Од мое искуство, пошо цел живот имам слаба крв, конечно ја средив со природен лек. Не знам дали некој друг го има истово пишано (не ги прочитав сите коментари) ама еве и јас ќе го напишам. Значи се меша пола тегла малтекс (од малите теглички, јас купив од Виталиа), пола тегла таан (исто од малите теглички од Виталиа), неколку големи лажици мед и семе од коприва (околу 50 g). Се меша се убаво со дрвена лажица, ако е многу густо се додава таан или мед, ако е многу течно се додава семе од коприва. Се зема наутро и навечер, прво се пие витамин Ц (јас пиев таблети од 500 mg) па по 5 мин. се земаат 2-3 мали лажички од смесата. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото и затоа е многу важно да се зема . Пред да почнам со ова железото ми беше 6,3 а после само еден месец на оваа "терапија" железото ми скокна на 22,3. Така да навистина има ефект и тоа долготраен. Поминаа 4 месеци и сеуште немам симптоми на слабокрвност. Мене ова најмногу ми помогна, зато што другите терапии за анемија со апчиња за џвакање, со ампули за пиење итн треба да се земаат минимум 3-4 месеци за да има ефект, и или немаат убав вкус, тие за џвакање можат да ги расипат забите и се поскапи.
Семе од коприва мед сок од лимон се мешаат во тегла да се добие една хомогена смеса Секој ден наутро или навечер по 1 лажица на гладно
Читам го фалите овој рецепт сакам да го пробам но незнам колку мед и колку семе од коприва е потребно и колку лимони а исто така каде може да најдам семе од коприва го има ли во сите аптеки и дали теба да се смеле семето од коприва или така како што е поздрав
Девојки сакам да ве прашам дали поради слабокрвност односно многу низок хемоглобин може да ви доцни менструацијата?
1 тегла мед (голема) 50гр семе од коприва 3 лимони и плус по 100гр бадеми, ореви и лешници. Семето го има во продавници за здрава храна, а можеш да бираш какво го сакаш. Меленото помалку се осеќа. Бадемите, оревите и лешниците по правило треба да се живи ама мене така не ми се свиѓа, па си зимам печени и ги толчам. Еднаш ми ги смелеа и не ми се допаѓаше така
Здраво девојки. Подолго време патам од анемија, неколку години и никако да ја поткренам малку крвта. Денеска ми рекоа дека анемијата водела до леукемија многу се исплашив Имам пијано чај од коприва, семе со мед, никако не ми се подобрува крвнта слика, е знам шо да правам , одма почнаа да ме мааат некој болни филмови
Мајками го реши проблемот со тоа што пиеше јајца од препелица http://doktori.mk/element/view/51839c32 ... -prepelica секојдневно салати од цвекло и маслиново масло овошје , зеленчук , црн леб , чај од коприва
Кај нас мајка ми сестра ми цело време на таблети беа сите мислам дека ги пробаа, и прекини ги таблетите веднаш паѓа железото, додека ги пиеа имаше подобрување ама тоа ли е работа да си зависен од таблети цело време, и сега правиме сок од цвекло морков и лимон тоа го пијат насабајле-сега нели не баш секој ден ама скоро секој ден, готвеме леќа почесто, грашок, салати обавезно... внимавајте комбинација млечни производи-и оброци богати со железо- оти си сметаат меѓусебно и сега за сега супер е на мама железото и беше 8 на последната проверка а инаку и во скопје на хематологија имаат одено ама од тие таблети мислам најмалку резултати имаше, инаку ова железо за неа е премија оти инаку до кај 2-3 и се симнува без терапија, а сега со исхраната го качивме во нормални граници (во некои лаборатории границата почнува од 6,6 во некои од 7 и така, важно добро е сега)..така да ако е можно најдобро е со исхрана да се одржува оти прекумерна употреба на суплементи-посебно од железо верувајте дека е штетна
Јас сум анемична долг период, ми даваа таблети ама многу ми се повраќаше и гадеше од нив и со мајка ми решивме да пробам на природна база да го покачам железото.По препорака на матичниот лекар купивме сируп Маџун(гроздов мед) и го пиев секое утро на гладно, после едно испиено шише железото неверојатно многу ми се качи, толку високо никогаш во животот не ми било.Ама одма го прекинав и по брзо време пак ми падна железото.Сега пак ќе почнам редовно да го пијам на подолг период затоа што доста бев задоволна Плус, освен покачување на железото целосно помага на подобрување на имунолошкиот систем.
Ми има објаснето дека го губам железото поради тоа што немам доволно богата и разновидна исхрана поради алергија на лактоза и сахароза и имам проблеми со желудникот, и се додека железото на подолг период го внесувам преку еве во случајов Маџун ќе имам железо, инаку повторно ќе паѓа се додека не успеам да ја средам исхраната.
Јас пред некој ден почнав со семе од коприва во комбинација со мед, со тоа што не ставам лимон или јаткасти овошја. Насабајле и навечер во шолја за кафе мешам од семето и медот (гледам повеќе да е на семе) и во три залаци го јадам, додека пијам вода (на суво нема шанси да го голтнам, ќе се испозадавам). Па ќе видиме какви резултати ќе има. Другарка ми ми го кажа рецептов, кај неа имаше големо подобрување. Веднаш се примети разлика не само на крвна слика, туку и на коса и нокти.
Јас истото го користев плус лимон имав ставено внатре.Мене хемоглобинот ми беше 95 па ми скокна за три недели на 110.Ако најдеш аронија конзумирај и тоа ,мн е здрава.
Уфф оф копривата си имам трауми хаха. Мене со јогурт ми рекоа да ја пијам, по грдо нешто здравје... ми се лепеше на грлото копривата и нагони за повраќање имав. Ама некако неколку пати некако ја конзумирав. Од тотхемата ми се лошеше имав многу нус појави. Многу лошо на желудникот ми беше од нив. Испив 5 ампули, со цеден сок од портокал нели витамин Ц да се фатело (по 1 на ден ) и матичната ми дозволи да ги паузирам ама во мегувреме бев на режим и јадев се што е црвено и зелено од овошја и зеленчук. Многу брусници, цвекло, магдонос, рузмарин, салати повеке јадев и секако исто битно е и месото, и јајца од прпелица. 4 месеци како се придржувам на овој режим на исхрана и физички позитивно се гледаат промени, не сум изморена, имам повеќе енергија. Следната недела ќе одам да си ја проверам крвната слика се надевам дека ќе бидат добри резултатите.
Луѓе јас имам хемоглобин 116 (120 е долната граница) а серумско железо 3. Докторката не ми даде никаква конкретна терапија, ми рече да земам нешто на природна база. Лани имав 4 железо и примав инкции ферум лек+4 ампули б12, испримав 7 такви комбинирани инекции и после тоа направив контрола после две недели одкако ја испримав терапијата и железото ми беше покачено само за една единица на 5.Сега ми е пониско железото а не ми дадоа ништо конкретно.Пијам фероглобин сируп по 10 мл и витамин ц од 1000 и плус сок (од цвекло,морков,јаболко,мед, магдонос, лимон и портокал и малце ѓумбир ставив, по 1 чаша наутро и навчер) ама не приметувам уште некои ефекти.Постојано имам главоболка, преморена сум, анкциозна,имам болки во мускули,тахикардија, сува кожа и коса, чуствувам трнење в рацете и нозет.Пробав да го направам рецептот со мед и коприва и ставив плус јаткасти плодови и сушено овошје ама некако не е убаво, кога ке му доставам мед во моментот не е лошо за јадење ама ако отстои фаќа на јазик како прокиснато да е.Поцнав да пијам и јајца од јапонска препеллица, по 5 секое сабајле, прочитав на интернет дека за анемија треба да се испијат 240 јајца па да видиме.Стварно незнам како да ја поправам оваа ситуација, докторката ми вели дека не видела случај некој да има хемоглобин а да нема железо,ми вика џабе и да те праќам да се испитуваш нема да зане никој да те оправи.Имате ли некој совет?
Најди од некаде гроздов мед, јас на времето таков јадев, премногу слаба крв имав. Пиев од сокот со цвекло лимон моркови јаболки и мед, јадев башка само гроздов мед и чај од коприва пиев. Од мала до пред две три години ептем имав маки со крвта и при секоја поверка ми излегуваше слаба,анемична. На последниот систематски супер ми излезе крвта. Внесувај повеќе витамини, јади многу овошје зеленчук, посебно цвекло, лимони моркови. Мислам дека тоа е најголемиот лек.
Еден update во врска со темава. Имам пишувано и претходно, бев прилично анемична долги години. Дното го достигнав летово - хгб 65, серумско железо 0.5, сите вредности поврзани со хемоглобин и железо многу ниски, сето останато во нормални граници. Еритроцити во просек, ама празни. На хематологија сакаа веднаш да ме приклучат на трансфузија, да примам крв. Ми се чудеа како стојам на нозе со таква крвна слика, ама искрено, не осеќав некои тегоби, бидејќи со тој проблем се мачам веќе со години. По сите испитувања заклучокот беше дека дошло до анемија поради преобилно менструално крварење во текот на пубертетот и рана адолесценција. После породувањето крварењето ми е драстично намалено, ама анемијата продолжила да се влошува. Ништо природно не ми помагаше, а со години сум јадела се што требало и што не требало, нема што не сум пробала. И природни и синтетички суплементи. Нутриционист ми кажа дека само со храна нема шанси да ја оправам ситуацијата, па морав со суплементи. Ми пропишаа Хеферол капсули со вит. Ц два пати дневно. После две недели од таа терапија хгб ми се покачи на 87, другите вредности останаа исти. После скоро пет месеци интензивна терапија хгб ми беше 130, а серумското железо 20,26. Ги допив преостанатите капсули (по една дневно) и оттогаш немам проверено крвна слика, ќе одам на контрола во февруари. Искрено, не мислев дека овие капсули ќе ми помогнат, бев скептик за хемија, оти имам пробано се што има на нашиов пазар, и скапо и ефтино и не ми помогна. Ама битен е процентот на железо во суплементите, што никој не ти го кажува - колку повеќе има, толку поголем е ефектот (освен ако нема некоја посебна причина за губењето на железото од организмот). Хеферол содржи 120мг елементарно железо, наспроти Фероглобин (како пример го земам) кој содржи одвај 20 мг железо. Да резимирам - најбитно е да се открие причината за анемијата, па да се делува. Инаку џабе е внесувањето храна и суплементи кои немаат ефект. За моја среќа, кај мене причината ја снема, фала Богу, па со турбо терапија се доби саканиот резултат. ЕДИТ: Имав симптоми: чести главоболки, лошо расположение и хроничен замор. Откако ја оправив кс, имав вртоглавици (сега не), косата почна да ми паѓа многу, и ноктите многу ми се кршат, ептен. Ама ќе го средам тоа
Кај мене има подобрување откако го исклучив глутенот. Секогаш железото ми беше 2-4, по интензивна терапија со Тотхема од 3 месеци последниот пат се крена до 7, ми рекоа дека тоа е доволно за мене и ја прекинав. После еден месец иста песна... Немав направено анализи 1 година, а веќе 8 месеци бев без глутен. Последните анализи излегоа со железо 15, што никогаш не се случило, ни после терапија. Направив и анализи за Б12, малку е под границата, но не е страшно. Уште се чувствувам замаено за време на циклусот, но далеку подобро од порано. Кај мене најверојатно тоа беше причината. Уште да успеам да јадам (и пијам) повеќе зеленчук, уште подобра ќе бидам.