Е така де ама, мојата фобија од змии на пример, дури и ако се езерски и безопасни, е иста како и при средба (НЕДАЈБОЖЕЕЕЕ) со копнена змија . Таа фобија ја споредувам со нечија (андро)фобија од нешто друго. Но змиите, касаат, отровни се, брзи, можат да задават, гадни се... Или пајаците, мн женски имаат фобија од пајаци или глувчиња но и тие касаат, штипкаат што ти знам. Тие што имаат андрофобија....? Е тој џекпот се бара.
Некои мажи силуваат. Убо @Nausicaa ти објасна ама не читаш бе Кијану. Затоа се плашат некои. Затоа кога некој ми е сумлив се плашам. Или не се важи то? :/
Дај бе... се важи to ама не се važi to дека мора да е полноќ, темен сокак и сомнителна будала со шешир и брада. Андрофобијата е како секоја друга фобија: те фаќа страв веднаш, на секоја средба. Како јас со змиите, ги гледам и глумам херој пред луѓе а кога сум сам бегам километар.
Да, некои мажи. И некој шо се плаши не знај кој е тој некој маж и се плаши. Има причина зошто се плаши (силовање, убиство шознам), ама колку и да е рационално е и нерационално зошто нели, не се сите. Ете ти се плашиш од змија, јас имам в рака држено и ништо не ми е. Шознам, можи е само до некои змии. Не до сите.
@Keanu_R.Wick, на тие мажи и жени кои живеат со оваа фобија не им е лесно. Пола од популацијата нив им предизвикува страв. Пишав и порано, до денеска, јас не ни знаев дека постои ваква фобија па претпоставувам дека не е баш честа. Постот на @Briar Rose од претходната страна е едукативен, објаснува и зошто можеби се јавува. Јас, едноставно, не сум стручна да дискутирам на темава. Од друга страна, на тема „страв од мажи“, имам многу да кажам. Може реферат цел да изнапишам.
Па и некој што со години го знаеш може да испадне на крај сосем спротивен карактер. Така да и од познати мажи би рекла дека е оправдан стравот
Така ако размислуваш, и од себе треба да се плашиш.. може еден ден ќе ти швркне и ќе си го тргниш кубурот.. или ќе го тргнеш другому...
Јас истото го напишав ама ми го избришаа. Целта на темата е очигледен gaslighting. Набивање чувство на вина на жените дека се психотични со тоа што се претпазливи. Тука не се зборува за никаква фобија, туку за повредени кревки чувства на еден маж.
Ок.. ама исто е фар фечд ко мојот пример. Сега.. се' може да се сј*би.. ама ако живееш со таква мисла, нема место каде што ќе се чувствуваш сигурно.
@DAngel, и јас го мислам истото. Андрофобија е фобија од мажи но штом фобијата е ирационален страв, значи и стравот од мажи е ирационален. Следствено, жените кои внимаваат и се на штрек се драматични и „чукнати“. Ретко кој нов машки член е тука за да се дружи и едуцира. Се инцели и „добри момци“. Ама ете, ајде да му дадеме шанса да покаже дека не ја отворил темава за, како што баш ти убаво пиша, gaslighting. Иако убедена сум дека баш тоа му е намерата, уште кога „силувач“ не беше меѓу опциите.
Искрено, рационален совет во овој момент за сите жени би бил да се држат настрана од темата. Јас реагирав дека воведното мислење е манипулативно, дека не зборува за фобија (бидејќи фобија е нерационален и неоправдан страв) туку ја прикажува нормалната претпазливост што секое женско ја доживува како да е психоза, како да е нешто нерационално, како фобија. Најчеста тактика за напад на жена е да ја направиш психотична, хистерична и слично. Не за џабе во минатото хистеријата била женска болест (женска хистерија), не за џабе секогаш кога не им одговарало однесувањето на некоја жена се прогласувала за опседната од ѓаволот и вештерка. Исто е и ова, модерен лов на вештерки. Жал ми е што форум кој би требало да биде women-centric, значи не целосно женски, ама ориентиран кон женската популација, ме им нуди ни најосновна заштита на жените од вакво однесување. Мислења кои се спротивставуваат на оригиналното мислење не треба да бидат избришани. Посебно не оние кои укажуваат дека наративот на темата е опасен за психата на жените.
Муабетот беше дека оние што се плашат од сѐ машко имаат психички проблем. Погоре рече не им е лесно. А всушност не гледам зошто и кон секакви мажи да не е оправдан стравот вклучувајќи и од брат, татко, дечко итн.
Страв од мажи односно поточно кажано претпазливост, не е исто со фобија од мажи. Нема потреба да се спинува на темава и да испаѓаме мажо мразачки, впрочем мислам тоа му е и намерата на Кијану. Нека се преименува темава и анкетата која е тотално безвезе и misleading.