Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анемија (слабокрвност)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од skorpija1992, 7 август 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    колку што ми кажа докторката ариел важно е да се пијат сите тие лекови насабајле пред јадење бидејќи храната ја отежнува абсорбцијата на железо во крвта и ефектите рачунај дека се далеку помали или никакви.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Зависи од препаратот кој го земаш. Ако се работи за препарат на железо во течна состојба, тогаш на гладно - ама не е препорачливо. Лошо делува на желудникот. А капсулите и таблетите може да се земат со јадењето или после него. Фероглобинот се земаат еднаш дневно исклучиво после главното јадење. Ама треба да се води сметка да не се меша со оброк во кој има млеко и млечни производи, затоа што калциумот го оневозможува ресорбирањето на железото. И кафе и чај треба да се избегнуваат во тоа време кога се пие железото.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Не ни мислев дека некогаш ке ја читам темава :^)
    Дечко ми правеше крвна слика и железото во крвта му е многу мало:
    Серумско железо 2.80 (референтно 11-28)
    Хемоглобин 15.2 (референтно 14-17.5)
    Откако ја виде крвната слика докторката му препиша некои теблети Ferric III hydroxide polymaltose complex да ги пие заедно со Витамин ц . Е сега прашањето ми е дали се потребни дополнителни испитувања или да ја зима терапијата? Дали некој има искуство со овие таблети? И дали домашниот рецепт што го препорача Annath и оние шумливи таблети може да се зимаат во комбинација со таблетите?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    ^^Има ниски резерви на железо, па нека ја зема терапијата некое време. И може секако и домашните рецепти да се земаат, било кој од нив. Ако сака нека пие шумливи таблети, но и не мора. Важно е да го зема препишаниот препарат заедно со витамин Ц, а можно е да треба подолго време да се пие, најмалку 6 месеци.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Annath а дали е можно железото да му е толку ниско затоа што кога му зимаа крв беше болен (температура, грип и организмот му беше ослабен). Затоа мислев да го повтори испитувањето, или пак тоа нема врска.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа, иако не се практикува земање на крв кај болни лица за испитување. Нема потреба од повторување, нека го зема препаратот прво месец дена, па пак нека направи крвна слика, да се види дали реагира на терапијата и дали треба да се продолжи или да се смени ако нема реакција.
     
    На Malinka1$ и Mayyya им се допаѓа ова.
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас сум малку слабокрвна си јадам цвекло морков боровници пијам во последно време многу и лимон
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Најубав лек за анемијата. Во 1 кг мед ставате 1кг семе од коприва (се наоѓа по аптеки, билкари) и од таа смеса по 1 лаж од сабајле.
     
  9. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    А, јас сакам да прашам нешто на пример сега што е проблемот кога железото е ниско а хемоглобинот е нормален. Пример на сестра ми претходните резултати беа хемоглобин мислам околу 143 ( тоа е во граница на референтните вредности пошто таму пишува за хемоглобин од 110 до не знам колку) а железо 6.1 (тоа нели нормалното по4нува од 7.1)??
     
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ако била предходно анемична, и прима терапија тоа е знак дека се подобрува крвната слика. Ако е новонастаната ситуација тоа е знак дека оди кон анемија или па тоа се вика не-анемичен железо дефицит. Треба да се видат и резултатите за MCV и MЦХ. Ако се намалени тогаш тогаш оди во прилог на анемија која е предизвикана од дефицит на Б12 витамин и фолати.
     
    На Branko33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Епа да да беше анеми4на и хемоглобинот беше мислам 89 и потоа примаше терапија зна4и сеа ок е така??
     
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Па не е во ред се додека не се нормализира целосно крвната слика, значи нека продолжи со терапијата што ја има и нека си прави контроли на крвната слика :) Сепак ова е знак дека делува терапијата.
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.192
    Допаѓања:
    139.402
    Е зошто ова не ми го објасни некој до сега? Мене овие вредности MCV и MHC ми се одамна намалени, а како познат хипохондрик се утепав од прашување што е ова, и сите лекари ми викаа дека ништо не било. Почна така, па продолжи со намалување на хемоглобин и серумско железо, кое конечно летоска дојде до 1.4.

    Треба да правам деновиве крвна слика, се надевам дека ќе биде балем блиску до долна граница. Не ни сонувам да биде во рамките на нормала!
     
  14. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Пробајте направете сок од цеден лимон цвакло и морков јас ставам по кило до две од се значи од прилика
    Се пие еднаш до двапати на ден по една чаша мене ова многу ми помогна и во пубертетот додека имав проблеми а особено и за време на бременостапоздрав се надевам ќе ви помогне и на вас
     
    На Malinka1$ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    MCH - Mean Corpuscular Hemoglobin и MCV - Mean Corpuscular Volume. Ако серумското железо и хемоглобинот се во граници на нормала, овие параметри немаат особено значење. Но, ако имаш анемија овие параметри се едни од основните за да се одреди типот на анемијата. Првото MCH е колку хемоглобин и во еден еритроцит изразено во фемтолитри, а второто MCV покажува колку е волуменот на еден еритроцит. Тоа е многу значајно кај анемиите бидејки, можно е пример да имаш доволно железо во крвта но да има проблем со создавањето на хемоглобинот при што MCH ќе биде намалено, значи терапијата ќе се темели на тоа да се одстрани препреката во создавањето на хемоглобинот. Како втор пример можно е да имаш намален хемоглобин и железо, MCH да е нормално, а MCV т.е волуменот на клетката да е намален, што оди во прилог на микроцитна анемија, каде има проблем и во еритропоезата па треба на тоа да се насочи терапијата и уште многу други вакви параметри.
    Има многу видови на анемија. Единствено само феродефицитната се лечи со давање на железо (ама па и таа е најчеста). Затоа ако после една доза на терапија општиот лекар увиди дека не се подобрува крвната слика, должен е да ве препрати на хематолог. Тоа не значи дека работата е сериозна ептен, туку дека треба да се одреди точниот механизам како настанува анемијата па да се даде терапија според тие наоди. :)
     
  16. Tiffani

    Tiffani Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    И јас со години сум слабокрвна,но пред 4 месеци ја проверив крвната слика и има што да видам-катастрофа.Сите вредности беа заникаде.
    Отогаш примам терапија,а крвта да проверувам на секои 2 недели.До пред менструација вредностите се поткачуваат малку,а после менст.повторно се ниски.
    Ме изморив веке од ова,но секако продолжувам напред,мора да се борам
     
  17. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Зна4и ова со анемијата како да нема крај, ама морам да кажам дека еве сега последниот пат по проверката на крв кај мама и сестра ми се беше во ред.. коне4но и тоа мама без пиење на суплементи, ама сепак мн треба да се внимава на храната, на пример од кога си го купиме Power Jucier правиме цело време сок од брокули (пошто имат многу витамин Ц, а и многу филна киселина а имаат и железо) од јаболки и од портокал, исто така може да се јаде мелено семе од афион со мед и лимон, мелено семе од коприва исто со мед и лимон, насабајле на гладен стомак треба да се јадат излупени бадеми (претходно потопени во вода, да отстојат 2-3 4аса или цела ноќ и после лесно се лупат), да не се пие млеко кога се јаде оброк богат со железо, семки од тиква исто имаат железо, грашок, да не се пие 4ај без лимон оти сите 4аеви имаат некоја материја што ја попре4ува апсорпцијата на железото... и многу многу други работи и полека по лека би требало се да се среди!
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Навистина како да нема крај :^)
    Јас ја довршив терапијата пред неполн месец, а не можев да одам на контрола зашто добив, па после бев зафатена, и сега пак се чувствувам слабо. Главата ме боли секој ден, имам вртоглавици, чувствувам слабост во нозете... Кога сум на терапија е во ред, после пак ми се враќаат симптомите. Утре ќе одам да правам анализи и однапред знам што ќе биде - ајде уште една доза од терапијата |(
    :|
     
  19. Tiffani

    Tiffani Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    LivingGlam браво,чекаш да помине скоро цел месец без контрола.Јас проверувам крв секои 2 недели,постојано сум на терапија,нема прекинуванје,барем не тоа што е на природна база,како што е алгата спирулина,семето од коприви и чајот од коприви.

    Хм,кога јас би прекинала терапија скоро цел месец,незнам дали после ке си го најдам крајот
     
  20. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Епа да за алгата спирулина знам дека е многу богат извор на железо, и добро е да се земат такви работи кога ти е слаба крвта, ама многу голема улога играе исхраната, а тоа никој не го потенцира, всушност кога ќе ти ги видат резултатите само ќе ти дадат да пиеш суплементи и толку, ни на крај памет нема да им текне да ве упатат на нешто со исхраната.... На пример сега замислите земате суплементи и ги пиете со млеко, наместо со вода, па тоа е глупост ама кога никој не ни кажал што да правиме, затоа ја на сите им викам, прашајте го гугл, тој стварно знае мн работи и навистина можете да се информирате за мн работи кои до сега не сте ги знаеле... и сигурно со упорност и со придржување до некои принципи во исхраната ќе ви се нормализира крвта!