Ништо нема да ти биде штом си земаш терапија за железото, за некое време ќе почне да ти се покачува, не се мачи со црни мисли, знам дека е мачно, ама ќе бидеш подобро
Бев на преглед во интерно, ми рекоа дека е хронично и да си направам гинеколошки преглед, дека е од обилни менструални крварења најверојатно… Не сум имала проблем до сега од каде ова наеднаш незнам, е дури сега ме мавна психата
Прво смири се, направи си преглед на гинеколог и ќе знаеш на што си. А во меѓувреме мораш да си пиеш апчиња за железо, без разлика која и да е причината. Не е ништо страшно и да ти опаднало од обилни менструации, ќе најде решение гинекологот.
Можи од вирус да падни железото? Со терапија сум веќе втор месец, месецов прележав два вируси и од денес пак ги осеќам истите симптоми, ќе проверам за два дена како е само ме интересира дали можи и од вирусот да се намали…
Што пиете за железо а да се продава у нашата држава освен хеферол кој најчесто предизвикува дигестивни проблеми? Фала.
Некој ми кажа дека и Ферофоликот сега ги имало кај нас. Во комбинација со вит Ц и саат време пред и потоа да ее избегнуваат млечни производи и кафе , супер ќе бидеш.
Здраво, ме интересира како се испитува кој тип на анемија имаме? Од матичен правам само општи крвни слики, железо ниско хемиглобин на граница, маркерите за анемија б12 нормален, фолна киселина малку над долна граница. читав дека фолната ја пијат пред и во бременост, моментално не планираме бебе, дали има некој тип што не е наменет за трудници или жени што планираат бебе? Тотхема имаат премногу јак вкус и мирис и не можам да ги поднесам за жал, истото и со медот и семето од коприва.. дали има некоја алтернатива со исти (слични) резултати? Кесичките на алкалоид ги пиев но немаше некоја голема промена..
Маркерите ги има во биотек, би требало да ги има и на државно некаде претпоставувам.. повеќе ставки има со различни цени, фолната и б12 конкретно се по 1400ден
Од Грција ако можиш да ги земиш ферофолик многу се добри, за три месеци од 3ка железо ми го кренаа на 9ка, немаат никаков вкус и не сметаат на желудник.
Да ми препорача некој од искуство, кај кој доктор да се обратам на Хематологија на Клиника. Од дете сум анемична и сега матичната ми предложи да одам на Хематологија. Искуства, ве молам?
Дали се имате обидено со Хеферол? Хеферол се далеку подобри од Хемовит. Зошто? Хеферолот има 115мг елементарно железо, а Хемовит плус само 15мг. Исто така, суплементите на фирмата ''Health Aid'' се прескапи и не вредат за тие пари.