1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анегдоти

Дискусија во 'Насмевка' започната од pink4ever, 28 март 2011.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ПОДАРОКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
    Александар Македонски на својот пријател Перил му подарил педесет таланти за свадбата на ќерка му. Перил, возбуден од големиот подарок одговорил:
    -Благодарам многу , но за свадбата ќе ми беа доволни и десет таланти!
    Да за тебе можеби се доста, но за еден Александар Македонски воопшто не личи да дава толку ситни подароци!


    ЛЕОНИД И СЕНКАТА

    Еден од воините на Леонид кога го здогледал многубројниот непријател истрчал пред војсководецот и му соопштил:
    -Леониде брате ќе биде страшна! Непријателот ќе не опсипе со облак од стрела, така што ќе го затемни сонцето!
    -Уште подобро - одговорил Леонид - тогаш ќе се бориме под сенка!
     
    На Dr.Zzz и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Зошто Сократ бил мудар?
    Во Стара Грција, Сократ важел за човек кој го цени знаењето. Еден ден познаник му пришол и му рекол: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?“



    „Чекај малку“, му одговорил Сократ: „Пред да ми кажеш било што, сакам да ти направам мал тест. Се вика тест со троен критериум.“

    „Троен критериум?“, запрашал познаникот.

    „Токму така“, продолжил Сократ: „пред да почнеш да ми кажуваш било што за мојот пријател, би можел за момент да размислиш дали тоа задоволува одредени критериуми.“ Првиот критериум е „вистина“. „Дали си потполно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?“

    „Не“, одговорил познаникот, „само што слушнав и...“

    „Добро“, рекол Сократ: „значи, не си потполно сигурен дали е тоа вистина или не. Да видиме сега следниот критериум „добро“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро?“

    „Не, напротив...“

    „Значи“, продолжил Сократ: „сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си сигурен дали е точно. Се уште можеш да поминеш на тестот, затоа што има уште еден критериум – „корист“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател, ќе ми биде корисно?“

    „Не, не баш.“

    „Па“, повторно рекол Сократ: „Ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто воопшто би ми кажал такво нешто?“

    Ете зошто Сократ бил голем мислител и ценета личност во Стара Грција.

    Ова исто така објаснува зошто никогаш не дознал дека пријателот спие со жена му.

    Многу поучно ..... :!: :D
     
    На Dr.Zzz, Aleks96, BeYourself и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Кога сме веќе кај Сократ... ;)

    Имено, жената на Сократ била многу проста и некултурна и цело време се карала со него. Еднаш, тој неможејќи веќе да ја слуша, испаднал пред куќата и си седнал под прозорецот. Таа, прилично збеснала и зела, му истурила една кофа со вода врз него. А тој и рекол - ,, Па редно беше на толку грмење и да заврне ,, :D
     
    На Dr.Zzz, LUNA.girl, Aleks96 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Пазете што и кажувате на жената ако имате провалник дома!



    Провалник дома?! Полека! Размислувајте трезвено и додека разговарате со него, пазете каков договор ќе склучите, да не ве снајде следново.

    Убиец осуден на доживотна робија, по 20 години затвор успева да избега. Додека бил во бегство, провалил во куќа на еден млад брачен пар, кој во меѓувреме штотуку слушнале на вести дека е избеган убиец од затвор и дека е на слобода.

    Убиецот провалил во куќата, ја заврзал жената за радијаторот на едната страна од собата, а на другата страна од собата го заврзал мажот на стол.

    Убиецот приѓајќи и на жената ја љубел по вратот, а потоа истрчал во бањата. Тогаш мажот добил прилика па и се доближил на жената колку што може и рекол: "Драга, го гледам како те љубеше до сега и како те гледаше, овој не видел жена со години. Ако побара да спиете заедно, направи го тоа, нема да се налутам зошто нашите животи зависат од ова. Биди силна, те сакам!"

    На тоа, жената успеала да го исфрли марамчето од уста па му рекла:
    "Мил мој, мило ми е што така размислуваш, ама убиецот не ме љубеше туку ми шепна на уво дека си бил многу сладок и прашуваше дали имаме вазелин, затоа истрча во бањата. Биди силен, направи го тоа за нас, те сакам!"

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Aleks96, Pepa12, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. nate.k

    nate.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    На една изложба на Пикасно дошол некој нацистички генерал, кој многу му се восхитувал на неговото дело "Бомбардирањето на Гepника" и го запрашал на Пикасо:
    -Господине вие ли го направивте тоа?
    И Пикасо одговорил:
    -Не, туку вие нацистите :D

    При една изложба во Париз еден посетител го прашува уметникот:
    - Зошто вашто дело е толку високо закачено??
    На тоа уметникот одговорил:
    -Не се секирајте , и така критичарите ќе се обидат да го симнат.

    Преписка помеѓу Бернард Шо, писателот и Черчил.
    Прво покана стигнала од Черчил,кој го поканил Шо да присуствува на неговата прва режирана престава. Черчил одговорил "Мил пријателе ви испраќам две влезници по повов премиерата на мојата престава. Ве поканувам да присуствувате заедно со некој ваш близок пријател, се разбира ако го имате!"
    На ова Шо одговорил "драг пријателе, ве известувам дека нема да бидам во можност да присуствувам на премиерата на вашата престава поради болест. Но се надевам дека ќе присуствувам на некоја од репризите во театарот. се разбира,ако вашата престава воопшто доживее реприза"

    Волтер и Кралот се возеле со чамец по некое езеро. И од еднаш почнало да пушта вода чамецот , и Волтер целиот исплашен скокнал, На тоа Кралот одговорил:
    -Зарем се плашиш од смртта?
    и Волтер му одговорил:
    -Кралеви има многу, но Волтер е еден

    Черчил си ја гледа сликата во канцеларијата и и вели:
    -Ех....Што ќе се случи со тебе кога ќе ме сменат од власт??
    А на тоа сликата одговара:
    -Хехехе.....Мене ќе ме симнат,ама тебе ќе те обесат.... :D :D :D :D
     
    На Dr.Zzz, Name, Aleks96 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    жена...ако ти ми беше маш
    ке ти ставев отров во кафето
    мажот...ако ти ми беше жена ке го испиев кафето ......
     
    На Aleks96 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  7. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78


    аххахахахахахаххахаххахахаха најсмешен дел :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    БОЈАТА НА СНЕГОТ

    Многу одамна снегот бил безбоен. Тоа било и причина за неговата тага.

    Сакајќи да биде убав и да му се радуваат ја замолил розата да му ја даде нејзината црвена боја велејќи и - ако ми дозволиш да ја користам твојата црвена боја, сите ќе ми се радуваат кога се ќе обојам во црвено.
    Розата себично и дрско му одговорила - Не може!

    Очаен снегот и се обратил на темјанушката - ако ми дозволиш да ја користам твојата виолетова боја, сите ќе ми се радуваат кога се ќе обојам во виолетово.
    Но, повторно го добил истиот одговор - Не може!

    Слушајќи го разговорт и молбите на безбојниот снег, кокичето љубезно му рекло: еве јас имам две бои - зелена и бела. Ќе ми биде задоволство ако посакаш да ја земеш белата боја и секогаш со таа убавина кога ќе ја обвиеш земјата сите да ти се радуваат.
    Оттгогаш снегот има бела боја. Оттогаш сите му се радуваат.
    Но исто така оттогаш розата и темјанушката смрзнуваат под снегот, а кокичето живее :$

    Ете како снегот ја добил белата боја и зошто розата и темјанушката мрзнат во зима :)
     
    На Dr.Zzz, Name, eli2622 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Штета што темава не е поактивна, многу сакам вакви работи. :)

    Прееска на МТВ, даваа некоја емисија за Велес и вака така се загледав. Зборуваше Петре Прличко, и кажа една многу интересна анегдота.

    Порано, вели, додека бевме помлади настапувавме како артисти (запазете, како употребува артисти наместо актери, не се сметал тогаш себеси за актер), и настапувавме само во сабота и недела, а останатиот дел од неделата, гледавме да преживеме. :D

    Е сега, многу сакал да пуши, еднаш здогледал отпушок на земја, кој бил многу голем и има недопушен дел, ама гордоста дека е артист не му дозволила да се наведне и да го земе. :lol: Така, случајно, кога во Велес се оди на манастирот Св. Димитрија (четвртокот после Велигден), се погодиле таму, заедно со уште еден колега, на кој му го запамтив само името, Димче. Ако знае некој како се презива, нека каже. :D

    Во Велес, кога е тој четврток, луѓето одат на Манастирот, оставаат некои работи за здравје, има скари, се продаваат џиџи-миџи, има мал панаѓур, да речеме. И отишле овие овде, ама им се пушело, им се плачело дури. Вели Прличко, гледам едно време го снема Димче, се вртам.... застанал Димче зад мене, со ОЛКАВА кутија Вардар цигари, со 100 парчиња внатре, и ми вели:

    - Плииз, Мисје Питер! 8) :rofl:

    Јас, вика, гледам и се чудам, од кај нашол толкава кутија цигари. Му велам, море што направи, од кај ги зема. Тој ми вели, Питер, ги позајмив, не ги земав! Ги позајмив од Св. Димитрија, од првата плата, ќе му ги вратам. :rofl:

    Всушност, некој кога оставал работи за здравје, оставил и кутија цигари, па овој Димче ги позајмил. Интересното е што кога ја зел првата плата, навистина му ги ,,вратил,, истите цигари на светецот. :lol:
     
    На Sandzesss, sanjaeva, Dr.Zzz и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Обожавам анегдоти, штета што темата не е многу активна. Ај јас да ви раскажам неколку.

    Алберт Ајнштајн не зборувал до 4 години. Родителите му биле доста загрижени за неговиот ментален развој. И конечно, една вечер кога вечерале, за прв пат рекол: "Супата е премногу жешка.". На неговите родители им олеснало, па го прашале зошто до сега ништо не прозборел. Ајнштајн одговорил: "Бидејќи до сега се беше во ред."

    Кондуктерот во возењето во воз бара карта од еден замслен патник. Овој нервозно барал по џебовите и станувал се понервозен.
    Тогаш кондуктерот му рекол:"Професоре Ајнштајн, јас знам кој сте вие и јасно ми е дека не сакате да ме излажете и дека сте купле карта. Затоа не мојте да се вознемирувате, ќе ви признаам како да имате карта." Ајнштајн му одговорил:"Господине, јас не се вознемирувам затоа што се плашам од вас, туку затоа што на картата пише каде патувам, а јас немам поим каде треба да се симнам од возот."

    До Александар Дима синот, францускиот книжевник, стигнале оговарања кои ги ширела некоја угледна и многу убава париска дама. Тврдела дека Дима е толку досаден човек што не треба да му се посвети повеќе од еден час затоа што неговото присутство може да биде штетно за нервите. Тоа многу го разлутло псателот, кој бил познат заводник, па одлучил да се освети. Дознал кога госпоѓата оди сама на море, без мажот, па и тој тргнал по нејзе. Се сместиле во истиот хотел и тој почнал да и праќа долги погледи ;). Конечно подклекнала пред заводникот... Но, точно на сред "љубовните страсти", Александар Дима станал и тргнал кон вратата.
    -Знам колку сум ви досаден. Помина точно еден час. Затоа госпоѓо, ќе ве лишам од моето досадно присуство. - и излегол.

    Ух, знам уште многу, ама ќе ги оставам за друга прилика. Се надевам дека ќе заживее малку темата :)

    Поточно, Лејди Астор и Винстон Черчил :)
     
    На sanjaeva и Name им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Димче Трајковски да не е Дузи? Тој и Петре Прличко имале патувачки театар.
    Извинете за пост под пост :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Доваѓа шевот во фирма и вика:

    „Значи, од денеска нов распоред на работни и неработни денови.. А--аааааа (го чисти грлото)

    • Понеделник се одмараме од викенд
    • Вторник се спремаме за на работа
    • Среда работиме
    • Четврток се одмараме од работа
    • Петок се спремаме за викенд
    • Сабота и Недела - викенд

    И еден работник му вика:

    „А преку една среда се работи?“ :D :D :D :D


    - Одамна го имам чуено, ако не е вака, поправете ме!
     
    На Dr.Zzz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Познатиот магионичар Хари Худини бил многу голем циција. Секој пат кога оделе со неговите пријатели во кафана, тој успевал да се извлече без да плати.
    И си седеле еднаш во кафана тој и неговите другари и еден од нив, кој бил глумец, го прашал дали сака да му покаже еден трик. Нормално, Худини веднаш се согласил.
    Човекот му рекол на Худини да ги стави рацете на маса, и нормално овој веднаш го послушал. Потоа зел 2 чаши полни со вода и му ги ставил врз дланките и му рекол : "Ние сега отидовме, а ти ако можеш извлечи се да не ја платиш сметката."
     
    На Dr.Zzz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    СТУДЕНТСКИ АНЕГДОТИ


    испит
    Кафе на испит

    Доаѓа еден студент на испит, малку знае, малку незнае и се мачи кутриот. Надвор истура дожд студентот се држи за глава, се снајде колку толку за првите две прашања, но за третото ни да бекне. Поминува во тој момент келнерката од бифето и професорот и вели „едно кафе и сено за волот“. Храбриот студент одговара „јас го пијам благо благодарам“.

    Математички правилно

    Полага еден студент на ПМФ, еден моногу тежок предмет, кај многу тежок професор. Се мачи, се препотува студентот, а професорот се потсмевнува. Студентот пиши бриши, професорот упорно се смешка. По некое време професорот вели, „ајде колега да не се мачиме повеќе. Кажи ми колку светилки има во просторијава. Брои, брои студентот и радосно вели 46 професоре.“ Да, одговара професорот 46, и јас една купив тоа се 47. Се гледаме во август колега... Поминуваат неколку сесии и повторно се среќаваат професорот и студентот и секако истата приказна, професорот прашува студентот како од пушка одговара„ 47 професоре, е колега денеска не купив светилка, да но затоа јас купив“ вели студентот.

    Обид за измама

    Полага студент на градежен факултет. Студентот познат како голем фраер, сите девојки залетани по него, главен е на забавите, има добри тетоважи, ама за учење, нема баш време. На професорот му е доста од такви како него па му вели „колега на еден лист ќе напишам положено, на друг паднато, па што одберете тоа ќе биде“ но студентот не знае дека на двата листа пишува паднато. Се мисли ќе пружи рака, ќе ја врати и наеднаш бира еден лист и го проголтува „ еве професоре еден голтнав сега нека биде спротивно на она што е останато кај вас“.
     
    На sanjaeva и Dr.Zzz им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.082
    Пол:
    Женски
    Најновите теории во физиката кои ги воспоставил Ајнштајн многу брзо се рашириле во кругот на физичари низ Европа, па секој универзитет во Европа барал од Ајнштајн да одржи предавање во нивните градови. Треба да знаеме дека во тоа време немало толку брз пренос на информации како денес, така што познато било само името Алберт Ајнштајн, но не и како изгледа оваа личност. Да напоменеме дека ова е почетокот на кариерата на Ајнштајн. Бидејќи се согласил да одржува предавања низ цела европа, потребно му било возач кој ќе го вози до сите универзитети. И така, неговиот возач присуствувал на сите предавања и презентации на најновата теорија на Ајнштајн. На пат кон Лондон, Ајнштајн ја добил најлудата идеа. Знаејќи ги британските физичари како најголеми критичари, решил да се пошегува со нив. Бидејќи никој во Лондон не знаел како изгледа Анјштајн, решил да си ги заменат улогите со својот возач, односно Албер да седи во позадина во текот на целото предавање и да се претставува како возачот на Ајнштајн, додека неговиот возач да се претставува како Ајнштајн и тој лично да го држи предавањето. Оваа задача била лесна за возачот, затоа што тој присуствувал на доволно предавања, па веќе го научил целото предавање. И така и било. Кога стасале во Лондон, Алберт седнал на последните седишта претставувајќи се како возачот на Ајнштајн, додека неговиот возач го одржал целото предавање. Но тогаш настанал проблем. Некој од лондонските физичари поставил неколку прашања во врска со новата теорија.Незнаејќи што да одговори возачот, без размислување рекол: “Господа, па одговорот на тоа прашање го знае и мојот возач”. Тогаш Алберт станал и ги одговорил прашањата на физичарите, со што се раширил зборот низ светот за тоа дека возачот на Ајнштајн е подобар од лондонските физичари, а камоли Ајнштајн.
     
    На sanjaeva, Dr.Zzz, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.