1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анемија (слабокрвност)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од skorpija1992, 7 август 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас долг период бев анемична. Можеби две години, ако не и повеќе пиев секакви чудесии што ми ги пепорачуваа. Најмногу со хемоглобинот имав проблем, ама фала богу што после толку време се нормализираше. Постојано имав вртоглавици, и знаев понекогаш да си паднам од чиста мира и да ми требаат 15 минути да си дојдам при себе. Докторот си кажа дека ќе помине ,и помина. Треба само редовно да се пие тоа што е препорачано.
    Ги пиев и овие шумлививе таблети од Суправит што ги препорачува Џули и можам да се согласам со неа дека се добри.
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Фала Анат за објаснувањето, и фала Џули и Старфиш за препораката за суправит таблетите.
    Никогаш никого не сум прашала по колку влошки троши, па немав поим што значи обилно, или нормално. Мене до душа не ми се толку обилни менструациите. Вториот ден трошам едно пакетче, а другите денови заедно уште едно. Добро де, понекогаш и малку повеќе. И не дека ми се среди откако родив. Мислам дека и повеќе ми тече сега.
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    И јас имам проблем со анемичност, ја лекувам и постојано се враќа. Последниот пат железото ми беше 4,5 на првата контрола, испив две дози фероглобин, па на втората контрола железото ми беше 2,9 :o
    Ама хемоглобинот беше малку покачен, па докторката ми објасни дека железото се врзувало во хемоглобинот, и затоа било уште повеќе намалено, но сепак состојбата е подобрена поради покачениот хемоглобин. Па ми даде уште една доза фероглобин. Ама ми се јави друг проблем. Поради анемијата имав намален апетит и од само две залчиња се презаситував и не можев веќе да јадам. Тоа комбинирано со фероглобин - рецепт за уништување на желудник... Уште имам маки со желудникот, а поминати се неколку месеци од терапијата.
    Сега повторно се чувствувам заслабнато и со истите симптоми (вртоглавица, губење апетит) па ќе пробам да се средам со исхрана, да видиме дали ќе успее (не можам веќе со тие апчињата). Рецептот на Аннатх ќе го направам уште утре. Мед не поднесувам, ама ќе затнам нос и ќе голтам, се мора :(
     
  4. vujna

    vujna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Isto taka i jas imam problemi so anemijata ,veke 2 godini ja lekuvam i nikako da ja izlekuvam.Si dobiv pritisok nizok sto duri pagam vo nesves.Jadev cveklo so morkov malku mi se pokaci hemoglobinot ama pritisokot nikako da go sredam . Daj pomognete mi nekako ako znaeete vaka ne se ziveee.
     
  5. alimovska

    alimovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво!!
    Штотуку излегов од болница заради слабокрвност-анемија.Јас имав обилно крварење ми пукаа капилари :( кога ќе станев имав вртоглавица а и ми се стемнуваше пред очи и ладна пот од половината па се до главата ме облеваше....се додека не се онесвестив и неможев 2 саати да се разбудам...беше страшно ;( ми препишаа микрогинон за да ми престане крварењето и ми даваа крв полека се дојде во свое место ....хемоглобинот ми беше паднат на 39...пијам ампули за железото,витамини C,мед со семе од коприви,чај од коприви и многу многу салати од овошје и зеленчук...сега хемоглобинот е покачен 80 но треба уште да се крева.....поминав тежок период и сфатив дека здравјето е пред се...гинеколог секоја жена треба да посети најмалце два пати во годината.!!Храната треба да биде разновидна со повеке витамини,белковини,минерали..Но пред се треба да имаш вољја и надеж само таа помага во ваквите моменти низ кој поминав....Поздрав ви благодарам :)
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Алимовска, искрено се надевам дека ќе бидеш во ред, здрава и среќна!
     
    На alimovska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Ми кажаа еден домашен лек за анемија којшто многу помагал.На едно свежо свекло (убаво измиено) ке му се исече горниот ден (опавчето) и во него ке се стави мед. Се става во чаша да се исцеди сокот и медот. Наредниот ден се пие истечениот сок (баш е убаво, благичко) и пак се додава една лажичка мед горе. И така после 3 пати, цело цвекло ке се исуши . Пробајте =)
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Семе од коприва се става во мед, стои неколку дена и после се јаде од сабајле на гладен стомак. Испробан лек - го знаат сите билкари
     
    На eli.vaga89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    И после 2 месеци примање Б12, сеуште сум анемична. Исцрпувачки е.
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846

    јас сум пробала и покрај тоа што е корисно, мене и многу вкусно ми беше. за железо, анемија цвеклото прва лига е ;)
     
  11. bibus81

    bibus81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите! Јас бев анемична од 15 години, сега имам 29, и конечно оваа година можам да кажам дека не сум анемична. Во тие четирнаесет години железото некогаш ми беше и 2, на последната контрола ми беше 18 :) Инаку имам пиено од таблети, сирупи, инекции, пиено ампули Toтема (кои се грозни за пиење, ама го дигнаа од 2 на 9 железото за 10 дена). Инаку последните 4 месеци пијам Алги спирулина од Виталиа... околу 600 денари се 200 таблети, а препорачана дневна доза е 6 таблети... јас пијам по 4 дневно во текот на неделата, а преку викенд паузирам... и железото од 10 ми се покачи на 18... Немаат никаков посебен вкус... така да веројтно ќе ги пијам цел живот... со редовни контоли, да не ми ја помине железото горната граница, затоа што ни тоа не е добро...
    Инаку алгата спирулина е најбогата со железо од сите продукти кои постојат на светот.
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    девојки јас од кога памтам за себе сум анемична, секогаш изморена, ми се врти ми се повраќа вртоглавици и некако научив да живеам со тоа но навиостина е исцрпувачки. пијам сок од цвекло јадам телешка слезина, телешко коприва се. претходно ми препишуваа ферум лек и витамин ц, па тотхема ама мн ми беше лошо од нив уште вториот ден ги прекинав.

    минатиот петок повторно бев на контрола и докторката ми рече дека сум имала посебна анемија каде што јесте да фали и железо но колку и да го има проблемот било тоа што не се сврзувал останувал неискористен( анемија бетаталасемија -мислам дека така рече дека се вика) и ми препиша фолна киселина , б6 и олигогал селен и ми рече минимум 2 месеца да ги пијам и треба да ми бидат дел од исхраната цело време.
    навистина бев изреволтирана зошто сите овие години за џабе ме трупале со железо кога друг бил проблемот .почнав да ги пијам и се надевам дека ќе и биде подобро. ова го споделувам со вас за да си испитате точно каков вид на анемија имате бидејќи не сите анемии се исти. поздрав и се надевам оздравување на сите.
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    ^^ Џоел купи си и шумливи таблети од Суправит со железо.Пиј повремено, не мора секој ден...па кажи како ти е.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Joelle, да не ги пиеше Tothema на гладно? Од било каков препарат на железо ќе ти се лоши, ако го пиеш на празен стомак, макар биле и шумливи таблети, па се препорачува да се пие после јадење (кое не содржи млеко или млечни производи).
    А како откри дека имаш таласемија, ти правеа генетски испитувања во МАНУ? Инаку, ова не е ништо страшно, само што навистина џабе те клукале со железо. Кај нас во Македонија, особено во јужните делови, како и во Грција и другите медитерански земји таласемијата не е толку ретка појава, само што ретко се открива поради тоа што најчесто се наследува хетерозиготната форма која и не прави толку големи проблеми, само што поради ниското ниво на хемоглобин во организмот ги предизвикува сите оние симптоми кои се присутни кај анемиите. Кај нас докторите секогаш помислуваат дека се работи за класичен тип на анемија поради недостиг од железо, па така сите анемии ги третираат, па и твојата, иако кај тебе не се работи за тоа. Може тебе воопшто да не ти фали железо, ама тоа што го имаш не се искористува целото во создавање на хемоглобинот, поради негова неправилна синтеза. Терај си со Б витамини, особено фолна киселина и Б12, секако нема да ти одмогнат ;)
    А кажи ми, како се справуваш со менструацијата, дали имаш обилни крварења, и како се чувствуваш во тие денови?
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    анатх , не ми правија испитувања во ману, докторката ми ги прегледа сите резултати што сум ги направила и кажав дека ми е наследно од мајка ми, и според бројот на незнам таму што рече , заклучи дека е таков вид на анемија. ги чекам резултатите сега повторно правев испитување хемоглобин и на серумското железо па ќе видиме. сега се рзмислив си викам и оваа докторка да не е грешка чисто од ливчиња ми даде дијагноза хахах? ама витаминчиња не штетат ќе пробам. за тотхема ми рекоа да ги пијам на гладно мешано со сок. а и сега овие апчињата што ги примам ми рекоа пред појадок и пред вечера....

    инаку да имам обилни крварења и менструацијата ми трае до 7 дена. последните неколку дена не толку јако но сепак има. а инаку ккао и секогаш се чуствувам изнемоштено како баба сум неможам да си исчистам по дома. спијам како заклана (макар што имам несоница последниов период) и 24ч во денот ми се гади е така се чуствувам цело време...
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    За таласемијата дека е наследна, наследна е, тука нема промашување. Јас мислев дека си правела генетски испитувања, бидејќи мислам дека само така 100% се потврдува дека се работи за таласемија. Како и да е, не е ништо страшно, само што ете, исцрпена си малку повеќе кога имаш менструација, како што ми кажаа дека може да се случува кај таласемијата.
    Инаку, за било кој препарат на железо, во упатството пишува да се зема после јадење или пак во текот на јадењето, само да не пиеш и јадеш нешто што содржи калциум или кофеин, бидејќи тие го спречуваат ресорбирањето на железото. Витамините од Б групата можеш да ги пиеш на гладно, ама железото и шумливите таблети што содржат железо никако оти веднаш ќе почне да те боли стомакот и да ти се повраќа, па и да повратиш. Ова од искуство ти го кажувам. А дали ќе ги пиеш пред или после јадење - ефектот е ист.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bibus81

    bibus81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Јас правев испитувања кај неколку специјалисти во земјава и надвор и ми рекоа дека ми недостсува некој ензим, кој помага да се апсорбира железтото од исхраната. И навистина со лекови минимално ми се покачуваше и после крај на терапија ми паѓаше брзо. Еднаш 10 дена пиев по 4 ампули тотхема и навистина се покачи (тогаш железото ми беше 2, а нормално е од 10 нагоре), ама по еден месец се беше по старо... Е сега со алгите спирулина конечно имам нормална крвна слика... пробај ги, нормално во комбинација со витамин Ц и фолна киселина, помогаат за апсорпцијата... и немаат никакви штетни ефекти... ниту некој посебен вкус...
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    И јас сум анемична... пак. Денес направив крвна слика, и докторката ми препиша Tothema по 2 на ден 10 дена, но ми нагласи два часа пред јадење. Потоа да продолжам со едни други таблети (што не можам да ги дешифрирам на рецептов) 30 дена, па да направам пак крвна слика. И тие исто пред јадење.
    И’ кажав дека фероглобинот ми направија проблем со желудникот, па ми рече да пробам еден ден со Тотема, ако не ги поднесувам да почнам веднаш со вторите. Ми кажа да земам и фолна киселина секој ден.
    Ме зачуди и мене тоа што ми нагласи да ги пијам пред јадење, а и’ кажав дека имам проблем со желудникот :|
    Ќе видам како ќе биде. Се нервирам затоа што постојано ми се повторува анемијата. Јадам нормално, јадам спанаќ, цвекло, дури и мед почнав да јадам, па пак истото па истото :doh:
    Постојано чувствувам слабост, главоболки, гадење, кога имам менструација не функционирам... Навистина е исцрпувачки.
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ги добив резултатите денес, ама госпоѓата докторка си имаше другарка во кабинет неможеше да ме прими. од она што сама можев да го видам е дека хемоглобинот ми е покачен од 8 колку што ми беше пред неколку месеци сега ми е 11.9 а серумското 30.6 незнам што значи тоа ама има стрелка нагоре, пишува и дека тромбоцитите ми се покачени |(

    инаку од б6 и фолната и олигогал селен ми е многу подобро исчезна гадењето и се чуствувам попособна за работа , па че видиме што ќе кажи докторицава

    п.с почнав и омега 3 да пијам белки ќе се управам.....
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Резултатите ти се добри joelle, немаш причина за грижа ;) ете, и самата чувствуваш дека ти е подобро. Не мораш да прекинуваш со витамините, нема штета од нив.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.