Би ти препорачала да си правиш smoothies,јас си правев порано,бидејќи не јадам месо,од сокови,смутис и витамини си ја поправив крвната слика-хемоглобиот(HGB) од 10 до 14,5(според некои вредности ми мереа).Ставав половина цвекло(свежо,т.е сите продукти свежи ги користев),цело морковче,лимон(без кора)или лимонов сок,половина јаболко и банана.Исто јадев и семе од коприва во кисело млеко.Исто можеш и салата од зелкa,морков и цвекло да си правиш,ем внесуваш витамин Ц (што помага нешто во врска со апсорпција на железото) ем железо.Се надевам дека помогнав колку толку,ако имаш некое прашање или било што ќе се потрудам да ти помогнам.
Јас цел живот сум анемична.Единствено ми помагаат Фероглобин таблети + витамин Ц (во комбинација).Исто така и цвеклото. Имам слушнато за природни лекови но не сум пробала: Чај од коприва Една лажица листови од коприва прелијте ги со 2 децилитри зовриена вода и оставете да отстои пет минути. Чајот процедете го и пијте го додека е млак. Препорачаната доза изнесува три шолји дневно. Чај од четири билки Помешајте иста количина на листови од коприва, жалфија, мајчина душичка и нане. Лажицата од оваа мешавина прелијте ја со 2,5 децилитри студена вода, мешајте една минута, па оставете да отстои пет минути. Процедете, засладете со мед и додајте сок од лимон. Дневно треба да пиете најмалку две шолји или околу половина литар од овој чај. Чај од рен Во литар вода ставете 20 грами корен од рен и варете околу 20 минути. Оставете да отстои преку ноќ, процедете и пијте две шолји на ден, најдобро помеѓу оброци. Чај од орев Варете 20 грама свежи листови од орев 15 минути во литар вода, па процедете. Пијте една шолја дневно, пред ручек. Напивка од кромид Изчистете и измијте 200 грама кромид, прелијте го со чист алкохол и оставете го да стои три недели. Три пати дневно пијте по 20 капки од напивката која сте ја додале во половина чаша млеко. Какао крем Добро изматете 250 грама какао, 250 грама кафеав шеќер, 250 грама путер, 2 лажици морска сол, 7 лажици јаболков оцет. Ставете во тегла и земајте три пати дневно по една лажица од кремот.
Сите препарати со железо се тешки за желудникот, не е чудно да имаш мачнини. Јас и сум повраќала и сум се превиткувала од болки. Ако ти е многу тешко, консултирај се со матичната да пробате со некој друг препарат.
Nasabajle imav macnini I nemozev da jadam iako mi se jadi vcera ne se napiv I sabajlevo mi bese podobro
Dali vi se slucilo kako da ne ja osekjate ubavo ednata raka kako da nemate sila samo vo ednata raka mene momentalno toa mi se slucuva nekoe cudno cuvstvo
Единствено од нив сум немала мака наутро, а немам што немам пробано од препарати. Или смени препарат, или каснувај си после 5-10 минути нешто колку да не си гладна (само не млечни производи).
Семето од коприва во комбинација со што го земате. Мед или јогурт? Кој е соодносот? Дома имаме нешто помалку од тегла природен мед останато, а човекот што ни го продава нема моментално...
Дали некоjа би можела да ми каже каде и како се испитува леукемиjа?! Детално А да и коj броj се нормалните леукоцити? Важно ми е ве молам.
Треба да избегнуваш млечни производи кога си анемична.Семето од коприва измешај го со мед,стави од прилика семе,нема правило,можеш да додадеш јаткасти плодови, суво овошје.Мене само мед и коприва не ми е вкусно ама искомбинирано се јаде некако,ама јас многу густо го направив, неколку пати му додавам мед ама пак не ми е убаво.пробај по вкус и ке го направиш.
Леукемија ке се види и при обична крвна слика.Леукоцитоте ке скокнат ненормално мн. Ова најпросто кажано. Ако те интересираат детали пиши ми лп ке разговараме
Здраво,сакам да се посоветувам со вас. Пред околу 5 месеци бев на диета и крвта многу ми ослабе,а менструација немав 4 месеци,се додека не се вратив на стариот начин на исхрана.Сега ми е се во ред со менструацијата.Но,имам многу за слабеење околу 25 кг. Внесов некој режим во исхраната сега веќе ми е 3 ден,ама се плашам пак да не ми се повтори тоа. Затоа сакав да ве прашам дали има некакви шумливи таблетки(без додаток на шеќер) или витамини кои содржат железо(против анемија), за да ги пијам после ручек на пример и од каде се купуваат?
Дечки да ве прашам, дали фероглобин б12 навистима помага за железо, јас не сум анемичен но сепак железото ми е слабо, серумксото железо ми е 12.9, а 9 е границата и 31 максимумот, пробувам преку исхрана ама мислам дека тоа многу бавно иде, а капсулите хеферол неможам да ги голтнам, па сакав да ве прашам дали сирупот фероглобин е добар и како може да го користам без притоа да ги расипам забите ? ви благодарам.
Јас 12,9 железо не сум имала никогаш па ништо не ми фали, обично ми е од 4 до 6, инаку 6 е долна граница, со 12 ка железо не си анемичен. Што се однесува за сирупот ефикасен е ама треба да го земеш правилно, најдобро е пред спиење (предходно 2-3 саати да немаш јадено) и плус да земаш витамин ц од 1000 мг можеш со некој сок за подобро да се апсорбира.После изми си ги забите одма и немаш гајле.Фероглобинот го има и во капсули, ако можеш да голташ земи ги подобро нив.
Границата за мажи е повисока. Инаку @Mehmet, не ти треба никаква терапија со ваков резултат. Фероглобин и сите други препарати со железо се многу тешки за желудникот и може да ти направат штета, а Б12 не смееш да земаш на своја рака. Со исхраната и да оди бавно, сепак ќе постигнеш добар резултат и ќе се чувствуваш одлично веднаш штом ќе ја подобриш. Едно добро смуди на ден ќе направи забележлива разлика.
Ви благодарам многу на одговорот, инаку незнам зошто но често се чуствувам уморен, си пијам витамин Ц 1000мг еднаш на ден, б комплекс 3 пати на ден, и дуовит мултивитамини но сепак понекогаш се чуствувам уморен и заспан, сум направил 3 вида тестови: крвна слика (се е ок, освен железото малце послабо), ехо (се е во ред) и екг (исто така се е во ред), диагностициран сум со акутен синуситис па не знам дали тоа создава умор, а некогаш дури се чуствувам како да ми се врти, особено кога легнувам се чуствувам како да лебдам па се мислам да не е до железото :/
Не е од железото, од настинката е, поточно од синузитот. Сите шуплини во главата се поврзани, па секретот може да оди од синусите во носот, во ушите или во грлото. Можно е да се афектирани и ушите, конкретно средното уво, таму е центарот за рамнотежа, затоа имаш вртоглавици. Кога ќе оздравиш, би требало и вртоглавиците да ги снема.