На двојка железо мора суплементи. Не може да се качат резервите, колку и да јадеш нормално, па и да се товеш со семе од коприва и мед. Мене лично храна не ми помага за анемијата, хронична терапија на секои 6 месеци ми се Хеферол капсули со витамин Ц.
Ќе идам на лекар тогаш. Многу ми смета уморов не можам да функционирам вака. Не можам ни да учам, кога ќе станам од кревет ѕвезди гледам. Вака ти е и на тебе?
Не, јас сум навикната, мене телото ми функционира вака одамна. Немам проблем, само кога ќе осетам замор и почнувам да имам нагли промени во расположение, односно депресивни епизоди, знам дека ми е железото ниско и дека ми е време за следна рунда терапија.
Мене ХМГ ми е 9,5, ниска граница 11.0 Железото 5,4, а ниска граница е 6 6. Умор хроничен Ми се спие постојано Концентрација 0 Депресија Анксиозност Терапија Реферум 2 по 1, таблети за шмукање и ми се доста вкусни, имаат вкус на чоколадо 500мг Витамин Ц со секое апче
Хемоглобинот ми е 11.5 а железото 2.91 Како се справувате со олку ниско железо? Што пиете користите за да се покачи?
Istata bev i jas SiderAL forte plus so vitaminC od 500mg, malku se poskapi sideralot ama efektivni barem 3dozi da pies. Vnimavaj na jadenjeto zelezoti ti e dosta nisko jadi med mesaj so taan plus so seme od kopriva(apteka ima okolu 60 70denari) Salata od spanak, marulka, cveklo so morkov rendaj i jadi.
Јас бев хоспитализирана со малку пониско железо од твоето. На болница ми даваа серумско железо преку инфузија. Плус земав ампули Тотема. По заминувањето од болница, по препорака на докторите, исто пиев и Ферофолик, кои се грчки апчиња и речиси и да ги нема кај нас, ако можеш да се снајдеш некако да ги купиш, навистина се многу ефикасни. Гледај да јадеш повеќе спањак, блитва, коприва, цвекло, пиј какао и тоа содржи доста железо. Не знам колку добро функционираш со ниско железо, ама претпоставувам многу тешко и мачно....мене буквално нозе не ме држеа и често губев свест... Сеуште не можам да се пофалам со некое јако железо, ама години подоцна барем сум подобра.
Докторката ми ги препорача тотема да ги пијам 20 дена ама ептен ми е грозно и моментално пијам ферозомал и витамин ц Јас имав стално добра крвна слика но од кога почнав да раѓам и никако не ми се стабилизира. За овие апчиња и мајка ми кажуваше дека биле ефикасни но реков прво еден месец да ги пијам овие да видам дали ќе се покачи па после ќе видам и со ними Сила имам до кун 12-1 и после се влечам со мака , а се овие зелени работи секојдневно ги јадам Ке видиме баш Овој пат и докторката беше построга со мене и само што не ми се развика како сум дозволила вака Крајна опција ќе ми е и мене преку инфузија да примам
Да тотема имаат јак мирис и вкус, ама јас ги пиев растворени во вода, сок или јогурт Навистина претешко се функционира со ниско железо и целосно те сфаќам како ти е. Продолжи да јадеш од зелените работи, колку-толку ќе ти помогнат и тие. Пиј чај од коприва или какао пиј, богато е доста со железо. Внимавај и на косата, може да почне да ти опаѓа поради ниското железо, не сакам да те плашам, ама имај во предвид. Ти посакувам побрзо да бидеш подобра
Ајде и јас ви се приклучувам во групата.Докторката ми рече дека сум анемична хемоглобинот ми е 114 а железото 8.1.Што најбрзо го крева хемоглобинот и железото совет да ми дадите
Јас ги пијам овие таблети по препорака од матичниот. По една недела пиење се почувствував по добро додека претходно нонстоп бев малаксана со вртоглавици,буквално едвај одев на работа. Цел месец како ги пијам и се чуствувам предобро ,енергично со покачен хемоглобин и железо.
Железото ми е 3.3 Хемоглобинот 9.7 , и другите вредности се паднати.. Од вчера пијам тотхема 5 дена па после продолжувам со грчките ферофолик.. Вртоглавици имам, главоболки, трнење на раце и нозе е сега во последно мн ми е тешко ко ке јадам ме фаќаат тахикардии и ко да ме стегаат градите, ми е страв и да јадам а гладна несмеам.. Имал некој ваков проблем и со желудникот? А можи и од стрес да ми е, досега се плашев од симптомите, сега од ко знам шо ми е се плашам од самата анемија
Сите симптоми како вртоглавици, главоболка и тахикардии ти се од анемијата, мора време да помине за да ти се поткренат железото и хемоглобинот, ама ќе биде и тоа штом земаш терапија. Тотемата се малку горчливи и грди на вкус, можеби затоа осеќаш тегоби во желудникот, или ако пиеш кафе... Имам слушано доста искуства дека кафе, посебно турско, не се пие или се сведува на минимум кога се зема терапија за анемија. Не смееш да остануваш гладна, јади леќа, грав, грашок, праз, цвекло, блитва, пиј какао, сите овие намирници содржат железо. Разбирам како се чувствуваш и јас поминав низ тоа, ама ќе се среди се, ферофоликот се одлични апчиња и многу помагаат.
Не кафе не пијам заради желудникот, грав леќа се исфрлив заради него ама ке морам да јадам… осетлив ми е секако желудникот затоа и сега реагира така на тотхемата.. фала ти,ке се средам со време си велам
Да, од една страна гравот е потежок за желудникот, ама внесувај го во мали количини барем бидејќи е корисен. Ќе се средиш и тоа како, јас имав пониско железо од твоето и се опоравив. Тотема растворај ги во јогурт или во некој овошен сок, јас така ги земав. Ама ферофолик се уште подобри, гледај да земаш и витамин Ц, помага за побрзо да се сврзе железото. Со помин да ти биде
Тотхемата ја пијам со сок од јаболко, не е толку лошо, абе како и да е само да ми поможи… Кажи ми после колку време се осети подобро? На боледување сум сега, ама незнам како ќе почнам на работа ако не ми се среди за седум дена, оти јас после ручек не функционирам..
Седум дена се малку за да се осетиш подобро, треба да помине барем еден месец, ама добро е што земаш тотема, па после ферофолик ќе пиеш ете, зборот ми е колку-толку ќе почнат да делуваат по малку со тек на времето, не е како да не пиеш ништо. Јас бев многу лошо, десет дена на болница преку инфузија примав серумско железо, тотема пиев неколку дена и после еден месец ферофолик пиев, требаше да продолжам ама ги прекинав апчињата бидејќи се чувствував подобро и гледав преку храната да внесувам железо.
Од паталец, ниеден препарат не содржи толку железо колку Хеферол. Иде и на рецепт, а многу брзо оправа крвна слика. Јас сум хроничен анемичар, со години имам анемија, со храна нема никаков ефект, а од сите можни суплементи што ги има на пазаров кај нас, ништо, ама баш ништо нема ефект како Хеферол. Се друго е гола вода. Плус, полесно се поднесуваат од сите други суплементи. За месец дена може да ти ги врати железото и хемоглобинот во нормала, ама пак зависи и што е причината за анемијата. Јас обично 4-6 месеци пијам хеферол, другите 6-8 месеци правам пауза. Морам така, оти ако не надополнувам, ми паѓа и серумското железо и хемоглобинот. Затоа пијам со месеци, да направам резерви. Макар што јас немам никакви проблеми од ниското железо, адаптиран ми е организмот, немам ни вртоглавици, ни задишување, ни тахикардии, ни коса ми паѓа, ништо. Ама сепак земам суплементи.
И мене ми е лошо немам енергија, ми се врти, грб и гради се ме боли… Во мај прележав корона тогаш ми падна на 4 железото, пиев фероглобин и не проверив пак, имав вртоглавици и тогаш ми се лошеше ама мислев од жешкото ми е и обично на лето сум таква… е сега веќе ко почнаа сите симптоми нагло се свестив да проверам пак.. многу ме мава на психа сосотојбава, се нешто ме боли, неможам ништо да направам како нормално, само седам и лежам, шо и да работам низ дома, работам со паузи не ме држат нозете, дури и ко ке зборам подолго се заморувам.. не сум лик шо ужива да лежи зато толку тешко ми паѓа.. и хипохондрик ко шо сум само црни мисли ми се вртат низ глава.. Се олеснив ајде можи полесно ке спијам Фала ви @Rama @Annath