Аневризма на мозок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од vickyy90, 11 август 2012.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Ве молам многу е итно.....може ли да ми кажете што значи тоа,моја блиска личност имаше мозочен удар пред неколку дена и има аневризма на мозокот,не ни е јасно што е всушност значи тоа??? ;(
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    673
    Аневризма претставува проширување (дилатација) на ѕидот на артеријата, претежно на аортата.
    Проширувањето обично се појавува на слабите места на артерискиот ѕид. Притисокот на крвта во внатрешноста на артеријата предизвикува проширување на ѕидот на слабото место кон надвор.
    Доколку оваа состојба не се третира, аневризмата може да руптуира (прсне), резултирајќи со внатрешно крварење.Големата руптура може да биде фатална, а помалата може да продуцира предупредувачки знаци кои им овозможуваат на пациентите време за побарување лекарска помош.
    Од мојот град познавам 2 личности кои имале аневризма и 2цата починаа.Како е со тебе ?
     
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Што е церебрална аневризма ( анеуризма на мозокот)?
    Церебрална аневризма е абнормално проширување на крвните садови во мозокот. Во основата на мозокот постои замрсеност на артериите кои го сочинуваат т.н. четириаголник Villisov и од кој понатаму се разгрануваат на артериите кои го снабдуваат мозокот.Места каде артериите се разгрануваат, се најчести места каде што може да се најде аневризмата.
    Со текот на времето, на артерискиот ѕид станува послаба на некои места и потоа поради крвниот притисок артеријата се надувува како балон и настанува проширување кое што може да биде во форма на кеси ( наречена сакуларна аневризма и е најчеста форма) или во облик на вретено(фузиформна анеуризма) што е нешто поретко.
    Како што проширувањето се зголемува така, "вреќата" се проширува и се создава врат кој е врзан за артерија. Кога аневризми се мали не претставуваат поголема закана, туку како тие растат и стануваат поголеми, постои опасност од пукање (руптура) и крварење во областа помеѓу мозокот и мозочната мембрана што го одделува од черепот, што се нарекува субарахноидална хеморагија(крварење).
    Постојат неколку фактори за кои се смета дека со текот на времето можат да го забрзаат формирањето на аневризма: пушење, повреда на главата, алкохол и други дроги, и орални контрацептиви, ако некој во семејството имал аневризма ( постои наследна предиспозиција), некои генетски и наследни болести (полицистични бубрези , Марфанов синдром, коарктација на аортата, AV малформација, итн.).
    Можат да се појават кај сите луѓе, но е најчеста кај возрасните на возраст од 35 до 60 години, малку почеста кај жените.
    Кои се симптомите на мозочната аневризма?
    Во некои случаи, луѓето со аневризми немаат никакви симптоми и не се целосно свесни дека тие ги имаат овие промени во крвните садови.
    Со својот раст аневризма може да го притисне околното ткиво и може да има симптоми како што се:
    -главоболка
    -појава на двојно гледање
    -пореметување на изразот на лицето
    -болка зад или над окото
    -Разлика во големината на зениците
    Симптоми кај распрскување (руптура) на аневризмата:
    -изненадни големи неиздржливи(како никогаш до тогаш)болки во главата
    -мачнина,повраќање
    -промена на состојбата на свеста.па можеда дојде и до кома

    Постојат неколку методи кои што со снимање на мозокот може да се прикажат или укажуваат на постоење на аневризма во мозокот,но и крварење после руптурата.
    Скенирање на мозокот(компјутерска томографија)може да покаже крварење во субарахноидалниот простор или во мозокот настанува како резултат на руптурата,но тоа се случува дури после 3 дена.
    Магнетна резонанца на мозокот MRA (ангиографија): може да покаже детална структура на мозокот и неговите крвни садови.
    Најсигурен метод за да се прикаже аневризмата е ангиографија.Со Катетар се влегува во артерија во подрачјето на препоните или раката, а потоа катетарот се турка до артеријата на вратот и се инјектирање во контраст со кој што се исполнуваат крвните садови на мозокот. Станува збор за агресивна метода која што со себе носи и одредени ризици.

    Како се лечи анеуризма на мозокот?
    Било да станува збор за руптура на анеуризмата или не,терапијата е хируршка и мора да е извршена од лекар специјалист по нервохирургија.
    Микроваскуларно поставување на клипс на вратот на анеуризмата подразбира неврохируршки зафат кај кој што на местото на вратот на анеуризмата се поставува танок метален клипс со кој што се притиска вратот на анеуризмот и со тоа се спречува проток на крв во него.
    Ендоваскуларна емболизација е постапка слична на ангиогафија кога со катетар се доаѓа до анеуризмата и во неа се постави мала метална спирала или балонче со кој што се спречува протокот на крвта во аневризмата и настанува тромб кој што се затвора.
    Доколку аневризмата е мала и неприметлива во зависност од големината,местото,растот и од возраста на личноста која што ја има се донесува заклучок дали веднаш ќе се превземат мерки или пак ќе се следи состојбата на личноста.