Здраво, правев крвна слика и феритинот ми е низок, хемоглобинот ми е добар. Матичниот ми даде да пијам фероглобин, витамин ц и б комплекс. Б комплекс ми кажа да пијам 3x2, ама нели е тоа многу? И дали витамин Ц се пие заедно со фероглобинот? Не сум имала никогаш проблем со железо, затоа и не се разбирам многу.
Колку што знам Б комплекс 1×дневно се пие заедно со Цвит за да се врзе железото. Плус во фероглобинот имаш Б12 прочитај.
Колку ти е феритинот? Јас со 16 пијам ферофект и во него има витамин ц па не пијам ништо повеќе, а после една недела се намалија симптомите..
На вас шо феритинот ви е низок, дали сте искусиле опаѓање на коса и после колку време ви се среди? Мојот беше 24 пред околу 3-4 месеци, од тогаш наваму секојдневно пијам апчиња со железо и вит ц, но нема никакво подобрување во однос на косата. Планирам пак да одам да го проверам феритинот, ама ме интерисира колку време треба да пијам од тие апчињата за да забележам помалку опаѓање?
Не ми е нешто многу низок, 8 ми е. Од 10-291 е нормално. Прв пат ги пијам овие со витамин Ц заедно па ќе видиме. Само ми беше чудно за б комплекс што ми даде дури 6 дневно, многу е тоа. Гледам дека во фероглобинот си има б.
Имам јас вртоглавици, посебно сега кога имав добиено немав волја за живот ама си ги препишував на времето и на анксиозноста Пробувам и преку исхрана, па ќе видиме за 1 месец ќе направам пак крвна слика.
Мене ми е железо 4 феритин 6. Хемоглобинот помалку од 100. Поради крварење во дуоденум, ме вклучија на терапија со парентално железо. Примив 5, треба уште 5 да примам. Ако нема подобрување доктор рече ќе примам крв. Плус почнав да добивам циклус на три недели. Инаку косата многу ми паѓа. Се надевам дека после колоноскопија која ми ја закажаа во март ќе имам дијагноза и ќе се среди се.
Немам пиено ама може да пречи, јас ферофект пијам одма после ручекот и немам мака, а имам осетлив желудник.
Добро само јас пијам сериозни дози железо како хеферол што има 350мг наспроти овие додатоците хемовит, сидерал и сл., со по макс 30-40мг ? Кога ги пиете овие со помала доза, колку време ги пиете и за колку време добивате подобри резултати? Сега ве читам за феритин, се мислам да не згрешив што не испитав. Дали има поента сега да правам (нема недела дена како пијам) или да завршам терапија? Инаку лани ова време негде пиев исто хеферол 2-3 месеци, веројатно се стабилизираше не памтам, па пред нова година пак почнав да осеќам симптоми па ме ставија на хемовит околу 2 месеци, еве сме сега февруари си побарав пак хеферол, не ми се десило волку да ми паѓа во една година. Матичната рече гинекологот ако може да ми даде упат за феритин и трасферин, епа он ми даде хеферол, а не упат... Може требаше приватно да одам. Хемоглобинот никогаш не ми бил низок, железото ми е ниско и мцх мцв. Феритин еднаш имам испитувано пред 100 години скоро 0 ми беше . А за желудник и болки од железава не ме прашувајте, едно време навивав аларм во 5 сабајле пиев ц витамин и железо и одма продолжував со спиење за да не ги осеќам.
Мислам дека сите ние треба да се испитаме за бета таласемија, цел живот со пиење апчиња и пак ниско железо не е нормално, сигурно има друг проблем, подлабок.