Некако цело време анкетата е ВМРО дупло повеќе од СДСМ СДСМ дупло повеќе од Лецива *Во превод ќе го папа Зоќе.....
Дали мислите дека објавувањето на голем број на заболени секој ден има за цел да ги уплаши луѓето и да има што помала излезност и дали рекламирањето на малите партии посебно Интегра и Левица има за цел да ги одземе гласовите што би биле за ВМРО?
Името секако ќе се менеше ако така решиле надвор некаде во центрите на моќ. Ништо не одлучуваат гласачите, маса обична. Вмро победи пред четири години и шо дека. Ем пратенички мандати им одзедоа, ем влада не формираа ем ќутеа цело време во опозиција послушно и уценето.
Да. Со план, затоа што точно се знае колка е излезеноста, доколку останатите висока бројка заразени. Ќе. Гласаат смамо тие што се партиски активни, и тие што се уценети или поткупени. СДС вработи во администрацијата за 3 години 40к народ. Од февруари досега работи на поркуп за голем дел од социјалните случаеци. Со ова се надева дека ќе обезбеди сигорно гласачи. А ги отпиша неопределените бидејќи знае дека никогаш повеќе нема да ги гласаат. Интегр, Македонски концепт, ГДУ сите тие се креирани само за да се скрати некој глас на ВМРО-ДПМНЕ
Усвари, повторно како и претседателските немаме некој избор, СДС нема шанси да би ги гласал, ВМРО не сакам бидејќи гледам дека се поврзани со СДС и имам сомнеж дека само ќе биде продолжение на се што започнаја овие. А маливе партии наместо да се спојат и заедно да се борат против големиве тие ништо. А со не гласање не се прави ништо. Накрај испаѓа дека и да гласаш и да не гласаш исто. Цели 30 години се соочуваме со нелогичности и глупости и само тонеме, после се изгледа ние сме еден експеримент на Балканов кој се спроведува според план и има рок на траење.
Пак луѓето ќе излезат и ќе гласаат кој како смета дека е најразумно според него, бар ќе гласаме тие што не интересира иднината на државата.
Дали сериозно тука луѓе ќе гласаат за ВМРО после кампањава што ја водат??? За што ќе ги гласате бе, ало?! Не планирав да гласам ама од коа ја видов шпицата за избори со виршлите се присетив какво зло џвакавме 11 години, станавме затуцани, ми се повраќа од вмровската естетика, се надевам дека нема да го доживееме истиот хорор пак! Дечки, освестете се!!!!
А другите бомби ги слушна? Оние за вашиот лидер и Камчев? Тие нешто не ви идат во прилог каде Мицкоски скичмен се заблагодарува за ќешчето за плаќање на долговите додека го крадеа народов 11 ебени години? У право си, шути и рогати сме, али тоа е поради владеењто на ВМРО и ќе ни требаат минимум уште 7 години да се оправиме од штетите кои ги нанесоа. Што пиете бе, нафта?
На овие избори за Левица дефинитивно. Треба малце освежување на политичкава сцена, доста беше од курто и мурто. Апасиев заслужува и тоа како место. Млад, образован, и мислам дека би им го реметел раатот на големо на поголемиве партии. Ако влезе некој образуван и млад човек може тоа да привлече и други посолидни кадри, имаме еден куп брилијантни умови и капацитети во државава, не сме дотолку отепани за да премиер и херој ни биде некој што не може еден факултет да заврши. Да се фатиме малку макар и пасивно да работиме на вистинска демократизација (или барем да се обидеме).
Си имаш право на свое мислење и тоа е во ред,меѓутоа јас не се сметам за шуто и рогато па затоа не го ни гласам. Политичар е,а за тоа треба да имаш бар побогат речник ако не друго. За мене горенаврдените зборови,суетен педер,паламуди се доволна причина. А да не навлегуваме подетално од типот на промена на Устав и Име, следно е одрекување од Македонскиот јазик и историја давајќи им се на дланка на Бугарите,главен на рекет....уште ??
Според последните анкети СДСМ и коалицијата водат пред ВМРО за окулу 4% повеќе според гласови. Реална анкета не овде на форумов.
А како заклучи дека тие анкети се "по релевантни" и "по веродостојни" за разлика од оваа анкета? Врз база на што го темелиш твоето мислење? Јас колку што знам, ако грешам нека ме корегира некој, оваа анкета тука не може да се "наштелува", за разлика од тие другите, каде се знае, кој повеќе ќе кешира е во водство. Сепак и тука се изјаснети околу 230 членови, без разлика кој како гласал