Има ли некој што користи маџун и може ли да ми кажете како го пиете,го растварате со нешто или така обично?
За видливи резултати потребна е разновидна исхрана и редовна секако. Маџун, цвекло, леќа, спанаќ, месо, јајца, боровинки, аронија, брокула..Многу треба да се внимава.
Дали на некого му се има случено од tothema-ва да има ептен болки во желудникот? Ме искина мислам дека, се напив и улкодин ама џабе
Мене ми се случуваше на почеток, посебно ако го пиев само со вода. Ама не знам за толку силни болки, мене ми се јавуваше мала болка и повеќе како гадење,обично растварав малку ѓумбир и вода и одма ми се смируваше.
Фактички маџун е гроздов мед Маџун е извонреден природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови виновa лоза од македонското поднебје.
Искрено не би знаела конкретно да ти кажам. Мене матичниот лекар ми го препорача зошто не можев да ги истрпам апчињата, го земав и тогаш ми беше подобрено железото тој период. Во секој случај не штети, освен на болни од шеќер, зошто содржи ептен глукоза.
Јас повраќав од нив. Многу се мачни за желудник. Барај да ти смени терапија ако не ги поднесуваш, види за некој ден како ќе биде.
Секогаш сум била анемична , но сега ептен ми е опаднато железото 2, 60, а и хемоглобинот 8.50 Сирупот никогаш неможев да го пијам ми се од апчиња ме боли желудникот , а си јадам редовно овошје и зеленчук ..
Пиј ги растворени во цеден сок од портокал, би требало да ти е полесно така, ама ако не ги поднесуваш на гладно, пробај после јадење да ги пиеш. Гледај јадењето да не содржи млеко или млечен производ, ниту пак да пиеш кафе/чај непосредно пред или после земањето на ампулата. Ако и после јадење ти е тешко на стомакот, тогаш треба да ги смениш. Во принцип, сите препарати со железо со тешки за желудник, барем јас што сум ги пробала, освен Хеферол капсулите.
Здраво.Нова сум во форумот и сакам да ве прашам доколку сте имале слични резултати.Бремена сум во 4 месец и правев крвна слика хемоглобинот ми е 104 а железото 26.Што би требало да конзумирам за да ми се покачи хемоглобинот.Ви благодарам
Секоја храна што содржи протеини..јајца, месо, семки од тиква, јачменова трева со јогурт(побарај во аптеките), риба, сирење, грашок, ореви, сончоглед..