Ако јас имам фобии од змии а ти не, кил дет бичез хехе Ако ти имаш фобии од сељаци а јас не, подржи го пивото да ги Нешто вака би му дошло. Исто е и со секојдневните предизвици.
Американскиот психолог David Seabury во неговата книга "What Makes Us Seem So Queer" (1934) ја споменува Андрофобијата и за неа го вели следново: "Androphobia is far less common than gynephobia because the average girl is brought up by her mother, by women nurses, and by women teachers. She has been told what is right and wrong by those of her own sex and has an unconscious feeling that members of the opposite sex will love and pamper her. Thus, androphobia in women is of a much less disturbing nature and usually forms after adolescence. It is often of the feminist type, originating as a protest against the dominance of the male in the industrial and professional world" (p.162) Со оглед на фактот дека книгата е напишана во 30-те години на минатиот век, во цитатот се опишува одреден менталитет, односно општествена психологија која не е целосно карактеристична за модерното време. Имено, делот каде што се вели дека се развива чувство во несвесниот дел од мозокот кај женските дека ќе бидат сакани од машкиот пол (кој најверојатно и самиот претставува одреден стереотип за машките во тој период), се спротиставува на една од потенцијалните причинители на андрофобијата, а тоа се негативните стереотипи за мажите. Сметам дека лажните информации за кои се верува дека се вистинити, може да доведат до развој на андрофобија и особено кај одредени млади девојчиња. На пример, ако стереотипот вели дека мажите се силувачи, тогаш одредена девојка ќе порасне со тој стереотип и ќе се плаши/ вознемирува од мажи се додека не порасне. Промената на нејзината состојба може да биде потешко постигната поради длабоките корени на слушнатиот стереотип всаден во нејзината несвесна психологија, скоро делувајќи како инстинкт. Како и секое друго нарушување или болест кое има влијание врз човековото тело, мислам дека оваа фобија не треба да се гледа на органичен начин - таа не е врзана, односно карактеристична само за еден пол (иако може да биде почесто застапена кај еден од половите), има субјективно мафинестирање со различен интензитет (како што постои поблага верзија: mild androphobia) и истата има физички, ментални и емоционални индикатори.
А фобија од чичковци во средновековна криза како се вика? Ми се има случено повеќе пати да ми стасаат пораки на фејс со непристојни понуди, на профилна слика со жената и децата, а ваму ми пишува одвратни работи. Најгадно ми беше со еден што ми беше асистент/ментор, човек на возраст колку татко ми, човек со кој соработувавме на чисто професионално ниво долго време и се избаци со коментар 'абе Като коа ќе влезеш у просторија им го дигаш притисокот на мажите'. Одвратнотија жива, а ужива статус на преугледен човек. На сите мои другарки им се случило слично, денски си шетаат со сопругата под рака и имаат деца колку нас, а ноќе свашта пишуваат и гледаат кај ќе пројде тоа. Од овие фобија како се вика? Додуша не е фобија, повеќе на гадење делот од скалата е.
Seabury е доста познат психолог (иако е починат) и во текот на животот имал објавено доста книги. Бидејќи сум читала дел од неговата стручна литература, бев заинтересирана за неговиот став во врска со андрофобијата и сакав истото да го споделам во оваа тема, како и да видам какво мислење би имале останатите членови. На пример, јас лично не се согласувам со мислењето на Seabury дека андрофобијата не е толку честа колку гинофобијата, иако имам на ум дека можеби во неговото време на творење навистина било така. Меѓутоа знам дека во нашето општество девојките секогаш биле учени дека треба да се плашат од машките, додека никогаш не се случувало обратното, односно машките никогаш не биле учени да се плашат од женските. Секако, со ова не сметам дека не постојат одредени исклучоци. Претпоставувам дека тоа што си сакал да го кажеш било поврзано со негативните стереотипи за машките и нивната улога како индикатор, односно поттикнувач за оваа фобија. Имај на ум дека ова е само една од повеќето потенцијални поттикнувачи и како што сум кажала претходно, сметам дека оваа фобија е манифестирана различно кај секој пациент, зависно од интензитетот, и секако постојат физички, ментални и емоционални индикатори за истата. Инаку, интересен е фактот што повремено и т.н. media coverage може да придонесе кон развивањето на оваа фобија. Прикажуваните извештаи за извршените напади, силувања или убиства извршени од страна на мажите може да предизвика страв кај луѓето, но што се однеува до полот, би рекла дека ова делумно би зависело и од почесто застапениот пол на жртвите.
Јас имам еден неоснован страв, понекогаш се плашам кога излегувам набрзина да не не сум доволно дотерана, стравот ми е други да не помислат така, машки особи генерално ама не ми е гајле од сите.
Неам страв од мужи, али ако у темница у некои забаталени улички или у ниедно време проаѓа некој муж или мужи покрај мене, и инака приметувам дека ме снимаат, 99 посто од времето си викам е сеа ја наеба, требаше пепер спреј да си купиш. А па не дај боже некое ауто да проаѓа, уште па споро... Затоа мобилниот ми е увек у рука, и вртам да зборам со некој, па и да ми се деси нешо, да има некои докази. И според мене, ова не е страв од мужи, туку оправдан страв од силување, али ај да му го направам ќеифот на nice guy Keanu. Иначе, од мужи не се плашам.
@Keanu_R.Wick како што кажав, сметам дека самата структура на модерното општество во кое живееме успеало до одредена мера да ги редефинира социјалните поттикнувачи на андрофобијата, барем кај женскиот пол. Со други зборови, психологот Seabury во цитатот главно се фокусира на жените, и покрај тоа што тврди дека гинофобијата била почеста за разлика од андрофобијата. Сметам дека, без разлика на природата на поттикнувачите за оваа фобија, воопшто не е фер тоа што само девојките/жените од мала возраст ги учат дека треба да се плашат од машките, наместо да ги учат машките дека треба да го почитуваат и заштитуваат женскиот пол. Многу е поголема веројатноста мажите да се причина за страв кај луѓето, особено жените бидејќи и во минатото машкиот пол бил карактеризиран да биде насилен, маженствен, бесчувствителен и доминантен. Меѓутоа, сметам дека една од причините зошто Seabury смета дека андрофобијата е перцепирана од феминистички аспект, односно дека потекнува како протест против доминацијата на мажите во индустрискиот и професионалниот свет, е поради фактот што во човековото општество долго време владеел патријархатот. Иако сеуште не сум сигурна дали она што се дефинира како претпазливост, би можело истовремено да претставува т.н. mild androphobia или за таков интензитет постојат поинакви симптоми. Претпоставувам дека наместо страв и панични напади, страдачите чуствуваат блага вознемиреност или неудобност во присуство на мажи, без разлика дали истите претставуваат вистинска закана или не...
Каков е тој протест против нечија доминантност ако во себе носиш страв ? Не знам зошто феминизмот го има поврзано со андрофобијата дури и го претставува како причинител на истата, кога сметам дека е баш спротивно. Феминизмот не ги учи жените да се плашат од мажите, напротив, апропо тоа не знам ниту една феминистка која има уплав од мажи дали од физички или психолошки аспект. Тоа е одлика на патријархатот.
Или пак кога се поголема група мажи, не само еден и онака зафаќаат цела уличка по која одиш. И онака не знајш кај да одиш, а те меркаат. Вчера имав таква ситуација, дур поминав ми се чини ми се превртија цревата во стомакот. Гледај, да не ми обрнуваат внимание со свиркање и меркање - немам гајле. Генерално не се плашам од мажи, било кој tbh. Ама, во вакви ситуации, исто како тебе, ми се врти в гла: "оти немам нешто в чанта?" и одма после то се кривам зошто се пикам во сумливи улички сама, само за да стигнам побрзо дома.
Не ги учи ама самиот факт што најголем дел од нив се предатори не може да ти рече почитувај ги и не се плаши. Едноставно кога ги читаш сите настани што да, реални се, ама на крај психички толку може да ти влијае што не можеш ни на сопствен брат да веруваш. И пак ќе речам, не го кривам феминизмот ама ако некоја од постојано читање и слушање за такви настани изгуби доверба во секого, не е за чудење, што искрено и кај мене мислам се случи.
Јас од мала (12 13 години) се движам сама навечер и научив да ги игнорирам. Памтам летото 7мо за 8мо, си одев дома по улица и една кола почна да вози споро покрај мене. Се здрмав буквално и момциве почнаа да ми зборуваат нешто. Се соземив некако и се правев дека не постојат. После некоја минута си отидоа. Таквите предатори чувствуваат страв, исто како и кучињата. А, и болни се за внимание така да на машко што свирка ако му вратиш со дерење или пцуење уште толку замав ќе си земе. Ама за секој случај во такви сомнителни ситуации, имам еден поостар привезок на клучот и го држам во рака за секој случај.
Апсолутно! И мене "стратегија" ми е игнорирање и глумење дека не ми е страв. Пошто знам дека ситуација можи да ескалира при било каква реакција, на еден начин то и го чекаат. Било каква реакција.
Јас сакам едно да прашам во врска со темава. Како да се спречи ваква фобија? Не мислам на претпазливост туку баш фобија фобија од секое машко. Или како да се поправи ако се појави?
Да бев женско, жими една мајка, секое слободно време ќе го користев за лов на такви манијаци, сељачишта, простаци, психопати и потенцијални напаѓачи и минимум што ќе окркаа таквите ќе беше спреј или квалитетен ќотек плус пријава за малтретирање и неизбежна самоодбрана од моја страна. За такви немајте никаква милост, уништете ги во секоја смисла, го оцрнуваат цел машки род.
Неколку пати неколку членки ти пишавме да се побара стручна помош, главно психотерапијата многу помага.
Извини вака, ама и како машко можеш истово да го правиш. Или мислиш дека е попаметно девојка да оди во лов на неколку мажи?