Ги знаеш оние незрели работи што ти ја собираат устата кога ќе ги каснеш и не знаеш што си јадела уствари? Е таков е вкусот, не можеш никако да го дефинираш и радо би го избегнала. Мене не ми се допаѓа, ама за смуди е супер, посебно кога ќе измешаш со рибизли, малини, капинки и такви чуда. Волшепство во чаша.
Гледам да ги избегнам сите оние железни препарати, бидејќи имам осетлив желудник, па ќе почне да боли, па да ми се гади (освен ако нема таков што баш "friendly" од тој аспект, да не предизвикува тегоби). А причината е позната, лоша и слаба исхрана подолг временски период, па дури и принудно (не по моја желба) гладување. За жал, мене така ми влијае анксиозноста, директно на апетит ми удира. А од друга страна, долго ми трае состојбава, па по опаѓањето на косата се ориентирам „до каде сум“. Се канам да направам крвна слика, ама смачено ми од одење по лекари, па само одложувам.
Извинете што се "убацувам" , а сега да кажам.. Јас купив такви во тинекс, а имам и чај. Во тој маркет не знам дали има бидејќи таков нема во местото кај живеам.
Би требало да има, во делот кај замрзнатите продукти. Јас најчесто земам свежа од пазар или пак оваа во кутивчиња од Тинекс. Многу фина работа е аронијата, ја обожавам.
Секојдневно се борам со замор од слабо железо,чај од коприва секогаш ме освежува. Избегнувајте кафе и газирани пијалоци, само вода и чај.
Јас да, кога имав најниски вредности на хгб и серумско железо, исто и останатите вредности ми беа прилично ниски. Обично тоа се советува во случаи на акутна анемична состојба, а често и во случаи на хронична анемија кога тешко се решава со друг вид терапија. Јас одбив да примам крв, сакав на друг начин да ја решам, засега успешно. Понатаму ќе видиме.
Неодамна направив крвна слика, хемоглобинот катастрофа. На 90 ми паднал. Отсекогаш сум била анемичнa и никогаш не ми бил повеќе od 104. Имам многу читано за аронија и маџун и секаде пишува дека се решение за низок хемоглобин, па сега ги конзумирам во комбинација. Да ви кажам искрено не е лошо, прав десерт е. Едно филџанче маџун и 15 зрна аронија. Инаку мој совет ви е да си купите домашен маџун бидејќи овие што ги продаваат во аптеки не се верба, им додаваат шеќер. На сите ви посакувам подобрена крвна слика
Еден филџан маџун дневно е премногу. Доволно е една голема лажица на празен стомак наутро.Цел филџан не.
Dali nekoj koristel pcenicna treva vo prav, za podobruvanje na krvna slika? Od koja vozrast moze da se dava na deca?
Јас му давам на син ми онака, не за крвта, туку општо. На упатството пишува дека за возрасни се дозира едно лажиче дневно, за деца над пет години половина лажиче. Што значи дека за помали би требало уште помалку. Син ми има 4 и пол години, му ја давам веќе цела година, по третина лажиче или помалку, сепак е концентрирана. А дали има ефект врз крвната слика не би знаела да ти кажам, пошто мојов немал досега проблеми со тоа, фала Богу.
Да споделам еден домашен лек со вас. Многу луѓе ми го препорачаа за анемија, демек било бомба за низок хемоглобин. Половина тегла мед Семе од коприва Мелени ореви Цели мелени лимони Почнав да козумирам по едно лажиче, сабајле и навечер, секојдневно. Откога ќе го изедам целото, ќе направам крвна слика и ќе ви кажам дали навистина има подобрување. Инаку вкусно е.
Здраво пред некој ден правев крвна слика и испадна дека железото ми е ниско ми препишаа да пијам хеферол капсули 4 месеци заедно со витамин ц. Дали некој имал искуство со овие капсули дали помагаат.
Предлог за домашни рецепти за подобрување на крвна слика? Цел ден сум со блендерот и соковникот, цело време нешто блендам, мучкам, си правам комбинации и специјалитети- штомидојдеприрака. Сама сум си крива, последниве 4-5 месеци си се запуштив со исхраната, безврска се хранев. Не само крвната слика, туку и косата ми изгледа многу полошо, иако до пред 6 месеци имав 150 хемоглобин, што и брат ми којшто тренира 10 години и се храни постојано здраво имаше крвна слика ко мене. Цвеклото го обожавам, ама го избегнувам затоа што отсекогаш имам низок притисок 90 со 60, а нели тој дополнително го намалува. Па ми треба нешто што нема да го намали и крвниот притисок. И од каде ги набавувате медот, малтексот и сличните здрави продукти? Мака мачам да најдам убав природен мед без триста шеќери во него.