Гласајте за СДС или ДПМНЕ. Вистина, 30 години ве заебаваат, ве крадат, ве рекетираат, ги оставија вашите родители на улица боси, си лапаат тендерчиња, си делат работни позиции и стипендии на нивните деца и членови. Ама од кај знаеш можеби овој пат навистина ќе сменат ништо, заборавете ги сите минати афери, криминали, местени тендери, 6.000.000 ЕУР во џеб, шверцување на закони и силување на Устав, беззаконие, два режима еден по друг. Ама што и да правите никако не гласајте за Апасиев. Он е дрзок на социјални мрежи.
Не гласам, мојот глас е скапоцен за овие истите. А не се очекува ни понатаму ништо подобро, само за своја цел си користат. Како ќе им кажат од горе така ќе биде..
Незнам дали да гласам. Моите ќе гласаат. Едниот ја продаде цела држава другиот си ќутеше и велеше: "Јас сум уценет човек, не ме прашувајте мене." Се двоумам дали сега да гласам или да чекам на следните.
Не знам дали да гласам и не знам ни па за кого да гласам. За Левица или за Интегра, за оние другите нема шанси или пак да го поништам ливчето. Личната карта ми е измината, ако одам да гласам со пасош ќе гласам.
Подобро дрзок него некој да ти милува коса доека ти збрцува нож у граден кош. На сите дебати апсолутно се што има кажано е во право. Да, можда нема став или добар начин да го презентира тоа, али вистина е вистина, и вака и така ќе боли
И јас баш то забележав. Доста од комшииве од маалото уште рано-рано тргнале да гласаат, а си помислив можеби вирусов ќе ги исплаши.
Гласав уште сабајле. Машала кај нас се гласа. Од она што гледам и 'слушам' некако како само вмровците да искачаат. Бар до сега е така.
Апасиев бил дрзок, имал долга коса, носел црни маици, фонтот на Левица бил лош. Се бара било каква причина само да се рационализира негласање за Левица*. Тоа што Заев, Оливер, Рада, Анѓушев, Димитров, Мицковски, Али, Груевски, Мијалков, Талат, Бранко, Љупчо, Бучковски и останати "великани" на македонската политика 30 години си играат к*р ми е - двор ми е со сите нас не е битно. Го чекаме Годо да дојде да гласаме за него. Спојлер: За тие што не ја прочитале книгата Годо никогаш не доаѓа. *Океј, имаат доста глупости во програмата за кои не се сложувам а и секогаш постои опцијата дека ќе се шитнат за 30 сребреници (од друга страна секогаш постои и опцијата дека ќе бидат токму тоа што и е најнеопходно на нацијата) ама од сите причини кои сум ги видел зошто да не се гласа за Левица најбедни ми се оние кои ги напишав на почетокот од мојот коментар.
Што се однесува на Апасиев. Никогаш не ми оставил добар впечаток, од сам старт ми е антипатичен. Бил малку дрзок, ама ја кажувал вистината. И јас ја кажувам вистината, а не сум ни дрска. Ги исполнувам и двата критериума, гласајте ме мене. Чисто од психолошки аспект гледам. Ако некој се кандидира за озбилна позиција, а е толку импулсивен да не може да се воздржи да поентира без навреди, нема да е соодветен кандидат. Позицијата со неа носи одговорност за донесување битни одлуки. Не верувам дека импулсивен човек може да донесе прави одлуки. И нас сите тука на форумов не нервираат многу работи, па повеќето се воздржуваме од навреди, чисто од култура. Се изјаснив дека не излегувам да гласам, само многу ми е тажно колку ниско се паднати критериумите.
Никогаш не сум била по партии, ама шо прочитав ВМРО најдобра опција? Молам? Тие се покажаа убаво 12г така нешто како беа, не видовте шо правеа. Да не се лажиме мислам. Многу убаво ги видовме и другиве за 3г ужас невиден. Не планирам да одам, ако случајно појдам, се ќе му ишкртам, мрш таму.