Ништо од тие суплементи за железо, додека ги пиеш добро ти е железото во крвта кога ќе престанеш се намалува. Најдобро земи си некој мултивитамин и минерал и секој ден по една или пола таблета за да не предизвикаш прекумерен недостаток. На оние луѓе што суплементите и исхраната никако не им го зголемуваат железото најчесто имаат проблем со дигестивниот тракт кој треба да се испита и соодветно третира.
Да, мора и со храната да се работи, да се промени, да се вежба, целосна промена на поздрав на чин на живот.
Така е мене моментално ми се мн ниски вредностите се надевам ќе се поправат кај мене од обилна менструација и не јадење месо ,јајца ..до сега не ми биле волку ниски
И кај мене веројатно беше од обилна менструација и тоа таква што не трае со денови, туку наеднаш поплава и исто така нејадење месо, јајца...
Исто така јас се исплашив до сега не ми било така по едно пиеше така од Солгар и колку време Ти благодарам за одговорите
Вкупно пиев 6 месеца, ама дел Ферозомал, дел Солгар, не ми текнува сега точно по колку месеца од кое. Од страв, на почетокот правев на 1 месец крна слика. По едно пиев, тие од Солгар се со мала милиграмажа, ама наводно се направени да може организмот лесно да го абсорбира железото.
Јас по две пијам ама ми кажаа проверка на а крвна слика две недели по престанок на внесување на железо јас 15 дена пијам во меѓувреме имав добиено така да мислам да почекам за проверка
Ако само 15 дена пиеш суплементи, рано ти е за проверка, освен ако сакаш да видиш дали воопшто суплементот има ефект. Кога имаш менструација не се проверува, секако пониски вредности ќе даде. Почекај барем месец два, пиј си терапија, ќе провериш.
Да прашам Ферум лек или Хеферол кој подобро се поднесува се мислам помеѓу овие два ...Солгар слаб ми е пиев 2х20 ама нема некој резултат после месец дена
Мене лично Хеферол ми е ептен погоден и години наназад го пијам. Најбрз ефект има, и најдолготраен е. Не ми смета на желудник како еден куп други препарати.
Пред јадење, два пати дневно, кога со витамин ц, кога без. За две недели ми се оправа хемоглобин (пример од 80 до 100), серумското железо нешто побавно, ама се качува. Ама ова мене ми е препишана терапија од хематологија, не се пие два пати дневно иначе.
Мене првпат ми е низок и хемоглобинот многу Ке пробам со Хеферол сметам дека е појак од Солгар зошто сум со Хипотиреоза и Анемија
Друштво ми треба совет, како најбрзо да се намали слабокрвноста? Што сте пиеле јаделе? Како иде рецептот за мед и семе од коприва?
Оди кај матичен ќе добиеш терапија, најдобро на хематологија таму се најстручни и најдобро ќе проценат што треба да пиеш од терапија. Не знам сега за колку ниско се работи. Инаку цвекло, смути со боровинки, спанаќ, природен сок од капини,маџун, мед со матичен..
Здраво еве и јас се борам со тоа зависи дали е само железото или и др параметри се намалени хемоглобин еритроцити Од суплементи почна да пиеш нешто?
Секое сабајле пијам цеден сок од цвекло, морков и јаболко. Внесов повеќе месо, џигер, јајца, јатки, пијам какао без млеко. Од суплементи пиев Ферозомал, па Солгар, па пак Ферозомал, кај мене од сето ова брзо имаше ефект