Да јадеш повеќе храна што содржи железо, витамин Ц и витамин Б12. Железо содржат црн дроб (џигер) - најмногу има во него, (црвено) месо, спанаќ, цвекло, брокули, киноа, црно чоколадо, суви кајсии, семки од тиква итн. Витамин Б12 исто е застапен претежно во месото. Витамин Ц веројатно знаеш во што има . Патем, железото од месото подобро се врзува во организмот отколку железото од растенијата.
Мед и семе од коприва. Не сум сигурна за соодносов ама мислам дека јадев на гладно 2 лажици мелено семе од коприва со 1 лажица мед. Обавезно витамин Ц да пиеш после тоа за да се врзе железото. Добро е и какао (без млеко) да се пие. Воглавно, треба да се избегнуваат млечни производи неколку часа пред и после внес на железо. А да, и чај од лист од коприва се пие и спирулина прав.
Ти кажале погоре за мед со семе од коприва. Чај од коприва и гледај да биде по концентриран. Црвено вино добро ти е за хемоглобин.
Пишувам тука затоа што другата тема е неактивна. Цело време мислев дека имам наследна анемија на железо затоа што така ми кажа мајка ми, како дете ме провериле во МАНУ и сите женски фамилијарно сме ја имале (и нејзините сестри и нивните ќерки). И пошто тоа било одамна и не знаев дали воопшто ги чуваме испитувањата, сакав сепак да се проверам на хематологија и подобро да се утврди за каков тип на анемија се работи, да слушнам јас лично како возрасна. Бев, се проверив и ми се чини хематологот во 3 секунди одлучи дека се работи за анемија заради губење крв при менструација (иако не мислам дека имам обилна и му го кажав тоа) и нешто да видам со хормоните, не го ни разбрав, толку беше брзо. Некако не ми звучеше веродостојно тоа, особено затоа што пред некој месец ги проверив хормоните и беа во ред од тој аспект, па кога се вратив во родниот град решив да ги побарам испитувањата од МАНУ, надевајќи се дека уште ги чуваме. За среќа, ги ископав и видов дека всушност имаме бета таласемија trait (minor), ама којзнае како сфатила мајка ми тогаш . Малку се изнервирав потоа, затоа што што ако ги немав тие испитувања и одев за првпат на хематолог, немаше никогаш да дознам дека се работи за таласемија оти хематологот не ме ни пушти на испитување во МАНУ, а и буквално само ги ѕирна резултатите. За волја на вистината, кога бев за упат за земање крв, тој ме праша дали сме дијагностицирани со таласемија или дали имаме потекло од Источна Македонија (каде наводно била позастапена), ама тогаш не знаев да му кажам, не ни знаев дека постои тоа, цел живот ми беше кажано дека имам низок хемоглобин и дека треба одвреме-навреме да пијам железо. Сепак ме интересира, вие или ваши познати што сте биле дијагностицирани со таласемија, како сте откриле? Сте имале родител што ја има или ве пуштиле во МАНУ откако ви ги виделе резултатите кај хематологот? Она што се обидувам да дознам е дали нешто во хематолошките резултати на крв укажува на тоа, а мојот хематолог го пропушти или конкретно вие сте побарале испитување во МАНУ (и врз основа на што)? Читав дека @Annath ти си се проверила во МАНУ и дека баш ти утврдиле анемија заради менструација, па баш ме интересира како те пуштиле таму, а не те откачиле само со Хеферол како мене на хематологија . Читајќи на интернет, увидов дека џабе сум пиела Feroglobin и Хеферол затоа што немам проблем со серум во железо, иако можам да кажам дека кога сум најлетаргична ми помага да пијам железо. Сегде каде што прочитав за таласемија пишува дека третманот ќе ти го прилагоди хематолог кој ќе зависи од фактори како пол, возраст итн, а и би требало да те пушти на генетски испитувања (што не ми е баш јасно зошто, кога откривањето на таласемијата е преку генетско испитување; можеби во странство е поинаку, па затоа се бараат дополнителни генетски испитувања ?). Со други зборови, не е експлицитно препорачан никаков третман. Јас како што сфаќам, не може ништо да се направи освен примање на трансфузии кај потешки случаи (повремени кај beta thalassemia intermedia и редовни кај beta thalassemia major) или пак излекување (?) со пресадување на коскена срж. Матичниот ми рече дека кога многу ќе паднел хемоглобинот, сепак препишувале суплементи со железо (можеби не мора Хеферол, но еве на пример Feroglobin). Следната седмица ќе одам кај хематологот, па сакав да слушнам и други искуства или информации за кои би можела да го прашам .
Јас сум со таласемија бета минор. Цел живот сум анемична, хемоглобинот никогаш не ми бил повисок од 110, мислам дека тоа е највисоката вредност за ова наследно заболување. Мене од татко ми, ми е наследена, ја има и брат ми, и неговите две деца. Кај машките е многу полесно, додека кај жените ептен паѓа хемоглобинот поради менструалните крварења, па мора да се пијат суплементи со железо. Јас пијам повремено, за време или по завршувањето на менструалниот циклус. Инаку и мене како помала на хематологија ме лечеа со хеферол и ми велеа дека е поради обилните менструални крварења. Дури кога се родија внуците од брат ми, нив педијатарот ги прати на испитување во МАНУ, па дознавме дека всушност имаме наследна болест. Кај мене и железото е ниско доколку не пијам суплементи, не само хемоглобинот. Не знам дали имаш родено, но кај мене за време на бременоста состојбата беше ептен чудна. Железото ми отиде во плафон, повеќе од 35, а хемоглобинот ептен низок. И на хематологија само дупло ми ја зголемија дозата на железото што го пиев . Викам аман бе луѓе, да не се отрујам од толку железо, а тие ми велеа само ти пиј и не се грижи. Тоа е за жал, тоа е наследена болест и за тоа нема лек. Среќа ќерка ми ја има крвта на татко и, правев Нифти тест и испадна негативна на медитеранската анемија како што ја викат. Можеби со неа ќе се прекине тој ланец, па повеќе ке ја нема во наредните наши наследници. Тоа никој не може да го гарантира, ама дај боже да е така.
@eta, значи вака како што гледам, возрасните дознаваат поради свои деца/внуци, кога педијатрите ќе предложат испитување во МАНУ. Не знаев дека тоа било пракса, веројатно и мене така ме пуштиле како мала, кога имав 4 години (не знам дали е препорака за секое дете или само за тие што се анемични). Баш интересно што те терале да пиеш толку железо кога си била бремена (јас не сум била), јас како што читав, кај потешките случаи (major), кои треба да примаат редовно трансфузии дури и им се прават терапии на отстранување на железо, затоа што им е превисоко . Сега не знам, можеби тоа нивното е ептен повисоко, а кај тебе можеби било толерирачко. Интересно и што ќерка ти не ја добила, ми се чини обично сметам дека по женска линија полесно (или скоро сигурно) се пренесува било што, ама читав баш една статија и кажуваше во проценти кои ти се шансите да добиеш ако има едниот или двата родители, односно не мора да значи дека сигурно ќе ја добиеш (како што мислев јас) .
Ние ја добивме од татко ми. Тој од баба ми. Внуците од брат ми, пак машка линија. Мислам дека нема машка, женска линија, зависи каква ќе ти биде среќата
Три месеци се зема, после три месеци се прави крвна слика, ако се нормални вредностите на железото се прекинува со терапијата, ако не е покачено железото се продолжува со терапијата уште три месеци па се прави крвна слика.
Здр , некој совет за покачен Хемоглобин 190 , другите параметри на крвта се сите во референти вредности .!
Ај и тука да пишам. Железото ми е 3ка. Анксиозна сум. Не убаво спијам, слабост осеќам, постојано без енергија сум, дур и грч почнаа мускулите да ме фаќаат. Денес прв пат се напив од апчињата што ми ги даде док. Но, поради што немам финансии морав да земам од овие. Дали е можно да повратам од нив? Искрено, бев прејадена.И повратив. Но, ме збуни тоа што прв пат се напив од апчињата за железо. Дали вака ви се има случено?
Mene mi se ima sluceno da povratam od Totemata(ampuli za zelezo), taka da nisto cudno ako ti e od apcinjata... Pij gi so C vitamin za da ti se vrze zelezoto, pa mozebi i nema da te tera na povrakanje.
Док ми рече железото да го пијам на најадено. И ми рече да ги земам поскапите, бидејќи имале доволно витамин Ц и не сум морала да пијам дополнително. Е, сега ради финанскиски причини, јас ги зедов поефтините, ја прашав аптекарката дали да земам витамин Ц, ми рече не имало доволно. Ко гледам има само 250. И ајде ок. Ок и после се исповратив. Тоа е.