Имам проверено, трансферинот е покачен што по некоја логика е очекувано. И имам обилни циклуси и ми рече ќе пишам како проформа консултација со гинеколог, а кога бев кај гинекологот на редовем преглед кажав и за проблемов буквално ништо не ми одговори. А и д ами одговореше знам што ќе беше одговорот - контрацепција а не планирам да ги пореметам хормоните и останати последици. Еднаш првиот гинеколог што ми бепе ми даде Ерготил капки ама прелошо ми беше од нив и само 2 дена имав циклус и бев помала и се исплашив одма ги прекинав. Се согласувам дека не се баш заинтересирани, а бев кај многу фален и познат хематолог. Им е страв венски поради анафилактички шок што реално и не е така честа појава со новиве лекови.
Дали од гнојна ангина проследена со температура и омалаксаност може да падне доста серумскиот железо? Почнав да пијам антибиотик ама си направив и крвна слика. Паднато ми е на 3ка..
Хемоглобин 7 железо 2, цел живот сум слабокрвна, кај мене е проблем обилните менструации, здравје ќе мора да се стави спирала др решение нема, ама сепак сакам да прашам некој лек домашен или некакви таблети за железо само да не се капсули ме боли желудникот, а од тотхема и флорадикс ми е многу лошо
Јас долги години имав проблем со слабокрвност и ниско железо но, со хеферол капсули и фолна киселина успеав да се нормализирам. Замор и исцрпеност осеќав. Сега сум добра.
Докторката денес ми рече бадијала ќе се испитува феритин тој сигурно ти е низок, почнувам од утре со инфузии,и дома че гледам да јадам повеќе работи што содржат железо, јас немам никаков симптом навикната сум на слаба крв ама вака само ќе ми ослабе срцето и башка и другите органи страдаат мора да се среди
Уфф многу ниска, исто како мм, а не ти даваат крв да примаш? Мм примаше и плазма исто како тебе железо 2. Ние случајно откривме кога вирус имаше. Оттогаш 3 години поминаа ја покачи ама не стигна до 140 како што имаше. Мед со коприва, маџун, сок од калинка природен, б12, апчиња доби за крвта од доктор, сок од јабоко, цвекло, лимон и морков редовно. Секаков вид на мед со млеч, со прополис, со се што постои наизменично користи.
Јас предходно исто примав инфузии се качи железото 12 па добив и падна на 6, докторот ми рече јас неможам да се борам со менструацијава мора гинеколог да одлучи како ќе се среди и најдобрата опција е спирала,ама секако сега мора пак да примам инфузии а и ќе ставам спирала тоа е
Било и полошо тогаш и шум на срцето се слушна од што не ми работеше правилно, морам да ја средам крвта вака не бива повеќе, ќе земам нешто од ова што ми кажа, башка инфузиите спиралата ќе се среди
Многу ми е жал, и себе се жалам кога не ме слушаат затоа „сама“ се лечам некогаш. Не знаев дека анафилакса може од венско железо да се добие. Ваљда може да се остане после терапијата и да се прими под надзор за да се исклучи ризикот. Можда не толку познат хематолог е подобра опција, помладите се водат повеќе по нови студии и похрабри се за вакви чекори. И јас не сум за контрацепција, ама отиди и кај друг гинеколог да не треба некоја интервенција. Хеферолот веројатно исто си го пробала, мене тој најмалку мака ми правел, сум станувала еден саат порано да испијам терапија и да легнам да призаспијам за да не ме утепа толку мачнина и тоа ми помагало, и секогаш наутро терапијата ми е најлесна за поднесување. За со храна не знам што да кажам, сум пробувала и така ама не кога сум била исцицана до дното. А кај мене слабото железо ми прави пообилни циклуси така што храната не ми помага никако па ако треба и живи џигери да јадам не ми е доволно. Не се оставај без терапија, сите органи ти страдаат и цело тело. Собери информации, читај, барај искуства и оди кај општиот матичен и со него терај ја работата понатака ако треба. Јас сега така правам, сите прашања и мислења и ги соопштувам и само чекам амин да ми даде за да продолжам како што мислам.
Јас одсекогаш сум била по малце анемична од дете. Но никогаш во големи размери како што сум последниве неколку години 7,8 отрприлика, дарував крв до 12 пати може и тоа си имаше влијание но конкретно мислам дека после 3 та операција хистеро лапароскопска 2022 ми се поремети и од тогаш не можам да се опоравам од обилното крварење. Пробав со се ова што го кажувате дали природно или синтетички ама баш ништо не ми помогна, пиев и хеферол од кој се средив па ми го прекина хематологот и сега после првото ин витро пак се доведов до железо 3 феритин 12 и хемоглобин 97 . Спирала не смеам поради тоа што сакам да забременам , што да направам повеќе не знам. Пак почнав со фолна , б12, д витамин и уште чекам кај хематолог 11 ти месец зошто нема термини пред тоа. Па ако некој од вас знае нешто што не сум пробала да испитам нека каже затоа што се исцедив од добивање циклуси со парчиња едвај издржувам и на работа. Жена...