1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андрофобија (страв од мажи)

Дискусија во 'Психологија' започната од Keanu_R.Wick, 28 септември 2019.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.652
    Пол:
    Женски
    Eдна од 5 жени е силувана.
    74.9% од жените имаат пријавено сексуално вознемирување (што не е поврзано со силување). Со зборови седумдесет и четири, девет проценти.
    1 од 10 жени претрпела насилен сексуален однос од сопруг со форсирана пенетрација, нефорсирана пенетрација или пенетрација при алкохолизирана состојба.
    91% од силуваните жртви се жени, само 9% се мажи (најчесто од други мажи).

    Харви Вајнстин кој е најпознат силувач во Холивуд го пријавија над 80 жени дека ги силувал или пробал да ги силува. Пуштен е на слобода со кауција.
    Бил Козби кој освен за силување, се товари и за сексуално вознемирување, педофилија и насилство врз жени е осуден на три години. ТРИ.
    Кевин Спејси, Ед Вествик, Р. Кели кој е афирмиран педофил и не можат да го осудат веќе 20 години, Кристијано Роналдо за кој излегоа докази со слика дека ја силувал жената и дека и платил да ќути.... Никој од овие не одговара. Изгубиле по некој договор, некое филмче али си се слободни. Кристијано Роналдо уште си игра фудбал и е икона на милиони мажи низ светов.

    И тогаш ќе ти дојде некој ко Кијану на фемина форум и ќе ти кажува дека џабе сме се плашеле од цел машки род и дека сме биле ту мач оти сме вакви агресивни. Не златен, загрижувачки многу од тој род се сексуални предатори и што е најинтересно никогаш не излегол некој активист, некој политичар, некоја проминентна машка фигура со која ќе го осуди ова. За обичен маж седнат зад компјутер кој пишува за жена каква е а се нема погледнато у огледало да не збориме. Дигнете се на бунт, приклучете се кон марш, протест штоидае за оваа проблематика ако сте толку загрижени. Вака на форум будали да не правите си праите само контраефект, како што можеш да приметиш 11 страници ти се објаснува зошто речиси секоја жена има фобија да оди сама по улица ноќе и зошто секоја жена чувствува непријатност ако се размине со странец во тесна улица.

    Ама не, ние претеруваме, господинот дојде да не продухови сите тука дека параноични сме биле. Кога ќе превземеш конкретна мерка тогаш може и ќе ти поверуваме, вака што се пробуваш да направиш на форумов од месечина се гледа.
     
    На Alisa22, NEA, Someonespecial и 12 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.323
    Пол:
    Женски
    Врти-сучи,сепак е фобија за која треба терапија.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.