Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анемија (слабокрвност)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од skorpija1992, 7 август 2010.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Испитав крвна слика и се зачудив колку ниско ми е железото 9,2 (6,6-26). Докторот ми препиша Тотхема, по две дневно, а јас во упатството читам по една треба, плус тоа страшно ми се гади од нив, не ги поднесувам :puke: Не знам природно колку би можело да се подобри ситуацијата, дали некој успеал без лекови да се среди ???
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    ^ако не се лажам, трудничка си така. Мислам дека сите го имаат тој проблем, а го имав и јас. Има сируп само не ми текнува сега како се вика, јас тој го пиев и ми се подобри железото. Е сега истовремено јадев и многу цвекло, брокула, спанаќ.
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Да трудна сум затоа ми е слабо, јас онака никогаш не сум имала проблем со крвната слика. И јас јадам природни работи што содржат железо, само колку може тоа да надокнади?
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Тотема и јас ги пиев по две дневно. За да не ти се лоши многу пиј ги на гладно и два сати после не јади за да се апсорбира. Мене така ме советуваше докторката, и ми беше чудно зошто на гладно. Арно ама една вечер се напив после јадење и се истурив од повраќање. :worried:
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.762
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно најодбри се Фероглобин капуслите. Се пијат 30 дена. Одма после јадење. Нема ни лошење ни нуспојави, а во себе имаат и фолна киселина и б 12 и цинк . Мене само тие ми ја излецијата слабокрвноста. Така да ги препорачувам на драго срце а мислам дека може и бремени да ги пијат. Исто така добро е и железото од РСИ. И тоа се пие после јадење и нема никакви нуспојави.
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Направив анализи денес. После 10 дена Тотема (по две на ден) и 30 дневна терапија со Хеферол, железото се покачило од 5,0 на само 5,4 (не се сеќавам точно, може да е плус минус 0,1). Битно хемоглобинот се довел во нормални граници, а еритроцитите уште се под.

    И претходниот пат така - после три дози фероглобин некако се поправи, а на наредната контрола пак анемија.
    Пак ми препиша хеферол - уште две дози, плус фолна киселина и витамин Ц.
    Нормално јадам, домашна храна која не е најздрава, но барем еднаш неделно јадам спанаќ :worried:, јадам и мед, пијам чај од коприва, редовно имам месо во исхраната...

    Па добро има ли начин да се поправи некогаш ова? Со години истото е :|
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Ливинг, пробај некој од лековите на природна база што можеш дома да ги направиш, мислам дека ги има рецептите на претходните страни. И јас со се' и сешто сум пробувала, а најдобри ми се покажаа фероглобин капсулите и нив се' уште ги пијам, бидејќи морам до породувањето да го качам Hb до 110 најмалку (т.е 11, по новиве вредности). Ќе видам следнава недела дали се покачил хемоглобинот, на последната контрола ми беше 100 (т.е 10), а тоа беше пред два месеци.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    И јас вчера проверував крвна слика и се изненадив гога го видов резултатот.Хемоглобинот ми многу намален 105 (т.е 10.5) и матичниот ми даде Ферум лек за жвакање,но бидејки ми се многу :puke: јас ги голтам со вода.
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Пробај со ампули Тотема ,се раствараат во вода и се како сок,а многу се добри.Јас кога бев бремена ги пиев и крвната слика ми беше супер.Ги има во зегин ,а ги продаваат и на парче.
     
  10. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    А на слободно ли одат или со рецепта?
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Тотхема одат на слободно и чинат 300 денари внатре имаш 20, најдобро пиј ги со сок од лимон подобра апсорпција ке постигнеш.
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Хемоглобинот ти се покачил од Тотемата (повеќе делува на тоа одколку на железото).Пробај го рецептот со медот и семето од коприва ,многу е добар.
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Тотема се раствараат исклучиво во флаширана вода (заради тоа што нема хлор) ,измешани со се друго губат од дејството
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски

    Хемоглобинот се покачил затоа што внесува железо, и сето тоа што е внесено оди во синтезата на хемоглобинот прво, а вишокот се складира. Затоа прво има резултат врз вредноста на хемоглобинот, а после подолго време се забележува и на серумското железо. Ако не е внесувано доволно долго време нема да се направат резерви во организмот. За било кој препарат на железо се препорачува континуирано внесување од најмалку 6 месеци за да се нормализираат сите вредности.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Мене доктор ми ги препиша и ми рече така да ги пијам, сигурно подобро знае од мене.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Го правам рецептот баш сега, ене ја мајка ми меле :)
    Претходно не најдов семе од коприва (ич не се сетив во аптека да побарам), и јадев само мед и посебно јаткасти плодови. Сега го правам по дефиниција.
    Фала многу :*
     
    На AIT и Annath им се допаѓа ова.
  17. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Jas gi imam skoro site simptomi na slabokrvnost.. ali koga otidov na lekar da proveram krv izleze deka ne mi e.
    Se zacudiv zasto veke 3 god mi se slucuva da mi se privrtuva.. Ednas se imam onesvesteno, potoa epten se osekam zamorno, omalaksano i pokraj toa sto spijam mnooogu duri po 12 saati ne mi se dovolni. Koga sedam ili nekako miruvam a posle napram nekoe dvizenje vednas mi se svrtuva.. Sto ke da e??!
     
  18. BigHeart

    BigHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Сакам да прашам во врска со анемијата. Ги имам скоро сите симптоми и искрено имам голем страв од тоа. Чувствувам замор, ми се удвојува сликата некогаш пред очите, ми касни менструацијата, ми се лупат ноктите, лоша концентрација, некогаш тешко запамтувам а и често заборавам работи кои сум ги кажала пред неколку секунди, имам проблеми со пренос на кислород (некогаш ме боцка срцето), ми се врти итн, итн......во главно многу ми е страв....што да правам?
    Што да сменам?
    Многу ме плаши ова и мислам дека е крај на светот. Ме плаши самиот помин кога ке се каже анемија или било која др болест....ОМГ..... И ако отидам на лекар јас како личност што треба да сменам што повеќе да јадам како накратко речено да живеам? Како да не сум анемична?
    Плс ако можете помогнете ми
    Однапред фала :)
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Анемијата се лекува подолго време и само храна, ако е голем недостатокот на железо, не може да помогне. Значи, мора да се провери крвна слика и серумско железо, ако се потвдри анемија, треба да се зема соодветен препарат, задолжително со Ц витамин и фолна киселина. Исхраната треба да е засилена, ама со потребните работи. Многу добар лек е семе од коприва измешано со мед, потоа сок од цвекло со лимон, пилешки џигер (ама варен, не пржен, на пр. супа со пилешки џигер и зеленчук), јунешко месо (варено), варива од зелен зеленчук (грашок, боранија) со јунешко месо, леќа, свежи салати задолжително, наутро многу овошје и движење на чист воздух (значи не по улици и по продавници). Се ова е проверено и делува, ама не преку ноќ :)
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.192
    Допаѓања:
    139.399
    Никако не можам да пијам железо наутро. Кога ќе се напијам, 3 саати ми е мачно, животов ми се одмилува. После ручек многу полесно ги поднесувам, ама ме мачи апсорпцијата. Толку ли е важно да се пијат наутро?