Ете, читај погоре де. Разумен е страв кон секој маж. Додуша го имам и јас. Оти секој на крај ќе испадне дека не е таков каков што изгледал.
Од сите мажи, не, немам страв. Ама и те како језиво ми делува манијачки поглед, дофрлања, распрашувања за лични ствари (во живо и по социјални мрежи), сврикања и слично. Претчувството кое се јавува дека некој би можел да ме нападне, никогаш не било затоа што така ми дошло убаво да осудувам дека некој е манијак, туку секогаш било предизвикано од некое од погоре набројаните нешта. И не, тоа не е андрофобија. Туку побитно прашање кое треба да се одговори е зошто машките на форумов во последно време толку ги погодува кога некоја девојка ќе каже дека има многу манијаци тука? И зошто некој да се пронаоѓа во таквите статуси ако нема направено нешто манијачко? Или сепак има? Хм..something to think about.
Без разлика мажи или жени од убијци. A вака општо да ми е страв од мажи хахаха не тоа што е некој насилен или пијан е негов проблем а не некој да се плаши од некого бидејки е пијан или манијак..
Се додека жена не ми свирка од авто додека одам по улица, се додека жена не ме удри по газот при разминување, се додека жена не мастурбира седната у темно место зјапајќи други минувачи, се додека жена не се трие од мене во јавен превоз, се додека жена не проба да ја злоупотреби својата функција за да добие секс, се додека жена не испушта неартикулирани секс звуци и симулира секс движења кога ќе види друга особа која и е привлечна, се додека... Тогаш 'стравот' нема да ми е насочен само кон едниот пол.
Дали е оправдано да се плашам и од жени зашто лично повеќе ќотек имам јадено од жена него од маж? И не само јас, општо.
Ама тоа не е твој проблем бе жено ако некој ти свирка или мастурбира игнорирај и готово секако несмее да те допре постојат закони. Тоа за мене е психички болен човек да мастурбира во јавен превоз
Барем пола го прават тоа. Не ни се свесни што спаѓа во сексуално вознемирување, и какво се однесување може да направи некого да се чувствува нападнато.
Треба да се огледаат на успешните: главата горе поглед право. Не не, точно знам што сѐ живее покрај нас.
Секаде во светот.. не само кај нас. Само бројноста зависи од нивото на едукација.. И не зборувам само за формална едукација... туку знаење за конкретнава проблематика. п.с. дик-пик е сексуално вознемирување. Исто како манијаците по паркови што се покажуваат.
Чувствуваат срам и вина потсвесно, поради тоа што се машки. Манијаците најчесто се неписмени и неедуцирани, а ги има и во високо едуцираните малубројни групи, но тие најчесто чекаат шанса на "културен начин" и најчесто избираат да бидат избрани. Не знаат сироти дека дикпик се праќа на девојка/сопруга, и не претерано. Не се праќа на случајна девојка.
Знаат, знаат Исто како што оние кои свиркаат и довикуваат од кола во движење знаат дека девојките не го сакаат тој тип на внимание. Напротив, свесни се дека девојките се плашат дека колата може да застане и... ништо повеќе нема да биде исто. Ама баш и во тој момент е и поентата- доминацијата и стравот. За оние кои праќаат побарани слики, не збориме тука. Но, и во врска да се, ако девојката или сопругата не го сака тој начин на виртуелна комуникација, праќањето на дик-пикс Е сексуално вознемирување. Ако си во врска или брак, не значи дека по дифолт треба да си океј со се што партнерот намислил да прави или бара од тебе ти да правиш. Сега се избришани опциите, ама тоа што „силувач“ не беше понудено како опција, не ќе да е случајно. Кога се мажи во прашање, верувам дека тоа е најголемиот страв што една жена го има. И жена може да ме натепа, и жена може да се опијани па да ме замара, и жена може да ме убие, ама мажите се тие кои силуваат. Од се што беше набројано, силувањето единствено беше gender -specific.
Кликни на кликни за проширување 1. Дикпик на негова девојка или жена се става во категорија нивно зачинување во врската, исто како и пусипик; 2. Силувањето е нешто најгрозно, поради тоа не го ставив. Има и жени кои силувале жени. Тоа е офтопик и би разговарале на друга тема.
@Tan4ence, голем дел од случаите каде жените се статистички се водат како силувачи се статутарните силувања. Односно, наставничка и ученик. Класично силување со примена на сила и присила на секс се многу, многу ретки. Нема ни доволно истражувања на темава.