Мицкоски еднаш изгуби гласови зашто ја кандидираше Гордана Силјановска која е некогашна соработничка и министерка на БЦ и која не искажа драстично различни ставови од Пендаровски Сега ќе пропушти гласови зашто прифати да се организираат избори во екот на епидемијата Аман бе чоеков.... Можи да го згази онај муртињо на избори ко ништо а учествува во тактики како да му помогни....
Од полнолетство па наваму на секои избори го користев правото на гласање, ама во тек на пандемија по ниедна цена нема да излезам, нит па ми е јасно како на луѓево им се оди да гласаат.
За ГДУ! Не е наведена во анкетата но сум и голем симпатизер. Постојано ги следам по фб и реално се замараат со секој проблем на граѓаните и даваат идеи. Потоа почнаа да излегуваат видеа од лидерот на партијата Колев дека е бугарин и дека има лошо зборувано за Мк, но после некое време Колев разјасни дека тоа било пред 10 години и истата емисија била хумористична. Важно актуелни се во градот кај што живеам и има мн заинтересирани за нив. Ми се допаѓа најмногу тоа што големите партии мало ДПМНЕ И СДСМ се плашат од ГДУ. Затоа ќе ги гласам гду
не би ти препорачал да гласаш за таа партија и тој човек, го имаше во една емисија, тој е скроз продаден македонец без срам и перде
Мислам дека во анкетава треба СДС и ДПМНЕ да се наведа како една иста партија, ако гласаш за едните, како да гласаш и за другите, бидејќи нивните кадри се измешани меѓу себе и водат една иста глобалистичка политика која е погубна за Македонија.
Искрено ни едните ни другите, никогаш не сум била по политиката ама СДС дефинитивно треба да се сменат, ако се на власт уште еден мандат не сакам да знам кај ќе бидиме. За жал мислам дека СДС ќе победат, референдумот за името пропадна па пак го сменаја, ние не имаме демократија туку десничарски тоталитаризам и не ги интересира како гласаат граѓаните. Според мене изборите намерно се договорени на 15 Јули бидејќи поради короната и луѓе што секогаш гласаат нема да излезат и ќе се направи манипулација со гласовите.
denes na net naletav na eden zboruvase za 12apostli , nesto biblii i sl raboti, realno smesno mi padna odma iskljuciv i go izgubiv a ne primetiv od koja partija e osven sdsm i vmro dr partii neznam ,ne pratampolitika , pa ako nekoj mu tekne za koj prasuvam da mi kaze od koi e
Се согласувам со тебе. Веројатно тоа е целтта ги брзаат изборите за што помала излезеност да има, а можеби се манипулира и со бројот на заболени само за да се создаде страв. Заев стана експерт со манипулација на гласови.
Првично мислење ми е дека нема да излезам на гласање, евентуално ако се предомислам у 5 до 12, би гласел за некоја трета партија, не за првите две што се на листата погоре.
Како што гледам низ интернетов и луѓето што би гласале за трета опција се поделени помеѓу Левица и Интегра
Ќе излезам и ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ поарно тие однего СДСМ на власт барем колку толку бааѓи работи направија во претходниот мандат, а и не се чуствував како граѓанин од втор ред. Овие другиве се поставени да е уништат државата за начисто... Секој ден само рекети излегуваат и кој знае што уште ќе излезе до избори.
Не очекувам да го вратат името, може да ти набројам 100 други причини зошто ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така и СДСМ повеќе нема никогаш мој глас (а и од моја фамилија) да добијат.
А промената на името што ни реши и спектакуларно ни подобри? Ќе излезам да гласам баш како што спомна некој погоре дека намерно се избрза со избориве во време на пандемија, да се плаши народов да не гласа и да се злоупотребат празните ливчиња. Епа моето гласачко ливче и на моите поблиски нема да доживее таква судбина.
американците како ќе кажат, така и ќе биде. Не сакам да сум во право и не дај Боже, се мислам дека албанец ќе биде премиер и после може комотно за химна да си ја прогласиме како је лепо бити глуп