓето при случаен контакт или комуникација со мажи.
Случаен минувач можи да предизвика страв само ако, нели, допира, ме гледа непријатно во гради, газ и сл. Тогаш ќе ми биди страв, шознам шо ми мисли и шознам шо чоек е? Физички посилен од мене - можи да ме силова. Непознат човек кој ме бара на кафе преку социјална мрежа. Не го знам, шо знам шо можи да ми напрај? А од мажи не се плашам, не од тие шо ги знам. Другари, роднини, дечко, брат, татко. Ни од непознати, сем ако нели, не ми пуштат таков "вајб".
Па секакви има, слушаме секој ден. А колку што може манијак да ми наштети толку може и некој од фамилија или дечко ми. Мажи се и тие и тие.
Фобија е нерационално и неоправдано чувство. Чувството дека некој маж е сумљив не е андрофобија. Тоа е разум.
Не е разум во цел род да гледаш потенцијални предатори, да ти е страв од секој маж општо - дури и да знаеш дека нема историја на никакви ексцеси (ако ти е познат) или да се однесува најнормално и да си брка работа, а не како манијак да дофрла, зјапа, вознемирува (ако е рандом маж на улица). Тоа е проблем кај некои девојки поради одредени причини (најчесто некоја траума), што ги измачува и им ја нарушува психата. И треба да им се помогне да се ослободат од тој страв, а не да им се потпалува истиот.
Реков некаде цел? Реков НЕКОЈ. Првичното мислење на темата е поставено како да е андрофобија штом помислиш дека некој маж е сумљив, што е сулудо. Тоа е чиста претпазливост и искуство, а не андрофобија. Обрни малку внимание на дискурсот со кој на сила се прават жените психотични. Многу убава тактика која долго се користи од господата мажи.
За непознати сфативме дека е разумно. Од познати океј е страв? Мислам и мене ме направиле луда оти од дечко ми се плашам без да имам повод.
Имаше еден филм ич не ми текнува како се вика, по вистински настан снимен. Студент по право во САД, е обвинет за киднапирања и убиства на девојки. Малку поголема виткана коса, висок, личен, знае да се облече, паметен, девојките го сакаа. Лесно можеше да освои девојка. После низа докази против него, беше во ситуација да сам себеси си биде адвокат. По еден цврст доказ за отисок од заби врз една од жртвите, несомнено се потврди дека тој ги извршил дел од злосторствата. На крај, беше прогласен за виновен и осуден на смртна казна со електрична столица. За споредба, има "страшни и лути" дечки кои создаваат страв, има и фини, кои создаваат страв, е тоа се вика андрофобија. Андрофобија може да имаат различни профили на луѓе, без разлика дали сомнителниот е злосторник или не. Како би се победила таа фобија?
И тие што се фини еден ден ќе се покажат дека не се фини. Едни порано, други покасно се откриваат. Така да, стравот нема потреба да се победува. Едит- нема фини. Или се отворено злобни или се злобни ама глумат фини. Трето нема.
Не очекувам ништо подобро од авторот на темата, не ни обрнав внимание на воведот. Ама ваков проблем како што јас го опишав, со страв баш кон цел род - очигледно постои кај девојки и жени, и треба да внимаваме како го адресираме и како влијаеме на такви личности.
Не често.. ама се случува. Ако се исплашам од некој, обично е оти мислам дека е можно сексуално да ме вознемирува или физички да ме нападне. И двете сум ги доживеала.. Посебно сексуално вознемирување.. толку е често, што ретко кој ден поминува без него. А да ми е страв од мажи општо.. не ми е.
Се случува да имам страв од непознат маж. Обично и невербалниот контакт (самиот негов поглед) може да ме вознемири. Често слушам за непријатни настани кои ги доживеале жени (па и мажи) иако со ништо не ги предизвикале, па ми доаѓа флеш дека можеби и мене може да ми се случи.
Ај жити се', од каде ги вадите овие дефиници не ми е јасно. Мислев дека финоќата зависи од личноста а не од родот..
Јасно ми е на што посочуваш и на што алудираш. Како што и кажав и на личноста, така ќе ти кажам и тебе. Јас не сум одговорна да бидам ничиј психијатар. Имам право да се држам на страна од емоционални вампири и имам право отворено да зборувам работите за кои се борам. Ако некому му смета мојот феминизам, фино има копче "игнор". Не ми се верува дека жена која се нарекува феминист дојде да ми каже јавно на тема дека феминистичкиот дискурс бил опасен. Jesus f*cking Christ. Ваљда манијаците поарно ви влијаат.
Значи сепак феминизмот ги прикажува сите мажи до еден предатори. Чим од секого треба да се плашиме, дури и од тие шо ги знаеме со години.
Тие што сексуално вознемируваат се или манијаци или невоспитани, треба со нив сериозно да поработи психијатар или социолог.