1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анемија (слабокрвност)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од skorpija1992, 7 август 2010.

  1. skorpija1992

    skorpija1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    36
    Здраво многу слаба крв имам.Што треба да јадам за да ми стане појака.Дури и кога станувам од кревет или било што мене ми се завртува како да се оснесвестувам. :) :)
    Поздравв
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Прво да ја откриеш вистинската причина поради која си анемична, па тогаш и да се делува на неа. Како и да е, верувам дека и кај тебе е присутна т.н сидеропенична анемија, т.е анемија поради недостаток од железо, како и кај повеќето млади во денешно време. Кај девојките една од причините може да биде преобилното крварење при менструацијата, што може да се регулира со соодветни таблети кои ќе ти ги препише гинеколог. Освен тоа, можеш да земаш препарати кои содржат железо, јас од лично искуство би ти ги препорачала Фероглобин (освен железо имаат и Б12 и фолна киселина) или Tothema кои и на трудници им ги препорачуваат, и многу брзо се поправа крвната слика. Исто така, има и домашно приготвени препарати кои помагаат во подобрувањето на крвната слика. За тоа, можам да ти напишам рецепт, ако си заинтересирана. Треба да јадеш и доста месо, спанаќ, цвекло, да земаш Ц витамин на било кој начин бидејќи ја помага ресорпцијата на железото во цревата. Освен тоа, може да пиеш и Ревита - и тоа помага во подобрувањето на ситуацијата.
     
    На marchy15 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. skorpija1992

    skorpija1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    36
    Прво да ја откриеш вистинската причина поради која си анемична, па тогаш и да се делува на неа. Како и да е, верувам дека и кај тебе е присутна т.н сидеропенична анемија, т.е анемија поради недостаток од железо, како и кај повеќето млади во денешно време. Кај девојките една од причините може да биде преобилното крварење при менструацијата, што може да се регулира со соодветни таблети кои ќе ти ги препише гинеколог. Освен тоа, можеш да земаш препарати кои содржат железо, јас од лично искуство би ти ги препорачала Фероглобин (освен железо имаат и Б12 и фолна киселина) или Tothema кои и на трудници им ги препорачуваат, и многу брзо се поправа крвната слика. Исто така, има и домашно приготвени препарати кои помагаат во подобрувањето на крвната слика. За тоа, можам да ти напишам рецепт, ако си заинтересирана. Треба да јадеш и доста месо, спанаќ, цвекло, да земаш Ц витамин на било кој начин бидејќи ја помага ресорпцијата на железото во цревата. Освен тоа, може да пиеш и Ревита - и тоа помага во подобрувањето на ситуацијата.


    може рецептот домашниот да ми го кажиш ... :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    За рецептот еве, ќе ти го кажам. Вкусно е за јадење ;)
    Се прави мешавина од една тегла мед, околу 100 г мелено семе од коприви (можеш да го најдеш во продавници за здрава храна - ако е пакувањето од 100 г, тогаш стави 50 г, мислам дека ќе ти е доволно), 100 г толчени ореви, 100 г толчени бадеми, 100 г толчени лешници и сок од три лимони. Сето тоа убаво се меша, се чува во тегли, препорачливо во фрижидер. По една голема лажица ќе јадеш, наутро на гладно, а во текот на денот можеш кога ќе посакаш, пак да каснеш. Ама не само тоа, мораш да јадеш многу цвекло, спанаќ, свежи пиперки, брокула - сиот листест зеленчук има железо, а освен тоа, и месо, особено џигер (ама многумина не го јадат). Имаше и еден сок кој се правеше од цвекло, лимони, моркови и јаболка, ама не го знам точниот рецепт. И тој е исто така многу вкусен, дури и не мириса толку цвеклото. Освен тоа, можеш да пиеш и Ревита, слично е на цедевита, од шумско овошје, а содржи доста железо. Не сум сигурна дали може во аптеки да се најде, јас го купував преку застапник на Ревита.
    Бидејќи велиш дека имаш вртоглавици, веројатно ќе треба да пиеш некој препарат со железо. Тие што ти ги спомнав во претходниот пост се одлични, цената им е околу 460 ден. - Фероглобин, а околу 300-400 ден. е Tothema. Ама не двата да ги пиеш истовремено, одлучи се за еден. Јас го препорачувам фероглобинот.
     
    На Minnie-e и imorena им се допаѓа ова.
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    јас порано имав слаба крв. И ти препорачувам Фероблобин, спанаќ, тоа рецептот од Annath, моркови, ама и месо. Пијав и еден сируп покрај апчињата, ама не ми текнува како се викаше. Само рецептот од анатх јас само со коприва,мед и лимон и мене ми беше одвартно, ама ко ќе мораш, мораш ;)
    Ако сакаш нешто подетално пиши лична и ќе ти кажам.
    И сирења, млеко и зелка, марулка,јајца односно она што содржи калциум не треба да го јадиш често, бидејќи го уништува железото во крвта
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Убаво ти има кажано Аннатх..Сепак ќе одиш на лекар да се провериш и ќе ти препишат витамин Ц да пиеш заедно со Б6 и фолна киселина(таблети)...И ете Фероглобин може да пиеш поскапи се инаку..Додуше јас ги пиев ама нешто многу не помогнаа.Инаку добри се шумеќите таблети со железо на Суправит, ако ги најдеш купи.И нормално да јадеш зелен заленчук,црвен..брокула,спанаќ,марула..цвекло обавезно свежо..Може да си правиш салата рендано цвекло со морков.И црвено месо богато е со железо, обавезно.Темна чоколада исто може... Е и ако пиеш кафе гледај да го намалиш на едно на ден или ич да не пиеш.Кофеинот го уништува железото.
     
  7. skorpija1992

    skorpija1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    36
    фала многу
    а јас па многу пијам млеко и затоа може и оваа ми се случува и по обичај имам слаба крв но вртоглавици немав сега и тоа ке одам ќе ја проверам крвта и ќе видам што ќе ми дадат :)
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Вртоглавиците не мора да бидат предизвикани од слабокрвност, иако најчесто се од тоа. Најпрво ќе си направиш анализа на крвта, крвна слика,и таму детално ќе ти покажат дали крвта ти е добра или ако имаш неодстаток каков е.
    Јас бев анемична подолго време, и редовно правев крвни слики преку кои ми ја следеа стиуацијата. Хемоголобинот ми беше драстично намален и пиев мешавини од витамини и железо. Јадев многу зеленчук, посебно салати со цвекло.
    Сега крвната слика ми е супер, подобра од било кога.

    Најважно е да одиш да си направиш крвна слика, и да видиш што не е во ред. Понекогаш вртоглавиците се нешто друго.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    И да си пиеш млеко..Млекото содржи Б витамини,фолна киселина...дури и железо.Ако се чувствуваш омалаксана секојдневно,без сила,без некоја волја...Тогаш железото ти е ниско.И може да се поврзе со вртоглавиците.Ама сепак прво на доктор после во апотека по витамини и таблети за јакнење на крвот. ;)
     
    На Miiaa98 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vilda

    vilda Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Анемија (Слабокрвност)

    За Слабокрвност имам еден домашен рецепт а рецептот е :
    1 кг мед
    1 кг портокал
    1 кг цвекла
    1 кг јаболки
    1 кг моркови
    и ореви колку сакаш
    ги отстранува надворешните слоеви на портокалот цвеклото морковот и со ренда ги сечкаш портокалоите цвеклите јаболкото морковот и оревите ги ставаш во некоја тепсија после се воведе медот нека стојат 1-2 часа и од време на време ги мешаш после ги ставаш стаклените шишиња што се за мед и се стават во ладилник после можеш да јадеш колку сакаш на ден на мојата мајка имаше многу добри резултати.
    а и тотхема се пијат со витамин ц еднаш на ден се 280ден. И можеш да јадеш
    бели дробови испомешани со спанаќ толку што знам.
     
  11. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Анемија (Слабокрвност)

    Има некој што примал Б 12 инекции поради анемичност?
     
    На мкд98 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Анемија (Слабокрвност)

    Јас сум примала, уште пред некое време. Има ефект, не дека нема, ама кај мене не е толку изразен, после престанок на терапијата анемијата пак ми се врати (од обилните менструации). Е сега, боли малку кога ти ја ставаат инекцијата, ама се издржува, јас ги примав секој втор ден, интрамускулно.
     
  13. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Анемија (Слабокрвност)


    Ти благодарам за одвоеното време и за одговорот.
    Јас треба да ги примам 2 месеци, но по една неделно. Се надевам на резултати, но ме плаши тоа што го слушнав и од тебе, дека е кратко траен ефект.

    Поздрав.
     
  14. Blue.Butterfly

    Blue.Butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Анемија (Слабокрвност)

    Nekoi vikaat deka pomagaat...jas 10 primiv i toa sto bolki istrpiv,uste kolkovite me bolat :lol:
    Nikakov efekt,zavisi mozebi!
    Inaku piev i iron plus i legofer i duovit i uste sto ne...
     
  15. Blue.Butterfly

    Blue.Butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Анемија (Слабокрвност)

    Inaku me interesira kakvi poteskotii imate?
    Jas imam poteskotii pri napor - tahikardii i zamagluvanja!
     
  16. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Анемија (Слабокрвност)

    Истите потешкотии ги имам и јас, само што плус ми се премногу врти. Ми се случува ако не се задржам на нешто да се струполам. Некогаш ми требаат и по 15 минути да си дојдам при себе од вртење и замаглување. :o
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Анемија (Слабокрвност)

    А зошто се прима Б12? И мора ли инекции, не помагаат таблетите?
    Анат фала за рецептот, ми го олесни жоивотот. Мене мајка ми ме тераше само мед со семе од коприви да јадам, ама со бадеми и лешници друго е :)

    Јас порано не сум имала проблеми со анемија, дури железото ми било над нормала, ама последниов период железото и хемоглобинот ми беа на долна граница, за летово речиси да ми ги снема :)
    Во јуни имав серумско железо 6.6 ако не се лажам, а хемоглобин околу 110, а на почеток на август серумско железо 1.4, а хемоглобин 98. Појма немам што ми се случило. Тогаш бев ептен под стрес, ама сум била и друг пат, па не ми се случувало ова.
    Најинтересно е што немав никакви симптоми, туку случајно открив.
    Обилни менструации имам, ама сум ги имала отсекогаш. Ми река дека може сум имала резерви, ама ми се потрошиле. Всушност, што е обилна менструација? Може ли некој да ми објасни?
    Почнав да пијам железо, прво фероглобин па тотхема, ама после други проблеми имав од тотхема, па привремено ги прекинав. Не е лошо пак да продолжам, ама со нешто полајт од тотхема.
    Освен лекот на Анат пијам или јадам маџун - тоа е нешто што личи на мед од грозје :).
    И да, се убив од јадење џигер и школки. Школките имаат најмногу железо. Исто така се трудам да внимавам на храна што ја инхибира или поттикнува апсорпцијата на железо. На пример кафето ја инхибирало, па гледам сабајле да не пијам кафе одмапосле железото, туку да помине барем еден саат. Ме изненади и тоа што црвеното вино инхибира, а белото помага птри апсорпција. И се разбира, витамин Ц за апсорпција, што го конзумирам во сите форми :)

    Треба деновиве да правам анализи пак. Мислев утре, ама не можам, во државна се чека по 3 саати, а таму бев минатиот пат, и сакав пак да одам. А немам време утре толку. Може ќе одам негде на приватно колку да видам како стојат работите. Не ми само за подобрување, ќе ја подобрам, ама сакам да знам зошто така нагло ми се упропастила крвта, што може да е причината?
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Кога еднаш ќе се појави анемичност...не значи дека целосно ќе се среди..може пак да се јави.Затоа повремено треба да се пијат витамини Б12,Б6 и железо.Железото е најпотребно.
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ариел и јас имам пиено железо од различни фирми да кажам...Ама случајно ги открив шумливите таблети од Суправит и задоволна сум.Ако сакаш побарај ги во апотеките,Зегин сигурно ги има.Пробај добри се.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Витамнинот Б12 е потребен за синтезата на хемоглобинот чија главна градивна состојка е железото. А таблетите се ефикасни само ако нема проблем со ресорпцијата на Б12 во цревата. За ресорпција е потребен т.н интринзик или внатрешен фактор кој се ослободува од цревните клетки. Ако постои сомнеж, или е докажано дека недостига тој фактор, поголем ефект ќе имаат инјекциите со Б12 отколку таблетите. А ако е присутен, добра е комбинацијата од железо и Б12 витамин. Јас пијам Фероглобин како комбинација од железо, Б12, фолна киселина, цинк и некои други минерали и витамини.
    Инаку, мене крвната слика ми е сосема нормална, само хемоглобинот и хематокритот ми се со намалени вредности. Серумското железо ми варира, само еднаш ми било ненормално ниско, а сега ми е добро иако поблизу до горната граница. А Б12 инјекции примав затоа што се сомневаа дека ми фали тој фактор за ресорпција, ама не било така, бидејќи после терапија со железо од 6 месеци, крвната слика ми се поправа доста. Ама после пак ми се намалува. Треба да одам на хематологија да се испитам, да видам која е вистинската причина што сум скоро хронично анемична. А обилни менструации се менструации при кои се губи огромна количина крв. Еве, за да имате слика колку ми беше мене обилна - првиот и вториот ден заедно трошев две пакетчиња ноќни влошки, по две на мене, плус понекогаш ми протекуваше. Па мислам дека може да замислите колку многу е тоа. Инаку, мене доктор интернист ми кажа дека мојата ситуација се среќава кај огромен број млади девојки и дека ќе се среди кога ќе се омажам и ќе родам. За тоа, допрва ќе видиме.
     
    На Nina24 му/ѝ се допаѓа ова.