Не знам зошто, ваљда зависи кај кого како делува. Супер што ти делувало. Јас во бременост го пиев со месеци и немаше ефект, кога се породив се средив без лекови.
До сега никогаш не сум имала проблем со железото или со слаба крв. Но веќе скоро еден месец се чувствувам ненормално уморно постојано ми се спие, немам енергија, сум малаксана и чувствувам болки во мускулите. Поради тоа денес направив крвна слика и пред околу еден час ги добив резултатите. Железото ми е многу ниско. Знам дека следно треба да одам кај матичниот лекар и да видам што ќе ми каже, дали треба да проверам уште нешто и дали ќе ми препише терапија. Но искрено, веќе самата помисла дека можеби ќе треба да пијам апчиња, да менувам исхрана или да се терам да јадам работи кои никогаш не сум ги јадела, ми создава огромна анксиозност. Ме интересира дали некој од вас имал вакво искуство да немал никогаш проблем со железо, а одеднаш да му биде многу ниско. Од што ви било и колку време ви требало да се вратите во нормала? Дали симптомите како замор, спиење и малаксаност ви се подобрија откако почнавте со терапија?
Дали имавте апетит со ниско железо? Прв пат во живот ми е многу ниско и не знам што се симптоми дава ниско железо и феритин
Со низок феритин (и нормално ниво на серумско железо) јас имам доста апетит бидејќи самото тоа што немам ич енергија ми дава како дополнително чувство на глад. Општо од симптоми преголем замор, нон стоп поспаност, неможност да стоиш на нозе и да извршуваш нормални секојдневни активности, опаѓање на коса, restless leg (чувство како нешто да те лази).
Дали ти се изгубија симптомите и до колку го крена? Кај мене малце мрдна, влезе над долна граница, но имам уште изразени симптоми, а и со оглед на инфекциите кои ги имам периодов не знам дали не е лажно покачен феритинот, така имам читано дека се случува при инфекции.
Немам веќе решение. Феритин 5, хемоглобин 100, а железо 4 Сум испробала разни препарати од тука, од Грција и Бугарија исто. Многу ми прават гастроинтестинални проблеми и тешкотија. Бев на хематолог со една цел, да го замолам венски да примам железо, ме одби и ми даде Ферозомал ќесички наводно бидејќи е липозомално има подобра апсорпција и не создава запек. Џабе, кај мене исто делува како и сите други. И не знам веќе што да правам и пијам. Од природни работи и храна преспоро иде
Дали имаш проверено трансферин, сатурација на трансферин, TIBC? Доколку никако не се покачува потребно е да се најде причината зошто се губат резервите, дали обилни циклуси или некои гастроинтестинални проблеми (хеликобактер, SIBO, гастритис, итн). Само што гледам дека во земјава нема голема заинтересираност од страна на лекарите, мораш да се ангажираш на своја рака да истражуваш и да правиш испитувања, зошто џабе се суплементите ако на крај пак се губи и не се апсорбира. Мислам секако неопходни се суплементи, подобро и венски за да те крене малце ама гледам дека не даваат, не знам до кој степен треба човек да дојде за да му одобрат венски..
Па да, помалку се изгубија. Ама ќе си продолжам да си пијам железо, Ц витамин, Фолна и Б12.. очигледно тоа е добитната комбинација кај мене.