@Keanu_R.Wick, Или си страшно наивен или глумиш лудило на форумов. Зошто вакви работи може да пишува само дете кое уште не зачекорило надвор од заштитениот свет на детската соба. Кога си еден на еден, под услов да не се замрзнеш од страв, има шанси со тоа „брцнување“ да си купиш време за да избегаш. Кога си еден на четири, game over за тебе, уште пред да започне. Ама мислам дека се ова ти го знаеш.
А пази, он себе се смета за цвеќе за мирисање. Тотално најбољи и еве сега треба пред нозе да му паднеме. Literal "nice guy" attitude Не е наивен, дојден е да не убеди да ги сакаме мажите
@Keanu_R.Wick, абе пишувај си ти ама не плачи после по модераторите дека соодветните реплики ти ги повредиле чувствата
-Над 25. -Сум имал женски, немам сестра, единец сум. -Секој ден, секаде, ретко слушам за манијаци или невоспитани. -Аман од damici за кои сите сме продавачи на муда за бубрези. -Земи спреј за самоодбрана и не паламуди многу. -taka jet. -Дојдов тука на отворениот форум од причини кои би ги раскажал ако сакам и кога ќе сакам, во меѓувреме погодувај си ако ти е забавно. -Ситер може да ми кажеш кога ќе дојдам кај тебе или до тебе. -Доколку нема навреда кон мене или не е пишана нечија мисла а се префрла како да е моја, не им пишувам на модераторите.
А всушност само успева да ги потврди стереотипите кои постојат за „добрите момци“... Уште го чекам новозачленетиот машки член на Фемина кој направил акаунт тука со цел да се дружи а не нас девојките да не „едуцира“ каде грешиме во врска со мажите.
Ќе успеј. Може и да ги снимиш, секогаш тел во рака. Снимката или во мвр или на форум, битно е да не се остај без санкција. Индивидуални се грешките, исто и фобиите. Без офтопици.
Отвара тема зошто жените се плашат од мажите. Девојките му објаснуваат на долго и широко, наведуваат свои искуства. Негова реакција на напишаното:
Ќе успее само насилство да предизвика, сигурно не знаеш насилството дека создава насилство. Не се способни сите да се друштвени, мора да ги има и фините момци што ќе не учат како да не сме андрофобични а самите се фобични од критика и солзи ронат кај модераторите да ги сожалат и послушаат.
Тогаш кога ќе прифатиш дека на глобално ниво имаме проблем со сексуалното насилство врз жените, тогаш ќе може да разговараме на ваква тема. Се додека ти мислиш дека станува збор за неколку изолирани случаи, џабе се трудиме куп девојки тука да ти објасниме. Чоек, ти не сакаш на темава да се спомне зборот силување, а сакаш да дискутираме на тема зошто се плашиме. Не вреди понатамошен муабет.
Постојат казни и санкции за тоа, закони и слично. Превентивно, како да се спречи појава од насилство и вознемирување на жените, со цел да нема андрофобија? Не куп девојки туку две три или четири. Постојат над сто кои се согласуваат со мене но претпоставувам имаат попаметна работа од терање инат, како ти. Еве јас ќе го спомнам зборот силување. Силување е насилство, најчесто сексуално, каде жртвите се најчесто физички послаби од силувачите. Задоволна?
Да се кладиме и дека мисли дека границите за силување не се убаво дефинирани и дека маж може да го обвинат за силување и да не силувал и дека истото многу често се случува? Обично тоа така иде, кога маж избегнува некоја тема - значи дека го бацка нешто ама не сака да збори за тоа
Си имам јас фатено еден. Андрофобијата не е рационален страв.И треба да се лекува. Ако еден маж ве повредил,не значи дека и останатите мажи ќе го сторат истото. Не е лошо човек да е претпазлив,но линијата помеѓу претпазливост и страв е многу тенка.
Многу тенка? Како пајажинка или како влакно од коса? Фобија е страв кој ти го нарушува нормалното функционирање во ситуации кога треба да се соочиш со него. Јас не гледам тука нефункционални жени пред мажи. Да бев андрофобична немаше да седам сега со 20+ мажи во иста просторија.
На жените жртви на силување кажи им дека фино е да се претпазливи но не и да се плашат од мажи дека линијата помеѓу претпазливост и страв е многу тенка.
Да,на тие жртви не им е лесно,но и психолог или психијатар би им рекол дека стравот од сите мажи не е добар за нив.
Те поздрави горното мислење Како од учебник, нели? Nice guys 101 @RosettaStone, во исто време сме искоментирале