^^^^Кај тебе веројатно е проблемот во ресорпцијата на железото во тенкото црево, поради нетолеранција на глутенот. Во тенкото црево од ресичките се лачи т.н intrinsic фактор што помага во ресорпцијата на железото, а за тоа е потребен и Б12. Плус што велиш дека со безглутенска исхрана имаш подобрување на состојбата - веројатно нетолеранцијата на глутен довела до намалено или изостанато лачење на интринзик факторот поради оштетување на ресичките. Мислам дека не е страшно, само што ќе мора да бидеш на безглутенска исхрана голем дел од времето. А тоа не е така тешко да се постигне. Барем мислам
Не беше лесно на почетокот, ама сега не е проблем. Подобро нема да јадам кифли отколку да пијам Тотхема за џабе секој ден. Одвреме-навреме ќе каснам некое залче (еднаш месечно), колку да не го одвикнувам организмот скроз, и ми требаат неколку дена да се вратам во нормала.
Спирулината ја препорачуваат за анемични иако сепак неможе да ја задоволи таа потребна количина на железо, но како превенција а и заподобрување на веќе анемичните мислам дека е многу ефикасна, мислам е едно од најстарите растенија воопшто на планетава земја и содржи разни нутрициони вредности потребни на организмот. Јас купив спирулина таблети,е сега нормално подобро е свежо, но малку се непријатни за јадење пошто всушност се алги а имаат непријатна арома а и не сум сретнала у нашиве маркети такво нешто, така да ги има како таблети, како капсули и во прав мислам, во било која аптека
Со оглед на тоа што во нашето семејство анемијата е главна тема сакам да ти кажам неколку работи. Прво-тоа серумскоро железо што се испитува во лабораториите никој не може точно да го измери бидејќи во текот на денот постојано варира, а и само посебе не е индикатор за присуство на анемија. Втора работа хемоглобин со вредност 116( доколку континуирано не паѓа), не е причина за примена на терапија (на хематологија - Скопје, референтните вредности за хемоглобин почнуваат од 110, за разлика од нашите локални раборатории каде почетната граница е 130). Секој организам си е различен ако некој функционира со железо 29, не значи дека друг нема исто добро да функционира со железо 4-5, хемоглобинот е тој што е важен. Така да нема причина за загриженост храни се со многу овошје и зеленчук, пиј сок од цвекло, вежбај, сончај се умерено и немај гајле, а ако си толку загрижена можеш да испиташ ниво на феритин во крвта тоа ти е складираното железо во организмот што многу подобро кажува колку железо имаш во организмот за разлика од ова серумското железо! Поздрав
Примал ли некој крв? На мајка ми и е многу слаба крвта, до толку што и рекле да прима крв.. Незнам дали има последици ама јас многу се вознемирив кога ми кажа
Ако не се чувствува добро поради анемијата, трансфузијата е дел од лекувањето. Зависи и колкав и е хгб, серумското железо и останатите вредности поврзани со тоа. Јас требаше да примам крв, меѓутоа одбив и со класична терапија ги зголемив резервите на железо во организмот. Зависи и што е причината за анемија. Ако мора да прима крв, нека прима, можеби ќе и помогне повеќе отколку класична терапија со суплементи.
@Annath друг доктор и рекол дека нема потреба од трансфузија и и препишал да прима системи за подобрување на железото. Инаку во крвта слаби и се многу леукоцитите и железото.
imam mnogu vrtoglavici i toa stanuva se pocesto, dali sum slabokrvna ili od nesto dr e? i sega treba da si ja proveram krvta :/
Само лекарски преглед може да ти помогне да ја утврди причината за вртоглавиците,може да е од многу пфактори а и од најактуелниот во денешницава,спондилоза,како резултат на дремење со наведната глава на соц.мрежи.
hmm.. pa i ne dremam jas po cel den sum aktivna i ne se zamoruvam mnogu a i koga ke mi se stemni pocnuvaat i usite da mi zujat a i majkami vika cim mi zujat mozno e da sum slabokrvna i vo ponedelnik treba da odan da napravam ispituvanja
Девојки имам анемија уште од раѓање, поточно бета таласемија (недостиг на хемоглобин, а нормално железо).Единствено нешто што примам како некоја терапија ако може и така да се нарече се ферумлек таблетите кои ги пијам после менструација.Подобрување на хемоглобинот нема, никогаш не ми бил повеќе од 110.Исхраната не ми помага којзнае колку.Јадам цвекло, месо, леќа, спанаќ, мед со семе од коприва, домати..но ништо посебно, хемоглобинот може да се покачи само за 3-4.Лекарите велат дека толку е нормално, повеќе не може.Е сега не знам колку и зошто е тоа така. На секои 6 месеци редовно одам на контрола во Скопје и секој пат е истото.Не ми препишуваат ништо друго.Друга работа е што сум спортски активна и честопати чувствувам замор, напнатост и брзо чукање на срцето.Матичната ми рече да ги намалам активностите и да одам на ехо на срцето, не дај боже да не имам тахикардија. Знаете ли нешто што би ми помогнало да хемоглобинот ми биде барем малку над минималните граници? Ако некој има слично искуство нека го сподели, ќе ми биде од корист многу на мене, а и на останатите.
За која форма се работи? Претпоставувам дека е бета таласемија минор - поблагата форма. Вообичаено не се презема ништо за терапија на оваа форма. Инаку може со трансфузија на крв да се подобри состојбата, ама тоа е привремено. Не ти кажале што всушност е таласемијата? Се работи за наследно крвно нарушување во синтезата на хемоглобинот и голема деструкција на црвените крвни клетки, неможност за добар пренос на кислород до сите ткива. Бидејќи е генетско нарушување, трајно излекување би можело да се постигне со пресадување на коскена срж. Инаку таласемијата е прилично честа на овие простори, конкретно медитеранските земји ( и ние спаѓаме во земји со висока честота на таласемија).
И јас сум слабокрвна, пред некој ден бев пак 113, имам црвени крвни зрнца, ама хемоглобинот под граница. Вака ми е веќе 3,4год и матичната само се чуди како имам доволно црвени зрнца а нема железо. Каде можам да испитам шо може да биде причината за анемија ?
Не ми кажаа, тоа ме мачи.Од една страна мислам дека нема ништо сериозно за да ми кажат, но од друга ми идат црни мисли.
Овие вредности се за лесна анемија, т.е лесна феродефицитна анемија, бидејќи не е којзнае колку под нормалните вредности. Со цел да се постави сигурна дијагноза на сидеропеничната (феродефицитна) анемија, потребно е да се одреди серумското железо, како и тоа дали постојат резерви на железо во организмот. За сидеропеничната анемија е карактеристичен наодот на ниско серумско железо, зголемена вредност на трансферинот (TIBC) и на трансферинските рецептори. Најчеста причина за анемија е крварењето. Провери да немаш хемороиди. Истотака и миомите на матка може да предизвикаат анемија, најчесто се јавуваат кај жени околу 30-40 години, но не е на одмет да направиш и ехо кај гинеколог. Друга причина е намален внес на железо или зголемена потреба од железо (деца, трудници) или пореметена апцорпција на железо во цревата. Повеќе зелен зеленчук, кај децата со анемија се препорачува да се вари месо заедно со зеленчук и да се пие витамин Ц, бидејќи тој помага во врзувањето на железото.