Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анемија (слабокрвност)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од skorpija1992, 7 август 2010.

  1. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    zdravo, dali nekoj znae dali od slabokrvnost moze da dojde do leuкemija, me strav da si proveram krv od toa da ne mi kazat deka imam leuhemija, a pojma nemam koj se nejzini simptomi.


    [mod-kirilica:2l4dhinp][/mod-kirilica:2l4dhinp]
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Каква еухемија пуста? :^) Ова да не е некоја нова болест на 21 век? :?: :tmi:

    Леукемија мислиш срцка, леукемија :) ... Така се доаѓало до леукемија па ти?! :^)
    Нема врска, оди провери крв ако се установи дека си слабо крвна ќе ти дадат витаминчиња, таблетчиња ... ќе си јадеш повеќе зеленчук, ќе си пиеш повеќе течности и повеќе штрафови ... :D се шалам ... ќе треба повеќе железо да внесуваш и после има да си ко нова. ;)
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664

    Јас мислам дека не се поврзани леукемијата и анемијата. Но сепак оди провери ја крвта, полесно ќе ти биде и ќе видеш дека за џабе си паничила.
    Едит:
    Леукемија-Симптоми и знаци

    Поради оштетената функција на крвните клетки, пациентите со склони кој инфекции, трески и високи телесни температури.

    Кај пациентите е намален бројот на здрави бели крвни зрнца, поради што е зголемен ризикот од инфекции.

    Исто така, кај пациентите е намален и бројот на црвени крвни зрнца, кои го пренесуваат кислородот во сите ткива и органи во телото. Пациетите се бледи, слабокрвни и чувствуваат замор и слабост.

    Кога е намален бројот на крвните плочки во крвта, пациентите се склони кон крварење по кожата и во внатрешните органи.

    Кај акутната леукемија, симптомите се јавуваат и влошуваат нагло, додека пак кај хроничната леукемија, тие се развиваат постепено. Можно е пациентите со хронична леукемија долго време да немаат никакви симптоми, а кога тие ќе се јават, воглавно тие се слаби во почетокот, и постепено се интензивираат.

    Ова се некои од вообичаените, најчести симптоми и знаци:

    анемија (заради неможност нормално да се создаваат клетки од црвената лоза во коскената срцевина),
    треска, чувство на студ и други симптоми слични на грипот,
    инфекција или „настинка“ која трае долго и не поминува,
    чести инфекции, губиток на апетит и телесна тежина,
    покачена телесна температура,
    главоболка,
    ноќно потење,
    болки во коските и зглобовите,
    бледило,
    тешкотии во дишењето,
    надуеност на стомакот, кое е предизвикано од зголемувањето на црниот дроб и слезенката.
    отечени или болно осетливи лимфни јазли (особено на вратот, пазувите и препоните).
    слабост и замор,
    склоност кон крварење (крварење од носот, крварење од непцата, крварења по кожата).
    отечени непца и десни, кои често крварат.

    Кај акутната леукемија, абнормалните клетки можат да се натрупаат во мозокот и во `рбетниот мозок. Како последица од тоа се јавуваат: главоболка, повраќање, збунетост, конфузност, губиток на мускулната координација и епилептични напади.

    Овие абнормални крвни клетки може да се насобираат и во тестисите и да предизвикаат болен оток на тестисите.

    Кај некои пациенти се јавуваат инфекции на очите и кожата.

    Леукемијата може да го зафати и дигестивниот систем, бубрезите, белите дробови или другите делови на телото.

    Кај хроничната леукемија, абнормалните крвни клетки можат постепено да се акумираат во различни делови на телото. Може да бидат зафатени: мозокот, бубрезите, тестисите, кожата и дигестивниот систем.

    Леукемијата не е заразно заболување. Таа не може ниту да се добие, ниту да се пренесе на друг. Исто така, леукемијата не се јавува фамилијарно.

    Сепак може анемијата да даде леукемија.
     
  4. marchy15

    marchy15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    И јас имав сличен проблем- анемија.
    Хемоглобинот нагло ми се намали откако добив прв пат менструација, но тогаш не обратив многу внимание. Со тек на време, секој ден почна да ми се врти, повраќав, бледа боја на лицето, малаксана, поспана, се заморував, немав сила да направам три чекора што се вика.. За време на циклусот, имав преобилно крварење ( со 2 влошки одеднаш), бело прање..
    Бев многу исплашена, но не кажував на никој.. Но, мајками примети дека нешто не е во ред, и ме праша што се случува? Јас и кажав за менструацијава, и првиот збор што ми го кажа беше ГИНЕКОЛОГ. Се исплашив кога го слушнав тоа, и си реков нема шанси, ништо не ми е, ке јадам цвекло и ке ми помине, но не беше така.. отидов на гинеколог, ме виде на ехо и ми даде апчиња кои многу ми помогнаа, но бев и на хематологија каде што ми препишаа исто така фолна киселина, б- комплекс, реферум и уште едни но не ми текнува.. сега ги немам тие симптоми (пу пу), и циклусот ми е сосема нормален..
    Но за да го достигнам ова ми беа потребни 6 месеци со горекажаните таблетки и рецептот со медот и семето од коприви, меѓу првите одговори.. Така да, освен апчињата, и храната тука игра голема улога. Поздрав ;)
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.190
    Допаѓања:
    139.377
    Јас имав проблеми со слабокрвност поради обилни менструации, ама периодов успеав да се доведам во ред, и тоа без вештачки додатоци, на што сум посебно горда!

    Секој ден јадев мед со семе од коприва, а за да биде повкусен му ставав многу цимет и непечени бадеми. КОга проверив пред еден месец - не ми се веруваше! Серумското железо ми беше во граници на нормала, а а пред помалку од една година ми беше 1.4!
    Ова со медот пробував да го јадам редовно и порано, ама успеав дури кога најдов природен мед. Претходно за жива глава не можев да се натерам да го јадам. Мислам на оној купечкиот. Сакам кристализиран мед, и се утепував од јадење со семе од коприва!
    До душа, и доста џигери од Љуц изедов :D
     
    На stejsi2005 и Annath им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас од малечка сум слабокрвна цел живот така, ќе ја опраам крвната слика, па ќе ја расипам и постојано како амплитуда. Се научив и навикнав на тоа да ми се лоши постојано, да ми се врти целовреме, да сум омалаксана, а и низок притисоков тоа + ме доведува до тие ситуации и така. Проверувам крвна слика, ако е ептен во пад генерално ќе се засилам со јадење тоа што треба и готово, зошто сепак може да е и полошо. Имаше 2 вида анемија мегалобласна и уште една забораив како се викаше. Највисокиот степен - леукемија.
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И јас одсекогаш имам проблем со анемија. Најчесто ми даваат тотхема ампули заедно со витамин ц. Понекогаш имав знаци на вртоглавица, без енергија и слично, но сега гледам на природен начин да си го контролирам тоа, со внесување на обоени зеленчуци и овошје, месо и цвекло многу, како и чај од коприва..
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Зна4и едно е Леукемија, а сосема друго анемија. Леукемиите се малигни болести, анемиите не се... прво има многу видови на анемии од кои нај4еста е железо-дефицитната анемија која се јавува поради недостаток на железо, и се лекува со суплементи на железо, после имаш мегалобластна анамија поради недостиг на б-витамини, б-12 и филна киселина(б-9) и тука зна4и крвната слика содржи големи овални еритроцити (мегалобласти), хиперсегментирани неутрофили, и големи абнормални тромбоцити. Имаш и апласти4на анемија- назив за болест кај која коскената срцевина е мошне слабо рзвиена, а последица на тоа е недостаток на сите крвни клетки во циркулацијата. А таа е малку покомплицитана, ама и поретка, ама има повеќе видови на апласти4на анемија, и колку што знам се лекува.. После имаш и секундарни анемии кои што се настанати поради некои други заболувања... Ете зна4и не е исто леукемија со анемија и анемијата не е при4ина за леукемија и леукемијата не е највисок степен на анемија како што про4итав тука некаде погоре, и не може анемијата да даде леукемија, се надевам сега неш од неш ви стана појасно......
     
  9. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Одамна иам проблеми со анемија и ниско железо! значи кај мене случајот беше паѓање на хемоглобинот по првата менструација и многу ниско железо подоле од нормалната граница! така што покрај лековите кои ги добив од лекарите секако дека и храната и здравиот начин на живот влијаеа врз подобрување на мојата здравствена состојба! пред се јадење на храна која е зелена и црвена како на пример брокули спанаќ,црвено месо,џугер,марула,смокви свежи бадеми непечени,какао итн..Нешто што страшно многу ми помогна беа чајот од коприва како и смесата која се прави од мед и коприва и се зема по 2-3 лажички на ден! Мора многу да се шета,да се престојува на што повисоки места,на планина на пример е најубаво за црвените крвни зрнца итн..сето ова мене ми помогна и го практикувам и до ден денес бидејќи сум подложна на анемија и паѓање на железото со оглед на тоа што имам обилна менструација! позз
     
    На Sunday-Rose и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. shadow74

    shadow74 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Tothema 2 ampuli na den edna na sabajle edna na vecer vitamin C od 1000mg edna na den i ke pomine edno izvesno vreme no ne isceznuva nikogas duri ni posle poroduvanje treba samo da se odrzuva vo normala najcesto opaga vo prolet i esen.

    [mod-kirilica:3faju56f][/mod-kirilica:3faju56f]
     
  11. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Неколку години имав железо-дефицитарна анемија. Многу ми помогнаа ампулите Тотхема во комбинација со витамин Ц (за подобра ресорпција на железото). И еве после нивното земање ми се регулира железото
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Пошто таа класична терапија Реферум+Витамин Ц + Б комплекс кај мене се покажа мноогу неуспешна ми препишаа Фероглобин демек поарен е ама од него повраќам ми штети на желудникот. Аман више од лекаества терапии и диети сакам нејкам ке почнам цвекло да јадам :envy:
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    дали некој ги има пробано оние шумливите апчиња од пчела или незнам како се вика таа фирмата за природни работи мед, за слабеење итн. има ефект?
     
  14. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    ако мислиш на Златна пчела,девојка што ја знам многу е задоволна од нивните препарати.Скапи биле ,нејзе и помогнале
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Јас имам вродена анемија со тоа што имам железо, но немам хемоглобин. Со години пробувам да го решам проблемот но ни докторите не знаат да ми кажат што да превземам бидејќи не се работи за недостаток на железо. Има ли некој друг ваков случај и ако има, како и дали сте се решиле од проблемот?
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Има понапред на темава пишувано ист случај дека се работи за бета таласемија (мислам оти така се вика), кај тебе е оневозможено врзувањето на железото.
    Во тој случај се зема фолна киселина што ке го сврзе железото во хемоглобинот
     
  17. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    На што иницира премногу ниско серумско железо, само 1? Имал ли некој вакво искуство ?
     
  18. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    devojki vo posledno vreme osekjam tapa no privremena bolka vo muskulite na dolniot del od nozete(no i vezbam aerobik)no nikogas do sega ne mi bilo vaka.imam normalen apetit ,no dali mozno e da imam anemija ?potocno jas neznam od sto me bolat nozete,inaku ne se umorvam koga setam i ne me bolat togas,pretezno navecer osekjam nekako kako da mi se teski nozete i privremena slatka bolka vo muskulite.:(
     
  19. sitalija

    sitalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво, И јас имам проблеми со анемијата која се јави после обилно крварење и доста читав па на Лади Росе можам да и кажам дека има и анемија предизвиката од недостаток на бакар во организмот па нека си прочита или провери со лекар за ова. А на рибце 21 истотака мозе да ти казам од лично искуство дека нозете од колена надоле доста болат и кога одиш и кога неодиш едноставно така си болат. Но и подуеност се чуствува. Овие симптоми се и за тироидна жлезда и помислив дека е реакција од тоа , но сепа се од анемијата барем кај мене. Поздрав и се надевам дека некому помогнав.
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Кога бев бремена пиев Фероглобин таблетки.Потоа ги снема,мислам дека сеуште не се продаваат и ми нудеа сируп Фероглобин,ама џабе го платив не можев да го поднесам.Онаа недела пак ми рече да земам Фероглобин сируп ама не сакав зошто го имам цел дома.и во аптеката ми дадоа апчиња со железо,б12 и фолна кои веќе цела недела ги пијам ,околу 300 денари се,зелено кутивче 30 има внатре по една на ден.
    ФолвитФеро се викаат,јака зелена боја е кутивчето


    Едит еве ги[​IMG]