Здраво Какво е тоа анемија на очи? Ми кажаа леќа и спанаќ мн. Да јадам и не знам што е тоа на гинеколог кога ќе одам што таму ќе правам абер немам... не разбирам баш... и потоа тироидна жлезда.. П.с. augen anämie за тие Герм што разбират ...
Имам проблем со анемија неколку години. Првиот пат ги имав веке познатите симптоми па после испитување на крв се потвртија сомнежите, хемоглобинот и железото ми беа многу ниски.Докторот ми препорача да пијам тотхема но неможев да го поднесам вкусот и мирисот па ги заменавме со фероглобин.Ги пиев околу 6 месеци и исто така во меѓувреме внесував се што е можно да помогне за подобрување на резултатите.Симптомите ми се намалија се чувствував подобро после 6 месеци а со испитувањето се докажа дека се е во ред. После нецела година од прекинувањето со фероглобин повторно истите симптоми,истите испитувања,истите резултати...пак истиот процес на лекување и после неколку месеци конечно подобрување на резултатите од крвната слика во април 2019 ,па прекинување на пиењето фероглобин после 1 месец од задоволителните резултати од испитувањето. Но еве после 5 месеци повторно ми се повторува истото по 3 пат.Резултатите од испитувањето се пак хемоглобин и железо под нормалната граница.После разговор со докторот утврдивме дека ова се случува поради обилните менструални крварења, со што ми предложи да се консултирам и со гинеколог за проблемот и веројатно да почнам со контрацептивни таблети кои што би го намалиле крварењето. Имам закажано термин кај гинекологот во петок. Но дотогаш би сакала доколу некој има слично искуство како ова да каже мислење дали би помогнале контрацептивните таблети или пак нешто друго за намалување на обилното крварење за време на ментруација ?? Се извинувам за долгиот пост..но ова навистина веке не се издржува
Еве ме. Ако ја читаше темава од почеток, ќе ги најдеше и моите мислења. Хронична анемија имам со години, веќе 25 години. Мој совет ти е да одиш на хематологија, да испиташ од што поконкретно ти е анемијата. Пошто може и генетски да биде, тоа во МАНУ се проверува. Кај мене излезе тоа што кажуваш, од преобилни менструални крварења се јавува таква анемија, не пијам контрацептиви, затоа што би требало воопшто да не добивам за да ми се среди крвната слика. А не сакам така. Реално, сега не ни крварам воопшто како што крварев пред да родам, ептен е намалено и обилност и траење, а анемијата е сеуште тука. Пијам Хеферол со витамин Ц кога ќе осетам проблеми, два три месеци пијам, два три месеци пауза. Кај мене исхраната нема ефект врз подобрување на крвната слика.
Женска, незнам дали си пробала со блитва, мене искрено многу ми помогна. Имав хемолитичка анемија, бев во кома и примив 3 кеси крв. Блитвата многу ме накрена ја ставав во шејк, пред тоа да преврие во вода една клучка барем, ја комбинирав со банана за да се прикрие вкусот. Инаку секој ден во соковник, сок од цвекло, морков, јаболко. Фала му на Бога супер сум од тогаш!
Мило ми е што тоа ти помогнало и немаш веќе никакви проблеми. Кај мене за жал, ништо не делува. Години наназад терав со блитва, цвекло, спанаќ, секој ден пиев (и уште пијам) сок од цвекло, морков, јаболко, семе од коприва го јадам во се, буквално никакво подобрување нема. Кај мене единствено ќе се реши ако немам циклус, и ми се докажа, после раѓањето на второто дете, кога десет месеци немав циклус. Крвта после породувањето ми беше многу слаба, ама не пиев никакви суплементи, само си јадев нормално и разновидно. После пет месеци од породување имав крвна слика каква што сум немала никогаш во животот, хемоглобин 120, серумско железо 15. Тоа за мене е незамисливо. Но штом добив циклус, пак почна по старо. Јас имам сидеропенична анемија, твојот тип анемија е поинаков.
Здраво и јас мака мачам со оваа анемија пред 8 месеци ми беше дијагностицирана сидеропенична анемија со хемогобин 58 и железо 0,5 ми препишаа хеферол првиот месец сабајле вечер после по едно само наутро во август кога бев на контрола хемоглобинот ми беше 140 минатиот месец 128 со 7.5 жележо сега пак проверував 125 хемоглобин со 4.6 железо а треба деновиве да прекинам со хеферол по препорака на докторот зашто го пијам многу долг период треба 6 недели да прекинам па пак на контрола во меѓувреме со таква крвна слика неможам без ништо да се оставам почнав да пијам јајца од препелица неколу дена по едно па по три и еве пд денес по пет до крај на терапијата читам на темава дека мед со семе од коприва било добро па сакав да прашам иако пијам јајца од препелица валда нема да штети и мед со коприва само што и двете треба на гладно или прво да завршам со јајцава совет?
Дали 1.8 феритин (70-400 реф граници) е многу страшно? Има детенцево анемија ама вака низок феритинот не бил...
Здравоо Бремена сум 30 недела.. Пиев сируп Флорадикс за железото 2 шишиња испив и бев повторно да ми испитаат крв но изгледа повторно ми беше слабо железото па гинекологот ми даде капсули Хеферол, дали имате пиено такви во бременост? Дали има некои несакани дејства? И дали помагаат?
Јас сум пиела, помагаат. Единствените што воопшто ми помогнаа, не само во бременоста, туку и во нормална состојба. Само тие ми ја средуваат крвната слика, ги пијам еднаш годишно два три месеци без прекин.
Да не имаш некоја вродена анемија? Извини, така те прашувам зошто си напишала дека годишно по два, три месеци пиеш железо. Јас имам таласемија бета хетерозигот, па ако ја има некоја истата мутација, нека пише искуство, како поминала во бременоста?
Немам, испитав тоа. Не е генетски кај мене, поврзано е со циклусот. Се решава ако пијам апчиња да не добивам воопшто циклус, ама не сакам така. Плус, кај таласемија не се оправа којзнае колку со хеферол и слични, оти не е проблем во количината на железо, туку создавањето на хемоглобинот.
@Annath Бидејќи пиша за Хеферол, сакам да те прашам дали може да пијам јас, бидејќи во упатството читав дека не треба да се пие ако се земаат апчиња Левотироксин, а јас поради тироидната пијам Еутирокс. Можни се несакани компликации? Или да почнам да пијам Хеферол? Слаби ми се хемоглобинот и железото, и денес баш земав Хеферол, порано ги пиев нив и Ферофолик, ама вториве не можам да ги земам бидејќи од Грција ги земав, ги нема во мојот град а најефикасни се покажале кога сум анемична.
Не знам, искрено да ти кажам, подобро прашај гинеколог или општата матична за сигурно. Јас ги пиев за анемија и премногу ефикасни се, ама никогаш досега не сум била бремена, така да немам такво искуство....