Јас знам дека ми е од обилни циклуси, кога бев трудна бев раат и после тоа некоја година. Како почнаа да работат хормони по старо или кога се деси некој дисбаланс ко сега јас се цедам и ми паѓа многу. Во право се со резервите, не знам зашто го занемаруваат фактот дека жените ама буквално крварат секој месец по неколку дена, им се празнат резервите, а тие не се гледаат на обична крвна слика и ние никогаш немаме наполнети резерви, туку само замачкуваме со вакви терапии кои ни даваат лажна слика. На низок феритин се пие сериозна терапија 3-6 месеци, полниш резерви и раат си некој период.
Веќе 4 месеци како пијам железо од 100мг, никако подобрување неам, ај ќе го пијам уште два месеци и да видам шо ќе биде. Неам веќе ни вољја да идам на доктор оти не ми го сфаќаат проблемот со косата сериозно а 4 години ми опаѓа. За нив 24 феритин било нормално. Којзнае и дали е качен сега, и да не е, пак нема да се замарат. Ќе си пукнам.
Јас пијам Хеферол постојано, најефективен ми е, ама и најдобро го поднесувам. Пијам 6 месеци во годината, три месеци по две дневно, три месеци по едно дневно. После правам пауза, си паѓа, и пак почнувам со пиење. Кај мене е од обилни циклуси, ми рекоа дека ќе се стабилизира кога ќе влезам во менопауза. Сите можни испитувања ги имам направено, од гинеколошки, гастро, коскена срж, па и генетски. Нема причина за анемијата освен обилни циклуси. После бременостите не ми се обилни како порано ама сепак анемијата остана. На хематологија и трансфузиологија истото ми го кажаа, ќе се среди кога ќе влезам во менопауза.
Само железото ти е ниско или и други маркери? Треба да провериш дали причината можеби ти лежи во недоволна апсорпција, особено ако имаш паралелно гастроинтестинални проблеми.
Железото кога го проверив пред 2г, ми кажаа дека било нормално, не се сеќавам колку беше, но ми беше премногу чудно пошо мене никогаш не ми било нормално туку секогаш ниско. Додуша, за германциве се е нормално. Исто и феритинот ми е низок сега. Планирам пак да одам да проверам и тоа и тоа. Се научив веќе да живеам со симптомите, само се нервирам шо косата ми опаѓа. Ми остана уште на дерматолог да одам.
Јас почнувам да пијам, после недела дена правам контрола само да видам дали “фаќа” терапијата и после продолжувам. 4 месеци да нема никакви подобрување е премногу. Ако железото се подобрува ок е, ако не, направи дополнителни испитувања да не не се врзува или трансферира како што треба. Опаѓање на коса може и од други работи да е не само ниско железо. И кај мене е така само што сега и долго ми траат па или е хормонски или хистероскопија не ми бега. Многу не сериозно ме сфаќаат со циклусот, а јас сум нефункционална први 3 дена. Хеферолот го поднесував се до последнава година кога почна и он мака да ми прави. Како го пиеш? На гладно сабајле или со храна? Ме уби деновиве и киселини ми прави. Имам и јас по две пиено а како ми мириса може ќе треба пак.
На гладно го пијам со витамин Ц, наутро, и кога ќе се вратам од работа пред ручек (поточно вечера веќе му доаѓа, оти во пет сум дома). Немам гајле од него, а од сите други имав гадење и повраќање. Јас немам инаку толку обилни менструации сега ама откако првпат добив, до првата бременост, ми беа ужасни...седум дена интензивно крварење, со јаки болки, со инфузии и таблети против болки одвај поминував. Влошки користев само ноќни, едно до две пакетчиња дневно трошев. А сега менструацијата ми е безболна, само вториотден крварењето е интензивно, после е ок. Еве денес добив, ама си бев регуларно на вежбање, не пропуштам термини поради тоа. Ама ете, пак сум анемична.
A каква функција има спиралата? И јас имам многу обилен циклус, па да слушнам искуство би ми било од корист.
Локално делува хормонски и се намалува крварењето, мене ми ја предложи гинеколог како трајно решение, а од искуство од жени што ја имаат ставено имам слушнато дека поминуват со секојдневни влошки. Јас моментално пијам капки, инаку втор, трет и четврт ден полнев и по 6 влошки
Methylergometrin капки. Ама ние крвариме од ѕидот на матката, а не е собрана крвта внатре во матката, така што хормоналната спирала ќе делува да се намали ендометриумот, ја истенчува матката и со тоа се намалува крварењето, инаку се мнува на 3-5години.
Во Мк мислам сама треба да си ја земиш од аптека и гинеколог да ти ја стави мислам околу 150евра беше пак да прашаш, а овде кај шо сум е бесплатна ако си со индикации како шо сме ние.
Здраво. Сакам да прашам во врска со анемијата, од обилна мензис и гинекологот ми даде капки. Ако не помогне ми рече киретажа. Дали на некоја од вас и рекле киретажа?