Се сомневам. И да е еден да имам спреј океј, можда би се дрзнала да се пикнам во белја место да избегнам без мака. Ама 1/4 да нападнам, сигурно тие тројца нема да бегат. Во глобала зошто се концентрирам на еден, не можам на сите и станвам многу полесна мета. Ако на еден кој чека само провокација, успевам да го совладам, и то ова зборам само мањачишта кои ако не им обрниш внимание бегаат, кои се шансите да ме таргетира следно, за возврат? Стави се во позиција каде си физички послаб и одговори си ги прашањата. И ова е, ако некој не ме нападни, туку ме мањачи, свирка, довиква. Без допири.
Без нервози ама андрофобијата може да ја има секој, една биполарна членка ме преубедва да речам дека само жените биле андрофобични. Ме преубедва да речам и дека силувањата не постоеле, иако темава не е тоа...
Едина ситуација која решавам да ја коментирам е горенаведената. Нема и неќам да споделвам други. Ама ете, за ова имам пишено јавно, еден конкретен ме има пратено, дофрлано, праено лажни профили за да продолжи да ме малтретира, и куро ми го пушташе. Ама не се грижи, имам луѓе кои ме штитеа. Ама да бев сама, којзнај. И то замисли да го нападнев физички колку полош ќе беше. А, се ова праеше зошто неќев да излезам со него.
@nextredstyle, океј е И ние имаме право на свое мислење. Ајде сега ти, како виртуелен адвокат негов, објасни ни зошто членот скроз оф-топик и без причина постираше линкови за мажи ослободени од силување, додека девет страни на сите можни начини се обидуваше да го избегне и самото спомнување на зборот силување? Додека скоро сите мислења напишани на темава беа дека се плашиме од мажите зошто може да не силуваат. А членот упорно се обидува да смени тема, никако да не збориме за тоа.
Па,има посебна тема за силување во која сите можеме на пошироко да дискутираме за тоа. Овде би било оф топик да се спомнува на секоја страна,а постираниот линк е за случај кој покажува дека понекогаш човек може да има погрешни сеќавања поради траума.
Како бре офтопик, кога темата е баш за тоа? Односно, океј. Да, нека биде стриктно за фобија, нека се брише се што е напишано до сега и нека стои само воведот и мислењата на @Briar Rose, зошто очигледно се останато е скроз оф-топик. Или нека се тргне тоа андрофобија од насловот па да си дискутираме општо за страв од мажи, како што е целата дискусија до сега.
Да. И повеќето дознавме дека ваква фобија воопшто постои кога се отвори темава. Затоа и пишав, од 10 страни мислења, освен воведното, само три мислења се валидни и треба да останат, ако се тргнува строго од насловот на темата.
@cresa-jagoda, @RainBow, кажете ни како да тераме. Дали да се дискутира стриктно на темата како што гласи насловот или може и пошироко, како по-општо разбран страв од мажи?
Замислата за темата е интересна, значи фобија од сите мажи. Страв од мажи дури и во ситуација која не е опасна. Страв од познати, од непознати. Темава точно е дека нема правец од самиот почеток и токму поради членот што ја отворил, а и самиот не е на чисто за што е темава. Но, доколку продолжи така @Keanu_R.Wick ќе биде баниран за темава да си остане за дискутирање. Значи, страв од сите мажи во неопасна ситуација. Секогаш. Сите оф топици и навреди ќе бидат избришани. Може да продолжите на темата. И да, причините за настанокот на оваа фобија секако дека може да бидат опфатени.
Стравот од мажи настанат поради мажи кои биле/се силувачи е дел од андрофобијата и во ред е спомнувањето на истиот до тука. Може да продолжиме и за друг. На пример,има жени кои се плашат од мажи затоа што биле тепани од нивните татковци,браќа или партнери или поради претрпено психичко насилство.
Ама не се само жени! заборави тоа да го потенцираш. И мажи има што се плашат од мажи! Сама против своите аргументи си одиш.
Батка, многу гледаш акциони комедија филмови. Да е така лесно да се одбраниш од ЕДЕН, не мора ЧЕТВОРИЦА, само еден нека е, не би имало ниту една силувана девојка. Ова тебе како шега ти се чини и ситуацијата ја претставуваш како боза, и мислам дека знам зошто, аха, пошто си машко и ниеднаш не си бил во ситуација да не знаеш дали ќе стасаш дома без туѓи прсти и допири на себе.
Се согласувам со тебе и исто така сметам дека скоро целиот цитат на Seabury е контрадикторен. Поради тоа и ме интересираше зошто толку познат психолог би пишувал нешто во таква смисла. Односно, за да протестираш против нешто или некого, треба да манифестираш чувства и мислења кои се спротивни од фобијата насочени кон тоа за кое протестираш. Во спротивно, не би можел психички ни да протестираш против нешто/некого од кое имаш фобија. Со други зборови, бидејќи тој напишал дека андрофобијата "is often of the feminist type, originating as a protest against the dominance of the male in the industrial and professional world", добивам впечаток дека ги меша поимите "androphobia" и "misandry" (омраза кон мажи), што и неретко се случува во практиката. Се вели дека и двата поими потекнуваат од феминистички и лезбејско-феминистички движења заради балансирање на нивните спротивни термини (Gynophobia: страв од жени, и Misogyny: омраза кон жени). Со тоа се докажува дека и женскиот пол може да манифестира фобија или омраза кон мажите и со тоа претпоставувам дека се постигнува некаква еднаквост меѓу двата пола, барем од аспект на ментални нарушувања од таква природа, односно страв или омраза кон еден пол како колектив.