Додека не излегуваме нема ни да има вистинска трета опција, само овие две ќе се менуваат. Не се подобруваат работите со неизлегување. Има лошо и полошо. Во моментот сме на полошото.
Како ќе изникне трета опција ако излегуваме? Прво треба да се појави за да ме поттикне за да гласам, вака Курто и Мурто 30 години се шалтаат
Јас не гласам,сметам дека мојот глас и јас не ни доликуваме на вакви политички игри.Јас себеси се сметам за многу паметна како човек,интелегентен,образована, способна,со изграден став и цврсто независно стојам на мојот став и достојно на себеси. Само што гледам неправди околу мене,изградени на политичка основи.Но,јас ќе го променам сево ова.Во иднина сакам да бидам лидер!
Мда... Нема подобра опција од неизлегување. Само со неизлегување можеш да им покажеш на партиите дека ни една не ги исполнила твоите очекувања.
Има разлика помеѓу неизлегување и поништување, ама нема разлика помеѓу моето гајле при неизлегување и поништување.
-Ало Добар ден, правиме телефонска анкета за изборите па дали би ни кажале за кого ќе гласате? Да да секако дека ќе гласам -Во ред, ама за кого ќе гласате? па, се мислам помеѓу Горан Пандев и Кирил Лазаров -Ама господине нив ги нема на листата?!? Е ако де, ќе ги допишам на ливчето Кога веќе би гласал тоа сигурно ќе биде еден од овие двајца великани, најголеми амбасадори и оние по кои Европа и светот не знае и не памти по нивните успеси и величини. Е сега ги бројам титулите и успесите за да изберам кој од нив двајца! НЕМА ИМЕ НЕМА ГЛАС! Од мене толку!
То е целта, и здравите да се исплашат, да има помала излезност и поразот на владејачката партија да биде од помали размери. Дил има зајко со мицко под покровителство на америчката амбасадорка. Правото на глас треба да го оствари секој граѓанин кој поседува валиден документ, волја да гласа и психички се осеќа добро. Овие хоштаплери проширија вирус, оневозможија нормализација и сега избори ќе организираат. Избори да не им излезат ко ифтари, знајме како држат тие се под контрола. Колкав кластер на позитивни имаше во владејачката партија. Избори.... ******************************* Не се плашам од вирусот многу ( иако ми е шубе на гласање да се појавам во време на епидемија ) бидејќи нели не се пренесува лесно кај тој шо си внимава Само нејќам да им бидам потрчка Избори треба да има ко ќе се условите соодветни, а не ко ќе им одговара појќе за нивните манипулации. Така да јас ќе размислам убаво пред да дојде мигот дали ќе отидам или не....
Дадада, оној кој што го критикува Сдсм за мерките, а при кршење на истите,вели не ги знаел мерките целосно. Абе циркус
Се прашувам што ќе остане од Македонија после новите уцени од албанските партии после изборите. Уште што ќе им дадат нашите само за да бидат на власт. Факт е дека се напикани на најважните функции и тие ја грабат државата и одлучуваат за македонското мнозинство.
Не дека има некој избор ама пак ќе одвојам 5 мин да гласам, за кого незнам али СДСМ дефинитивно не. Реално сум тотално незаинтересирана и смачено ми е да слушам за политика, али влијае во нашата држава. Излезете, гласајте, поништете ливче ама не седете дома и кукајте. Шанса е за промена, сега не е загарантирана ама барем ќе пробаш, од дома дефинитивно ништо не менуваш. Едит: гледам многу пишале немаат време, гајле им е, имаат попаметна работа, ај средете приоритети, едино ако не живеете во државава. И за името нели не излеговме и кој не шиша, еве не северна. Размислете кој ќе трча да гласа и што ќе биде ако победи?
Би излегол да гласам за трета опција, но и таа трета опција партии не ми се баш за верување. Размислував за Левица, но потоа дознав дека Апасиев бил дел од Специјалното Јавно Обвинителство, лидерот на Интегра учествувал во спроведување на Рамковниот договор од каде произлегоа сите проблеми на Македонија, последно гледав излагање на лидер од една мала партија, но тој не е многу експониран во јавност и не сум многу сигурен. Од друга страна пак, луѓето во Македонија, се разочарани од последните парламентарни избори кога со измама СДС дојде на власт, па следеше референдумот каде повторно не се послуша гласот на народот и против наша волја го сменија името, потоа локалните избори кои не беа многу веродостојни, за со претседателските избори да се достигне врвот и Стево да биде избран со најмал број гласови од народот, најмала излезеност на избори. И тоа е сосема нормално луѓето да немаат никаква доверба во нашиве политичари и да не сакаат воопшто да излезат да гласаат. А тој мал дел што остана и што би гласал се сеуште поделени помеѓу двете најголеми партии и тоа е лошо. Мислам дека нас ни треба трета опција, која било од малите партии да дојде на власта и да се ослободиме од партиите кои 30 години ја крадат Македонија и на секое поле ја уназадија. И мислам дека ако Заев повторно победи, оваа држава нема уште многу да трае.
Рефреш, сакам да видам повеќе гласови. Ако има некоја партија со добра програма, а некој е запознаен може да сподели. Ептен не знам што се случува во помалите партии, па добро е некој да сподели мислење. За гласањево знам за кого нема да гласам, а не и за кого ќе гласам. Инаку, ќе гласам па дури и да направам погрешен избор. (Програмата за партиите да се однесува на некоја различна од СЕДЕС и ВРЕМЕВО).
Мислам дека е на Љупчо Ристовски, ако не грешам Сигурно сте го виделе по телевизиине, до сега милион пати бил на Само вистина и други слични емисии.
За никој нема да гласам, се мислам и дали да излезам воопшто. Гласот ќе ми го искористат, ама и онака све е испланирано пред време. И за каква историја зборите бе дечки
Denes Boki 13 samo go potvrdi ona sto site go znaeja deka bez amin na Zaevi nema nisto vo Makedonija. Rekaratska Vlada
Немам намера ни за едни ни за други да гласам а поготово во ситуацијава ни да одам до гласачкото место