Гости сме од 2001 година наваму. За тоа нема спас додека не се подобри демографската слика на Македонците, а тоа е невозможно, тоест нема што да очекуваш кога имаш тенко мнозинство. Демографски личиме на Босна, не се занесувајте, Босна е федерација, а Македонија е унитарна држава само на хартија. И ВМРО нека не се прават патриоти, тие амнестираа терористи, го направија Талат министер за одбрана, во нивно време Кичево доби градоначалник Албанец итн. ВМРО се далеку од патриоти. Реков не е ни Максим нешто за гласање, ама подобро него би го гласала од другиве.
Гласај за Максим и му асистираш автоматски на Дпмне за составување на влада после избори . Гласачкото тело на Дпмне го поддржа на локалните во вториот круг пред 2 години и му врачија нов мандат сега е време да им се разборџи на овие избори и да им помогне во составување на влада со тоа што ќе откине гласови од Сдс исто и Лдп најверојатно настапуваат сами на овие избори имаат нова претседателка а на локалните исто кридешкум ги подржаја сите кандидати на Дпмне во вториот круг така да и од нив очекувам да коалицираат со Жмицко. Левица веројатно ќе останат неутрални и надвор од влада така да уште од сега можам да намирисам коалиција Дпмне, Дуи, Знам и Лдп
Море ако ме мрзи, на ден на избори нема ни да излезам. Вчера Тимчо вели ќе коалицирање со албанската опозиција. Офф, па нели тие бараа дводомен дом, промена на државни симболи и во уставот да пишува албански јазик, а не 20%.