Не ми одговори зошто оваа не е релевантна? Не станува збор за тоа кој е во водство, и кој ја направил анкетава.
Пак ми вртиш како "киша око Крагујевца". Од каде си сигурна дека некоја Х анкета нарачана од партија или невладина организација, каде што има "1000+" испитаници е поверодостојна од оваа.. Знаеш колку киксови имаше на анкетите за референдумот, излезност на повеќето имаше над 50,60%, па на крај и не беше баш таква состојбата.
Анкетата на форум фемина за излезеноста на референдумот беше најточна од сите други што беа направени тој период. https://makfax.com.mk/makedonija/погрешни-сите-анкети-за-референдумот/
Па и таа со претсетаделската беше дека ќе тепа вмро па видовме, тука прашање колку има луѓе како Колумбо што гласаат со фејк профили итн... Ќе се види на избори кој што има излезеност и ќе се знае, анкети било на форум било у живо никогаш не ми биле веродостојни.
Ако добро се размисли и таа Претседателска анкета што е направена овде на форумот е точна. *Изборната победа на Пендаровски му ја донесоја албанците, освојуваше премногу гласови во чисти етнички средини, а додека во македонските средини скоро секаде победи Силјановска...... а на форумот и нема баш голем број албанци, така да ако се искалкулираат нивните бројки ќе дојдиме до точна анкета
Нови аудио „бомби“: Јанушев зборува за обезбедени гласачи, се заканува за физички напад за нивна колешка од општински комитет за која вели дека ќе и удри „бокс во фаца“ https://www.slobodenpecat.mk/novi-a...so-janakieski-se-zakanuva-so-fizichki-napadi/ И шо викате, за ВМРО ќе гласате?
ДПНЕ имаше долги години, и мал милион можности да покаже дека нешто сака да подобри, или да смени, за подобро. Веќе се прочитана книга, како и СДСМ. Целиот македонски медиумски простор е опседнат со овие две партии. Не ми се допаѓа СДСМ поради мн киксови кои ги направи, и маркетингот не им е нешто поарен од оној на ДПНЕ, а тој на ДПНЕ, јас не гледам ништо освен критики кон СДСМ. Како мали деца, кога две дечиња се скарани, па едново ги убедува другиве да не се дружат со него. Дно дна. Друга работичка е што албанците сеа тука пак ќе влезат во игра, за една од овие две мизерни партии да направи влада, ќе им се упикува на нив. Или пак може ќе се случи чудо, и две Македонски партии би формирале влада. Зошто да не Левица и Интегра, политика е тоа. 30 години со едни исти фаци веќе државава станува мизерна за живеење.
Да, потполно се согласувам, но луѓево во Македонија се сеуште под големо влијание на телевизиите и големиве партии имаат многу луѓе партиски вработено, така да обврзуваат голем дел од населението да гласа за нив. И јас би гласал за Левица, но таа нема потенцијал да освои многу гласови, нема сила за да ги симне СДС од власт, исто и другите мали партии. Сега треба да бираме помеѓу две докажано лоши партии кои многу ни наштетија како држава. Затоа можеби е добро да се гласа за ДПНЕ само за да се тргне СДС од власт, а потоа да се планира за понатаму. А со не гласање не се постигнува ништо, пробавме со не гласање за референдумот и си го добивме, сега изговорот им е дека немало доволно гласови против. Некако мислам дека иако има големо влијание од странство за тоа кој ќе биде на власт, голема улога имаат и гласовите на народот.
А зошто малите партии не се соберат сите на куп во една голема партија ? Интегра , Левица , Македонски Концепт итн . Можеби сепак ќе го свртат народот кон себе , ако се една голема партија . Вака , со ова темпо , никогаш нема да ги симнат ВМРО и СДСМ од власт . А тие пак , само меѓусебно ќе се менуваат , и така уште 30 години во круг . Ниту ќе се реформираат тие како партии , ниту народот ќе има избор за гласање за друга партија освен овие двете . П . С . Јас ќе го направам неважечко . На никој не го давам својот глас . Ниту едните се таман , ниту другите . Све тоа лудо и забегано .
Баш би било интересно да се "обединат" Интегра и Левица.. *не може да се соберат на куп зошто прво се идеолошки скроз различни. Едните се про НАТО,другите се против...