Јас пред 3 недели бев на преглед и ми ја проверија крвта, поради тоа што веќе некое време се чувствував малаксано, без волја за живот и баш онака шупливо внатре Излезе дека хемоглобинот ми е 124 мислам, а железото ми е 4,6, што е под нормала. Докторката не ми рече дека сум анемична, али веројатно одам кон тоа. Ми даде едни апчиња, на Ф почнуваат, не ги памтам како се викаат, ги пијам скоро секој ден, за време на јадење, 30 се и требало да се испијат за време од месец ипол-два. Исто пијам и Ц витамин секој ден, лимони, риба, чај од коприва почнав да пијам од некни, и така ... Се надевам дека ќе се подобри ситуацијата, се чувствувам малце подобро. Тој сокот од цвекло, морков, јаболко и лимон, кога сум дома мама ми го прави, а тоа се случува еднаш месечно, така да, од домашниве рецепти не знам јас што да правам.
здраво и јас го имав истиот проблем и со се и сешто се лечев.на почеток ке ми се подобреше крвта и пак ништо.јас случајно почнав да пијам какао кога почнав на работа пошто колешките пиеа кафе јас не пијам кафе па почнав да пијам какао.по извесно време отидов на преглед и докторката ми кажа дека крвта ми е супер дури и повеќе од колку што треба да биде.јас не попверував и посакав усте еден тест да ми направат пошто можно е да е грешка.повторно излезе резултатот ист. сакам да ти казам дека секој ден пиев по 3,4 или 5 кафени шољи какао и од 4 ми се покачи на 28. гарантирам дека и тебе ке ти биде подобро само биди упорна и редовно пиј какао.и откако ке ти се подобри крвта пак продолзи да пиеш какао наместо кафе (ако веќе пиеш кафе,и онака не е баш здраво кафето) се надевам дека се ке биди во ред и ке ми биде мило ако ти помогне мојот совет поздрав
Каде најбрзо и едноставно да проверам крв, колку чини итн..? Освен на систематски, никогаш не ми ваделе, па не знам како идат тие работи баш.
луге а што да правам јас??? слаба сум не сум кускуле туку сакам да се здебелам некако вака слаба не си се свиѓам! секаде читам за диети како да ослабнеш ова она а за дебелеење никој не пишува. имате ли некоа идеа???
pravev test na krf pred mesec ipol i se bese ok no nekako kako da me bolat muskulite na nozete koga se pravi test povtorno?
Немаш потреба да правиш пак штом ти е ок. Болката може да е од слаба циркулација, замор, нагла физичка активност ... Земи магнезиум таблети.
Може да ти биде лошо, да имаш вртоглавици, нагони за повраќање кои сепак не се толку силни и изразен замор. Ама може и од жешково да ти се лоши, мене тоа многу ми беше изразено вчера (инаку јас сум констатно анемична од мои 15 години). Мојов организам е навикнат да функционира вака, меѓутоа од време на време се случува симптомите на анемијата да ми бидат поизразени, па знам дека е време за нова доза Фероглобин
Ах кажувајте нешто природно да си ја ојачам крвта, имав продолжен менстрален циклус изгубив многу крв, и стрес и се, еве неколку дена се тресам, имам константна главоболка, пиев порано ферум лекови со комбинација со витамин Ц, ама дајте нешто природно, од ферум лековите многу ми се лоши.. бу
Љубам, јас зимата кога бев анемична секој ден си рендав едно цвекло, со 1-2 моркови и јаболко. Превкусно ми беше, со ќејф го јадев. За неколку дена ми се изгубија главоболките и престана да ми се врти. После 1 недела некаде немав никакви проблеми кога се заморував на физичко, а пред тоа ми беше смрт.. Сестра ми ми кажа дека убаво е да ставаш и по неколку капки лимонов сок, зашто како што сфатив, железото се врзувало во витаминот Ц.
Салата од Лена и + чај од коприви, свежи ако ги има сеуште ако не филтер кесички. Мене крвта ми беше во алармантна состојба, со многу цвекло и морков и секој ден чај од свежи коприви ми се подобри. Ми препорачуваа и спанаќ, обарен само и измешан со претходно сварен ориз, може и кисело млеко или павлака, ама јас ова не јадев зошто спанаќ никако не можам да јадам. Козјо млеко е истотака многу добро поготово домашно ако можеш да најдеш, малце специфично си мириса али мнигу е здраво.
Земи аронија, многу ја фалат за подобрување на крвната слика. И јас ќе си земам, само да ги допијам овие што ги почнав. Ах маки со оваа анемија...
Морам да превземам нешто, оти скоро не сум способна да правам ништо, а од овие лекови жлудникот ми вреска. Баш видов на почетокот Анатх што пиша за комбинацијата со мед, и јаткасти плодови. Морам да превземам ншето, зошто во секунда пребледувам, се тресам, силна главоболка и тотално сум неспособна за ништо. Ах од мала водам војна со оваа глупа анемија, поприлично полничка сум, ама сепак крв си е крв.. фала ви многу.
Еј да, и таа комбинација со мед и ореви/лешници ја заборавив. Еднаш си направив колку да пробам, не знам дали количински ставив колку што треба ама мене одма ме живна. Не ја викаат за џабе енергетска бомба. И еден другар (спортист) мислам дека секој ден си каснува по една лажица од тоа. Барем него премногу му помага, па пробај си.
Љубам, има една мешавиноа од ленено семе, мед и коприва за анемија, мајка ми го јаде тоа зошто откако влезе во менопауза, драстично и падна железото во крвта, па место Феруми и такви гадости (што дури и на мирис мене ми се грозни, а можам да замислам како е да ги пиеш), ова е природно и 100 % делотворно ако се конзумира барем месец дена постојано. Дури и после тоа можеш да го јадеш, чисто како превентива. Впрочем, сега кога скролав, видов дека Анат го има пишано со точна доза. На тегла мед му доаѓа 100 гр копринено и ленено семе, сок од 2 лимона за да се врзе железото од копривата и толчени бадеми. Мајка ми го јадеше секое утро по две лажички на гладно срце, и по месец дена имаше задоволителна крвна слика. Ако комбинираш во исхраната и свежи салати од спанаќ, цвекло и јадеш црвено месо на пареа (без пржење), мислам дека ќе помогне многу.
Луѓенца, пијте сок од цвекло, јадете суви кајсии и аронија и ќе бидете како нови . Месец дена дур се ,,фати'' тоа на вас, после немате гајле веќе . Јас од кога знам за мене сум со слаба крв, ама ете спасот го најдов и баш ми е мило што е се на природна база, а не со разни аналгетици.
и јас јадам свашта на природна база ама искрено после некое време ми здосадува се. нема нешто што не сум пробала: аронија, цвекло, лекот со мед и семе од коприва итн али кај мене е проблемот што јас сето тоа го правам одреден период и после прекинувам. така да бидете упорни не како мене .
И мене на последната крвна слика хемоглобинот ми е на долна граница, ама нели нормално било во бременост, и ми препишаа сируп Floradix, бил на природна база да го пијам во комбинација со витамин C - Ацерола и тие биле на природна база. Дали некој има искуство со сирупот? Бидејќи јас се одлучив да не го земам веднаш, ќе пробам со медот и семето од коприви, а почнав и аронија да јадам по 10-ина дневно, така ми рекоа.
Tothema ампуливе со што препорачувате да ги пија? Некаков сок..? За да не ги сеќава многу, многу.. грди ми се
Јас цел живот сум слабокрвна. Малку се оправив последнава година, паискрено се надевам дека така и ќе остане.