Не знам точно од кога ми е анемијата, но знам ми беше резултирана пред 2ипол години, кога требаше да дарувам крв. И до пред еден месец ја имав, се додека не почнав со здрава храна односно на нутриционист. Нутриционистот за анемијата ми даде да јадам,секој ден, една малечка лажица малтекс помешана со мелена коприва, чај брусница, сува брусница и природно цеден сок од морков. Наредна недела правам точно два месеци од таа исхрана, и сега кога ги направив резултатите, ако ви се верува, анемијата воопшто ја нема Но, сепа се уште ќе си терам со тоа јадење.
Серимското железо ми е добро 11,9. Ниски ми се, под граница и mcv,mch, не знам тие што значат, а сега брзо бев на гинеколог се беше океј, а хемороиди мислам дека немам.
@kostadinka24 јас го користев. Вкусен е тоникот и ми даваше многу енергија. Пробај, ништо не губиш. Не направив анализи додека го користев ама се чувствував подобро.
Jas pocnav da go koristam malce mi e kako totemata ama go goltnuvam bas me interesirase dali ja poptava krvnata slika a mi rekoa vo apteka demek i ke mi se zgolemel apetitot bidejki barav nesto takvo pa aj demek floradiksot i za toa .pa ajde ke vidam celo sise treba da go ispijam taka????
Јас со последнава анализа сум слабокрвна, Хемоглобинот и еритроцитите. Додека пред 3 месеци ми беше крвот за чудо во животов мој прв пат супер, јак. Земам витамин Б12 кој треба едно 2,3 месеци. Кај мене и вртоглавиците се посебно пред циклус проблем. Се надевам со исхраната и со додавање на витаминот како суплемент ќе успеам да се вратам во нормала.
Обавезно цело шишенце, биди редовна. Има и витамини во ова, па дејствува и на апетит. Да дадам апдејт за мене, повеќе пати сум спомнала ама не штети пак да споделам добро искуство. Откако исклучив глутен од исхраната сум само со витамини и супер ми е. Посвесна сум и немам чести вртоглавици. За некој што цел живот пиел железо без долготраен ефект ова е огромно постигнување. За жал докторите ретко се фокусираат на тоа да ја откријат причината. Само ќе препишат тотхема и готово, на наредната крвна слика ќе е покачено железото и мислат го решиле проблемот. А може да е до б12, фолна киселина, ете и нетолеранција на глутен. Кај мене проблемот беше хроничен, на секои три месеци упорно истата терапија ми ја даваа иако немаше резултати. Многу ми е криво што си го расипав желудникот со ампули, дури и интелектуално опаднат од таа тапост и нефункционирање на умот... Не се зезам. Ако истото ви го прават, ви препорачувам да побарате друг доктор што ќе проба да дојде до причината.
Б12 витаминот е битен. Месото и рибата се извор на тој витамин. Затоа во редовна исхрана треба да имате почесто оброци од месо и риба. Покрај зеленчукот и овошјето. Него важен е кислородот, а нашава средина загадена затоа и тешко се закрепнува. Затоа што почесто престој на чист воздух. Да не заборавам ... витаминот Б12 се пие од 2 до 3 месеци.
Zdravo, ovie posledni dve nedeli cuvstvuvam bolki u glavata, vrtenje, gadenje i sekoe vreme mislam ke se zagusam. Na sekoe stanuvanje od krevet cesto moze da se sluci da mi se privrti... kazete mi kako da se spravam so ova
Оди на лекар. Инаку, и мене ми се вратија истите симптоми. Се влечам цела недела несвесно, не можам да мислам, едвај сработувам и цело време ме боли главата. Повеќе од една година не сум направила анализи, супер се чувствував. Ама ете.
Мислам дека модринките излегуваат кога се намалува бројот на бели крвни зрнца, не сум баш сигурна. Инаку, @LivingGlam, не знам дали досега си пробала да конзумираш аронија. Јас си имам залихи во замрзнувач и два-три пати во текот на денот кркам по неколку зрнца. Ова нејмногу ми помогна за подобрување на мојата крвна слика, од раѓање бев анемична, сега ситуацијата е далеку подобра.
Правам смуди со банани, рибизли и аронија, ама не баш секој ден. Инстантна енергија ми дава и супер е.
@kLem23, замрзната има скоро во сите маркети. Вака изгледа: Забележав и свежа пред некое време, само не верувам сега да има.
Дајте, кажете каков вкус има ова аронијава? Гарант сум слабокрвна (поспана сум цело време, косава начисто ми попадна, модрици лесно ми излегуваат), ама за вкусови сум малце терсене. Убав вкус ли има? Да не остава некое брашнесто чувство во уста?
Многу убава е.Бидејќи сум голем обожавател на шумско овошје (а не сум слабокрвна) секое сабајле пијам по една чаша чај од арноија и ептен ме освежува.Ако толку не можеш да ја поднесеш мислам дека ја има со микс со повеќе шумски овошја.
Јас лани пред да останам бремена многу ми беше слаба крвта, хемоглобинот ми беше 7,8. Матичната веднаш ме испрати во болница, но таму ( во велешката болница ) ми рекоа можеме само да ти дадеме крв ништо повеќе па така во разговор со докторот му реков да ми даде упут за Скопје на Хематологија, не сакав да примам крв, туку да пробам се да ја подобрам па ако не бива дури тогаш како крајно решение. На докторот во Скопје кога му кажав што ми рекоа во нашата болница, се запрепасти. Најпрвен испитував да не има некое внатрешно крварење, исто бев на гинеколог но се установи дека се е во ред, само од исхраната ми беше слаба крвта. На почеток ми препиша витамин ц плус хеферол ги пиев два пати дневно. Секако ја подобрив и исхраната, јадев се што содржи железо, докторот ми рече исто така месо дури секојдневно да јадам ( не јадев секој ден ама барем 2-3 пати неделно ). Наутро кога ќе станев јадев обавезно аронија исто така и пред спиење неколку зрна. Во текот на денот пиев обавезно по 2 чаши чај од коприва или микс од коприва, нане, жалфија, мајчина душица со мед и лимон. Исто така јадев по една лажица мед со ораси. По еден месец бев на контрола и не ми се веруваше. Хемоглобинот ми беше 120. Продолжив со истото само хеферолот ми ги намали на 1 дневно. Наредната контрола уште подобра ми беше 130. По препорака на докторот ги пиев уште извесен период хеферолот, но и откако прекинав со нив крвта ми беше одлична. И во текот на бременоста крвната слика ми беше супер, само последниот месец или два ми препорача гинекологот да ги пијам превентивно. После пораѓајот мислев дека повторно ќе се исплашам од резултатите, но не хемоглобинот ми беше 120. Погоре веќе напишав дел од она што сум применувала. Исто така понекогаш купував вишни, капини замрзнати исто и боровинки најдов свежи па си замрзнав. Само цвекло не можам да смислам, оние што можете плус јадете или пијте сок од цвекло.
Има малку опор вкус, ја собира устата, барем кај мене. Ама мене реално не ми помогна аронијата. Секој ден јадам по десет зрна најмалку, на гладно. Имаме наша, домашна, ама кога ќе ми се потроши купувам замрзната од маркетиве. Не ја обожавам, ама ја јадам од што морам. Ако си слабокрвна со низок хгб и ниско железо, и тоа трае подолго време, испитај се на хематологија. Секогаш има причина за анемијата и таа мора да се тргне. Џабе ти е оправањето на исхраната ако проблемот е на друго место.