Јас кога се вртив од пораѓај хемоглобинот ми беше 70, за месец ипол го качив на 128. Секојдневно пиев како по шаблон значи дури некогаш немав место и време да јадам нормален оброк од што конзумирав: семе од коприва со мед, маџун, 3-4 шејка секој ден од по 0.5 со морков, цвекло, брокула и спанаќ (зависи кое како ги ставав, не сите наеднаш) и + испив тотхема 3 паковања (за цела среќа немав никаков проблеѓ од нив и супер ги поднесував) Така да јас бев многу упорна во конзумирањето тоа многу ми помогна, исто и нутрибулетот, сите смути-а во него ги правев, дури и коприва изблендирав која најтешко ја поднесов за пиење Да не заборавам и телешко месо јадев.
Здраво мене ми рекоа дека сум анемична со мнооогу ниско железо и еве 10тина дена пијам хеферол капсули, сакам да прашам дали треба да ги пијам и додека имам добиено? и уште едно прашање, крвта ми е посветла(поцрвена) дали тоа е нормално од апчињата? Поздрав и со лесно на сите
Крвта ти е посветла од тоа што си анемична, не од капсулите. Пиј ги редовно, во циклус особено оти тогаш се губе и повеќе крв.
Искуство со tothema ампули? Дали сте имале лошо искуство, гадење или нешто слично? Ве молам за одговор, препишани и се на болна личност, но страв ми е од несакани ефекти. Фала
Секој реагира различно. За да не и’ се гади, добро е да ги раствори во сокче (по можност бистро црвено, зашто и самата ампула е таква), и да пие со цевка директно во грло. Желудникот ако реагира пак ќе реагира, ама барем нема да и’ се гади од вкусот. Некои супер ги поднесуваат.
Ги пиев tothema ампулите во комбинација со feroglobin сирупот. Многу ми помогнаа и за кратко време железото ми дојде во граници на нормала . Имаат непријатен вкус.. но многу помагаат. Јас ја ставав ампулата во голема лажица и ја голтав со затнат нос и веднаш потоа пиев вода или јадев нешто благо.
Ампулите се ептен ефикасни ама да бидам искрена се многу ГРОЗНИ. Ги пиев во мала количина сок од боровинка. Имав проблем со столицата од нив, ама крвта ми ја среди топ! Препорачувам дефинитивно.
@LivingGlam @_minnie @fana фала ви многу, малку сум успаничена, страв ми е да не има дополнители болки, затоа што и онака ситуацијата е лоша.
Ампулите во случајот можат само да помогнат , тие се всушност перорален раствор и мислам дека не би правеле никаков проблем ниту дополнителни болки.
Јас ги пиев после порѓај, 2 пакувања испив, многу ми помогнаа, и за чудо мене воопшто не ми се гадеше од нив, и супер ги поднесував (ги растварав во 70/80 мл вода) и така ги пиев, една ампула сабајле пола саат пред јадење, една вечер. Инаку пиев и таблети фероглобин, и тие се доста добри. Иако ситуацијата е лоша, мислам дека само можат да помогнат, не би требало да направат дополнителен проблем.
Често одам да си ја проверувам крвта бидејќи имам анемија слаба ми е.Не јадам баш месо,цвекло такви работи,пред една недела ми беше 100 крвта.Денес отидов 130А цела сум бледа цело време,и ги осекам истите болка на анемијата,главоболка,изнемоштеност и друго.Докторката викаше можно ли е ова,сакаше пак да ме провери ама вика апаратите не лажат...Сакав да правам од што можи толку да ми се накачи кога ништо не јадам за толко кратко време,бидејќи ова малце ми е чудно.
За првпат имам ниско железо (6.2) со нормален хемоглобин. Сакав да ве прашам, дали сте правеле додатни испитувања бидејќи читам дека тоа е често поврзано со цревата, а јас неколку месеци страдам од подуеност, тешко варење, гасови и сл. Исто така, дали испитувате и феритин?
Здраво Да те прашам тебе и сите останати. Гледам повекето викате дека мешате семето од коприва со мед и плус лимон,за да се врзе нели, тоа ок. Но зошто мед? Јас пијам пола лажичка семе од коприва во чаша вода и плус пола исцеден лимон. Да не грешам нешто? Дека повеќето гледам спомнувате мед
Искрено незнам, јас крвната слика ја дотерав со премама дуо,кога останав брембре, и сега уште ги пијам за време на доење,тоа со мед и коприви не ми помогна воопшто, цела тегла ја фрлив.Сега пијам смути често со семиња,спанаќ,овес, и крвната слика ми е топ.
Здраво женски. Поради слабо железо пијам хеферол капсули, фолна киселина и Б комплекс во таблети. Дали постои можност да ме здебели оваа комбинација? Посебно поради фолната киселина и Б комплексот. Дали имате вакво искиство?
Индивидуално е.Б комплексот отвара апетит,да.но немора да значи.ако ти се јаде можеш да внесуваш нискокалориски производи и внимавај.битно е железото, така да продолжи со хеферолот обавезно
Немам многу апетит, не чуствувам некоја промена. Само што паралелно морам и да слабеам па помислив дека би можело да имам проблем. Ви благодарам
Во резултатите од проверка на крвна слика сите параметри ми се во ред, но само железото ми е 3.4 а хемоглобинот е нормален. Што е проблемот?
Јас ги пиев капсуливе и ги оставив желнудникот ме уби земав на природна база железо и мултивитамини и внесував зеленчук со железо ,ми вика месо да јадам али без тоа го качив и сеа сум супер. Да качиш килажа мислам дека неможе али кај секој различно делува не сме сите исти Јас од апчињата не осекав дека ми се јаде,а подоцна земав б комплекс поради несоница и тогаш мн апетит имав едит не се грижи железото ке се качи само треба време еве ја не се здебелив од тие апчиња иста сум си