Сите мали десно ориентирани партии овие избори имаат за цел да го цепкаат/ситнат ВМРО. Нешто слично избори наназад како што правеше Народна и брат Љубе. *Дадени им се премногу пари, а со тие пари тераат кампања по ТВ, портали, билборди..... кога во минатото малите партии се рекламирале толку многу?!?!?!?
Тотално ме разочара Интегра, мислев дека барем малку имаат чесни намери.... а тие класично одработуваат за СДСМ.... ветуваат толку многу нереални работи.... пруги низ цела Македонија(нова делница Куманово - Берово) вселенски станици...... Ова им е така намерно направено за да лажните ветувања на СДСМ во споредба со овие ветувања да изгледаат како пореални.
Прво сакав ливче да поништувам, но сега одлучив за Левица да гласам. Ми изгледаат како најпаметна опција и редно е да им се даде шанса на други партии наместо на двете најголеми.
Само за Левица, ко и сите избори до сега Ама за маркетингот на Интегра симнувам капа, од нигде никаде сите ги дознаа и ги зборат
Aј една прогноза пред да почне молкот Сдс оди во опозиција со максимум 45 пратеника, а се надевам и мнооооогу помалку. Се надеваат многу на албански гласови во петка и шеска, ама ја мислам ќе изгласаат за албанските партии албанците овој пат. И можно е исто пратеници со вмро да имаат еве нека е и еден плус за сдс во овие изборни единици, пак не е таа разлика на која се надеваат сдс. Во градовите со мнозинство македонци освен Струмица, не гледам каде не би изгубиле со барем 10% разлика. Имаа околу 430 илјади на претседателски со едно 130-140илјади албански од дуи, беса. Незадоволството е поголемо од лани за мене изненадување ќе биде ако одат над 300 илјади, некој максимум од 320 илјади еве нека е горна граница. Дпмне барем 50/околу 50. Во нормални околности, со нормален лидер кој ќе излезеше гласно пред сите циркуси од сдс, избориве ќе беа рутина. Вака и да освојат колку шо прогнозирам пак ќе има натегања дали влада ќе формираат или заев покрај беса, ќе ги собере и дуи и алијанса ќе им даде се. НА претседстелски имаа 380илјади гласа втор круг но тогаш беа двајца кандидати. Ќе се расцепкаат гласовите сега, но пак очекувам блиску до овој резултат, барем 360-370илјади Левица ќе има од 2 до 4 пратеника ДУИ не повеќе од 10 Алијанса барем пратеник два плус од ДУИ(сетете се секаде на локалните беше тесна разликата се додека сдс во втор круг не гласаше за кандидатите на дуи. .
Гледам паметни луѓе планираат да гласаат за Левица, па ве молам ѕирнете го прво малце низ твитер Апасиев. Ова му е последниот бисер, споменатата е иначе новинарка дописник во Брисел која деновиве е преплавена со смртни закани и закани за силување од националистички насилници ради некој спорен твит у кој ги тригернала околу новото уставно име. Човекот е дрзок до немајкаде и тотално забеган у филмови што се сѐ само не прогресивни и левичарски, за тоа збори и поддршката што ја има од тешки националисти и истата ја прифаќа и тој и другите нивни кандидати. Мене искрено уште ми е срам што пред 4 години гласав за нив. А на Интегра дрогите им ги сакам, од една страна ко секташи рецитирале заклетва над Библијата, од друга во програма ни економија ни здравство ни образование имаат, него директно астрономски опсерватории ко приоритет... Од тоа што нѐ бомбардираа и на твитер и реклами sponsored по остали мрежи, од први до последни сите ми се бруки и циркузи сосе малите партии, не гледам надеж за нормална трета опција. Би поништила ливче, али у овие околности со пандемијава нема шанси да искочам утре воопшто.
Пред да и кажам на мајка ми дека овој Апасиев е професор на факултет, на мајка ми и личел само за уличар. Се зачуди кога и кажав што титула има Инаку и јас и моите нема да излеземе на избори. Нема за кого да се гласа, плус Коронава дополнителна причина за седење дома
Таман ќе помислиш, конечно “трета партија” влезе во играта, ќе се избацат со вакви мислења. До кога ќе тераат со оваа меѓусебна омраза не знам, исто така не знам шо сакаат да постигнат со тоа.
За еСДееСеМ не би гласала во никој случај.. За ВеМеРО-то па ич.. Кога би одела до СК само за да гласам, би гласала за Левица па колку сака нека е забеган.. овие погоре споменативе да не се подобри..како не АМА нема да одам за СК утре.. туку во четврток. Да ги видам како слават Се зезам имам бирократски работи..иначе што би одела еве на
https://m.mkd.mk/makedonija/politika/izbori Собери ги гласовите од сите албански општини тука, имаш околу 90 000 разлика. Тоа се гласачи на ДУИ, АА, ДПА, БЕСА. Од тие 10% нема да гласаат за нив сеа
Аа тие не ги можам .. Кога го видов проектот за кокино.. боже сачувај.. А за лудаци... јас не верувам дека има некој што не е лудак а е во политика
Телепатски ќе гласам за Интегра Голема позитива ми се , нели овој љупчо беше поп? Како вака свештено лице со такви страсти? Државава вода во очи нема он ќе лансирал сателит во вселената , мисламм